Бусек: Нема расположение за ширење на ЕУ на Балканот

  • Креатор на темата Креатор на темата VOLK2234
  • Време на започнување Време на започнување

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
На Балканот треба искрено да му се порача дека во овој момент нема позитивно расположение меѓу европските држави да се продолжи понатамошното проширување на Европската Унија, изјави австрискиот политичар Ерхард Бусек во интервју за „Вечерње новости“

Busek.jpg

Бусек, кој е координатор на Иницијативата за соработка во Југоисточна Европа, смета дека е многу неблагодарно да се предвидува темпото на европските интеграции на земјите од регионот.

Според него, има повеќе причини поради кои официјален Брисел ја „подзатвора“ вратата за новите членки, но го издвојува јакнењето на десницата на последните избори за Европарламент, опција што, како што вели, е јадро на противниците на ширење на Европската Унија.

- Многу од тоа ќе зависи и од новиот состав на Европската комисија и составот на другите ЕУ-институции... Потоа, тука е и неизвесната судбина на Лисабонскиот договор - изјави Бусек.

Бусек останува на својот став дека е најдобро целиот регион да се прими во Унијата во пакет, бидејќи на тој начин според него ќе се избегне ситуацијата една земја да ја блокира интеграцијата на друга, како што е сега случајот со Хрватска.

- Останувам на уверувањето дека идеална година за влез на регионот во Европската Унија би била 2014 година, точно на стогодишнината од Првата светска војна - вели Бусек.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=919951497&id=9&prilog=0&setIzdanie=21777
 
- Останувам на уверувањето дека идеална година за влез на регионот во Европската Унија би била 2014 година, точно на стогодишнината од Првата светска војна - вели Бусек.

Kakov kreten.
2014 ke napravan nova vojna, samo da ne vlezeme.
 
Кретени и лицемери,требни ни се такви гнаси :kesa:
 
Докато не се приеме нов единен Устав на ЕУ,нема да има прошируване.Можна е само Хрватска да биде приета и после ке има голема пауза.
 
Ме заболе к.. дали ќе имало проширување на ЕУ и дали ќе почниме преговори.Битно ми е визите да ги укинат.
 
Па не им се лутиме, само да имаме се тип топ односи. Нека си тера трговијата, па ќе биде што ќе биде. :smir:
 
Ако бе...нека јасно и гласно си кажат дека неќат нови членки.......
.....па да им дојде памет на овие нашите дека за името не смее да се преговара.....
 
За името не смее да се преговара дури и да сакаат да примат нови членки.

Тие дури и да сакаат не можат да не примат заради грчкото вето.
 
За името не смее да се преговара дури и да сакаат да примат нови членки.

Тие дури и да сакаат не можат да не примат заради грчкото вето.

Најголем пораз на грците ќе им се нанесе и само со срамежлива најава дека е можно повлекување на нашите кандидатури за членство во ЕУ и НАТО......
.......можам само да си замислам:vozbud::pos2:тек тогаш како ќе се растрча педофилската ЕУ бирократија.....:pos2::pos2::pos2:
 
Не сакаат тие бе голтари.Со што ќе одиме ние во Европа бе?Дај да погледаме малку околу нас па ќе ни стани јасно.Со што ќе одиме ние во ЕУ?Со измамените млекари?Со нашата невработеност?Со 300000 администрација?Со фабриките во кои ни пораснаја џбунови?Со корумпираните судии?Со корумпираната полиција?Со што?Што имаме направено за да не повикаат кај нив?Ако се споредиме со најсиромашната земја на ЕУ(тука не ги сметам БГ,Романија и најновите членки)би требало да ни станат многу работи јасни.Па сигурно после ќе не боли кога ќе не прикажуваат како ЕУ НУЖНИК.
 
Треба еден радикален потез, ако си го гледал филмот Ransom (1996)
и сцената кога Мел Гибсон наместо да понуди пари за исплата на киднаперите тој понуди 2.000.000$ за оној кој ќе ги убие киднаперите :violent1: па така и неа треба да им кажеме на Грците: СТОП за преговорите, не сакаме во ЕУ и НАТО па да видиш како ќе ги згреат газот :pusk:
 
Не сакаат тие бе голтари.Со што ќе одиме ние во Европа бе?Дај да погледаме малку околу нас па ќе ни стани јасно.Со што ќе одиме ние во ЕУ?Со измамените млекари?Со нашата невработеност?Со 300000 администрација?Со фабриките во кои ни пораснаја џбунови?Со корумпираните судии?Со корумпираната полиција?Со што?Што имаме направено за да не повикаат кај нив?Ако се споредиме со најсиромашната земја на ЕУ(тука не ги сметам БГ,Романија и најновите членки)би требало да ни станат многу работи јасни.Па сигурно после ќе не боли кога ќе не прикажуваат како ЕУ НУЖНИК.
ЕУ НУЖНИК-от беше Бугарија.:wink:
 
ЕУ НУЖНИК-от беше Бугарија.:wink:
Знам само да не станеме и ние па после Цацко да ни биде крив.Како што сме тргнале да не бидиме и ние некое ЕУ буниште?Знајеш жабата ко ја кренала ногата да и стават потковица?

Треба еден радикален потез, ако си го гледал филмот Ransom (1996)
и сцената кога Мел Гибсон наместо да понуди пари за исплата на киднаперите тој понуди 2.000.000$ за оној кој ќе ги убие киднаперите :violent1: па така и неа треба да им кажеме на Грците:
СТОП за преговорите, не сакаме во ЕУ и НАТО па да видиш како ќе ги згреат газот :pusk:
Е тогаш ќе здивни малку и Европа.Ќе рече"Арно му текна на овие да си ја пуштат ногата колку што е долга чергата"
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom