Бурек

  • Креатор на темата Креатор на темата n00b
  • Време на започнување Време на започнување

Дали јадете бурек


  • Вкупно гласачи
    558
Па зависи еве ќе ти кажам како стои во Ѓорче за мене:
Со урда купувам само во Златно Зрно, со месо од Ваташа ( имаат и добар симит), пица-бурек секогаш земам од Славна Дебарца. :LOL: А за добра пирошка кај Цујо.
За другите места ќе ги пофалам кај Кино Маџари-Буцко и таа од спротива една КИССМИ (како и да се пишуваше).
 
Пекара 10ка?Таа на рекорд?
Се кладам дека ќе се затвори до следното лето..Џабе ја рекламирате..
 
Пекара 10ка?Таа на рекорд?
Се кладам дека ќе се затвори до следното лето..Џабе ја рекламирате..
Не таа на рекорд, зборам оваа што е кај бисер во Аеродром.
--- надополнето: 2 ноември 2012 во 18:32 ---
Па зависи еве ќе ти кажам како стои во Ѓорче за мене:
Со урда купувам само во Златно Зрно, со месо од Ваташа ( имаат и добар симит), пица-бурек секогаш земам од Славна Дебарца. :LOL: А за добра пирошка кај Цујо.
За другите места ќе ги пофалам кај Кино Маџари-Буцко и таа од спротива една КИССМИ (како и да се пишуваше).
Да имаш право и Златно Зрно се добри, особено добри пирошки прават. ;)
 
Торбешите на ќош во Лептокарија праат најдобар пица бурек evar!
 
Јадев бурек во Белград, пекарата мислам дека „Томе“ се викаше и се наоѓа на Кнез Михајлова. Поубав бурек во животот не сум јадел, а јогуртот имаше вкус како павлака кај нас. Следно одење во Белград, одма на бурек! :D
 
Интересно,и вкусно е да се вкуси бурек..јас кога јадам бурек одам во вегера таму е за
мене најдобар.
 
Вегера - бурек со павлака и шунка - совршенство :D
Иначе бурекче за доручек у школо стандардно , сиренце или пица зависи од амбиентот
 
Vkusnoooooooo domasen burek najubav :pipi:

domaci-burek-kao-iz-pekare-by-me-8d1c3f99a5b73899d65576ddb2fa1c49_header.jpg
 
Домашен бурек


Burek-002.JPG-5783.jpg


Состојки

  • 500 гр кори
  • 300 мл вода
  • 4 лажици маргарин,( јас ставам 3 лажици )
  • 1 лажиче сол
  • За фил мелено месо(доволно е 250 гр со една главица кромид) или сирење или др. по желба
1. Во еден сад се става водата со маргаринот да се стопи.
2. Се вклучува рерната на 250 ст.С, а тавчето бр.28 се обложува со пекпапир
3. Во тавчето се ставаат две кори така што краевите висат кон надвор, се прскаат со водата и маргаринот.
4. Се згужвува една кора и се става во една третина од тавчето. Така се гужваат уште две кори и се ставаат во другите две третини од тавчето, покрај првата. Значи во вториот ред имаме три згужвани кори. Преку секоја кора се попрскува вода.
5. Се прави уште еден ред со гужвани кори, па се става пола од филот. Пак се гужваат кори, се попрскуваат и се повторува процесот се додека има материјал. На крај се поклопува бурекот со оние кори сто висат надвор и се попрскува со останатата вода.
6. Се пече 5 мин. на 250 ст.С, па се намалува температурата на 200 ст. С и се пече уште околу 50 мин(зависи од вашиот шпорет). Пет минути пред крај, се вади бурекот, се превртува во тавчето и се остава да се допече.
ФИЛ
1 главица кромид се сецка и се пропржува на вода, се додава месото и добро се иститнува. Се пржи додека испари целата вода. Се додава сол и црн бибер.
 
Пробал некој домашен бурек ама кората откако ќе се направи се става врз шпорет да се запечи и добива малку малку точки како на палачинката. Сите кори така се печат (освен првата и последната) и се мотаат во крпа, па потоа заедно ставаат во тавата да се печат. :love:
Според мене најубав бурек и секоја недела барам баба ми да ми прави. :D
Од секаде сум пробал бурек некаде премногу мрсен дури станал модар од мрснината, некаде сум нашол влакна, некаде пак урдата не убава, дебели кори, итн. Домашниот е најубав.
burek-mit-kaese.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom