Бушава азбука?

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Ах... спомени. Повеќето од нас ги научија буквите токму со оваа емисија. Ја обожавав, мислам дека не трепкав додека одеше оваа емисија. Многу ја сакав најавната шпица и моментот со бувот кога оди напред-назад, појма немам зашто, уште ми е тоа врежано во мозокот. И многу се плашев од Јовица (мислам така се вика), моментот кога се тресеше екранот и како заби (така си ги викав) се појавуваа. Ме вадеше од памет.

Ах, ми фали детството...:pipi:
 
Ова треба да се сподели. На некој му текнало да направи YouTube плејлиста од сите епизоди на Бушава Азбука, од А до Ш.

Повелете.

*This post was brought to you by nostalgia.
 
Од бајките некој да не може да најде, епизодата со синот на Јан голтарот.:D
 
Најмногу го сакав делот со таблата кога пишуваа на неа букви со син и црвен фломастер една буква 20 пати печатно , ракописно ,голема и мала а на крајот една голема буква во средината

и кога ќе завршеше епизодата на МТВ јас си играв како нив имав eдна тетратка само за таа намена , истото го правев како нив :)

најакиот дел беше на почетокот со бувот кога ќе викне Време е за Бушавата Азбука!!
 
Ја има и за симнување целата серија на trackermk.com, јас си ја симнав :), пораснавме со легендарна емисија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom