Многу јак дел од целиот текст на
http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=3863
"Еден од моите предлози за добар шамар би бил потегот:
како што ви ја дадовме, така ќе ви ја земеме. Во Букурешт ви ја дадовме територијата, во Букурешт ја задржавте, но симболично, во Букурешт ќе ви ја земеме (а може и на друго место - сеедно). Тогаш Македонија ќе си се врати на Белото Море, ќе биде и посилен и подостоен пријател. Ова не е непознато, и не е неостварливо, бидејќи колку што сум слушал се ближи времето за ревизија на Букурешкиот договор од 1913 година. Тој потег сигурно ќе усреќи (од многуте) барем околу 500.000 Македонци (колку што останаа, после грчките протерувања, убивања, заплашувања и превоспитувања), потоа, голем број на Турци, Албанци, исламизирани Македонци и други, па дури и самите Грци ќе се спасат од секојдневната атмосфера на страв и притисок кој, под плаштот на демократија, Грција под тензични услови го држи сопственото население. Тоа го прави скоро 90 години (демографски 3 генерации), а сигурно ќе го прави уште некоја генерација со цел целосно бришење на меморијата на се што е во врска со Македонија, Македонците, јазикот македонски, имињата македонски, имотите македонски и се што е македонско.
Народе македонски, особено Македонци (научници, политичари, интелигенција), јасно е како ден, било какво име да се предложи и прифати грчката денационализаторска политика нема да го прифати. За нас, единствено прифатливо име е Македонија, бидејќи Република Македонија е сепак различно од Македонија. Затоа не губете време. Македонци чувајте се од Грците кога ви даваат подарок (каков и да е).
Сонародници запамтете, не давајте ништо од тоа што ви остана и барајте го своето."