PIRRO
Walking away
- Член од
- 25 ноември 2007
- Мислења
- 561
- Поени од реакции
- 7
Подрачје под заштита однадвор (друга држава)![]()
Тоа значи дека ако се појави некоја сепаратистичка организација, (воена,паравоена итн) македонските институции нема да можат да организираат планински бури туку за тоа ќе бидат надчежни заштитниците... пример случајот во Митровица каде косовската влада побара од КФОР (САД) да ги заштитат косовските институции... Да, сигурен сум дека САД се спремни да ја заштитат државава само за да се заслужи подршката на САД треба да бидеме демократско општество, ќе ни организираат избори, попис , ќе ни помагааг да ги решиме меѓуетничките несогласувања, па имаме пример од договарањето на рамковниот охридски договор... Освен тоа чув од некој аналитичар деновиве дека некој американски политичар изјавил дека "ги имаат предвидено" сите опции, влегување,невлегување во НАТО, промена,непромена на име, исполнување на рамковниот договор, воена заштита... За се си имаат решение американците... Само жалам за тоа што некој го смета како навреда моето мислење дека американците си имаат своја стратегија ( WE CAN DO THIS THE EASY WAY OR THE HARD WAY ) за нивната надворешна политика... А што американската надворешна политика не и одговара на Русија и на некоја словенска држава кому му е гајле, САД " ќе им помогнат " дури на Украина и на Грузија да се интегрираат во НАТО...
За време на ирачката војна сите исламски земји беа против таа војна ама пак кому му е гајле ... САД и помогна на Турција со мнозинско муслиманско население да биде дел од НАТО и ја изгради воената база Инџирлик таму, и помага да се интегрира во ЕУ, им помага на Авганистан и Ирак да градат демократско општество, им помага со преку проектот "храна за нафта" се додека нивната економија не закрепне...
САД немаат којзнае колку стратешки интерес од државава ... Сакал некој или не САД веќе го контролира целиов регион и блискиот исток затоа ги сметам за глупави некои мислења дека не ни треба НАТО и бранење на руското влијание бидејќи нашето мислење е капка вода во океан во глобалната политика .... Треба само да го пронајдеме интересот на државава од САД а барем по мое мислење во интерес на државава е да опстане како мултиетнничка држава со почитување на човековите права и националните права на заедниците, налик Босна или дај боже налик Швајцарија, економски развиена и дел од Европската заедница... Овој државен интерес сигурен сум дека САД би го подржале... Ама Македонија на македонците, Македонија до Солун, сите словени и словенскиот јазик потекнуваат од македонците итн итн... ова ниту соседите на државава не го подржуваат ниту пак САД...