Бургер Kинг доаѓа во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Тие ресторанчиња како Бургер Кинг и KFC се за чалам, ништо друго..да отидеш со другари/ки и да речеш „ете бевме у Бургер Кинг (ко демек јаката работа)“. Па оди си бре во Вили и најади се ко човек за 120 ден. Огромна плескавица со секакви сосови, пред тебе зготвена со проверено месо... (малце ко реклама звучеше ова ама стварно се јаки). Единствено за Starbucks не коментирам, тие вредат у секој случај... NewYork Cheesecake+ Starbucks Espresso Roast..уфф :love:

Го проверуваш месото пред да им го порачаш? :D Полупечени плескавици и стекови седат понекогаш и со саати и ти ги ставаат на скара кога ќе ги порачаш.
Аха значи ако тебе ти се свиѓа нешто не е чалам, а ако на некој друг му се свиѓа нешто и плати повеќе тогаш е чалам. Ок да си знаеме како се класифицира чаламењето. Кажи друго што е скапо што не ти се свиѓа за да знам кога сакам да се чаламам што да нарачам :D
Да не мисли некој дека сум пристрасен кон амерички џанк фуд, Мек јадам еднаш - два пати годишно кај нас, Седмица максимум 5-6 годишно, Вили слично - кога сум камен пијан и ми треба нешто гадно мрсно да проба да го неутрализира алкохолот.
Не сум фан на сендвичари, повеќе сум по скарите али и нив не ги посетувам често, избегавам вакви типови на храна.
 
Абе далеку од тоа дека е здраво да се јаде било што од сендвичарите, ама од сите тие зла одбери го најмалото.. имаш клипови на Јутјуб да видиш како сендвич од Мекдоналдс не скапува и по година дена, си ја задржува истата форма, којзнае што му ставаат внатре?... Вили барем е домашно - македонско... далеку од тоа дека е здраво ама пак е подобар избор од Мекдоналдс или Бургер Кинг.
ПС. не сум љубител на џанк фуд :D еднаш у месец јадам сендвич
 
McDonald's можеби и ќе ги намалат цените, затоа што доаѓа конкуренција, Burger King. Така да сега ќе бидат 2 и ќе се борат помеѓу себе за цените. А за квалитетот мислам дека ќе биде ист. Во McDonald's повеќе даваш пари отколку што се најадуваш.
 
400 ден. еден сендвич? Не фала ...
Само што доби модерен европски лик, аеродромот Александар Велики уште побрзо доби и „модерни“ европски цени. Еден сендвич во популарниот фаст фуд ланец, „Бургер Кинг“ на скопскиот аеродром чини неверојатни 400 денари.
Бидејќи никој од нашата екипа не можеше да си дозволи да плати 400 денари за еден сендвич, ќе останете без информацијата дали овој ултра скап сендвич вреди за парите.
Извор
 
По една неодамнешна ситуација, веќе не припарувам во „Вили“ никогаш.
Кој сака нека мисли дека во „Мекдоналдс“ кај нас се оди заради дигање чалам, ама таму кога одам бар сум сигурен во квалитетот и тоа што производот секаде има ист вкус, а не како во локалните сендвичари, во однос на тоа дали имале добар или лош ден. Само „Седмица“ се одвојува во однос на другите локални, ама и тие знаат да забегаат.
 
Што ситуација, сподели ..
 
McDonald's можеби и ќе ги намалат цените, затоа што доаѓа конкуренција, Burger King. Така да сега ќе бидат 2 и ќе се борат помеѓу себе за цените. А за квалитетот мислам дека ќе биде ист. Во McDonald's повеќе даваш пари отколку што се најадуваш.
нема да ги намалат цените затоа што се фиксни за цел свет.
 
не се фиксни цените,иначе немаше да поскапуваат по 5 денари цело време,и плус сигорно немаат оброк еден долар у америка:)
 
Што ситуација, сподели ..
Другар ми нејќе да ја сподели ситуацијата па еве јас ќе ја споделам.
На први сптември после школо отидовме друштво да се шетаме во центар и на двајца другари им се пријаде и отидоа да јадат во Вили на ул. Македонија. Двајцата јадеа хамбургери едниот јадеше со павлака другиот со тартар сос. Другарот што јадеше тартар сос вечерта заврши на клиника со дијареа и повраќање, каде му констатираа тешко тровање со храна.
Некој можеби ќе каже дека ова е изолиран случај, но има еден факт повеќето (ако не и сите) од сосвите во вили се домашни што значи не се конзервирани како купечките сосови. Тоа значи дека тие можат лесно да се расипат поготово на ова топло време.
Во овој случај тровањето не беше толку сериозно, но можеби утре ке има салмонела.
Од овии причини јас лично ги одбегнувам повеќето македонски сендвичари.
 
Еве информација од прва рака - Бургер Кинг-от е во бесцаринската зона, и тоа само ако се лета према Шенген дестинации пошто ретардираните ТАВ ја поделиле бесцаринската зона на Шенген и неШенген, и неможеш да идеш од една према друга.
 
За еден сендвич ќе треба да платите точно 344 денари.
:eek:
 
Ај седмица што е скапо и што е никакво во последно време, туку кога ќе ги видам и кучиштана и мачкине што им се збираат... уф, гадно.

Мекдоналдс барем од тоа што го гледам можам да заклучам хигиенски дека работат. Ама го посетувам само тој во Центар, во Рамстор еднаш кога бев суво беше лепчето, сигурно помалце муштерии имаат.

Бургер Кингот чекајте може е поскап зошто е на аеродром. Тој што ќе биде во центар може и поефтин да биде.
 
Да фак 344ден за срање сендвич од БК. Кај ќе се најаде маж ко мене од 90кг и 190+цм од смешно сендвиче....за тие пари ќе си седнам во Корнер,Кобра(кој е од Куманово знае за што зборувам) на скара и ќе се направам лом :vozbud:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom