Едноставно закон беше ... Се изнаигравме и изнаслушавме добра музика.
Иако картите ми беа за терен-запад сепак не пуштија од обезбедувањето во Fan Pit што сметам дека беше многу не фер за оние кој си имаа купено карти за него (750 денари разлика) , ама тоа е ... Македонска работа.
Не велам дека не ми одговараше.:back:
Jaс за малку ќе ги шармирав со мојата ретардираност
Но и така имав фан пит карта,единствено да побарав да се качам на сцена :pos2:Ех,среќлијо.
Едно ќе кажам- од сега па натаму
живеам за концертни моменти,ништо друго.
Звукот на гитарата која ти го прободува увото,еуфоријата која владее околу...непроценлива.
...па нека си чуваат другите парите за да си купат пар нови штиклички и блузички.
Јас ќе трошам по концерти
На Оye como va мислев дека ќе полетам од среќа.
Мило ми е што беше испеана и Corazon espinado.:back:
Сантана беше вчудоневидувачки точен,во 9 и 3 мин јас веќе скокав на Into the night,се изненадив,мислев дека како секоја ѕвезда ќе доцни бла бла.
Задоволна сум и од околината која ме опкружуваше,сите си бевме погодени,различни генерации а сите сплотени од музиката на Сантана,еден крева раце,сите креваат,еден почнува да пее Imagine,и за моја среќа и задоволство,цела средина пее
Колеги на место.
Прекрасно,главава ми пука после подетално ќе опишам како беше,ако успеам да доловам нешто така магично.:smir:
Danny Chambers цар.