Бунтовниот Исус

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.280
За Исус и неговото дело дознаваме од евангелијата. Но тие настанаа многу по неговата смрт, врз основа на усмени кажувања, и прилагодувани со тек на вековите за потребата на новата вера - христијанството. Низ сите тие легенди и фантазии во евангелијата може да се фати и тенката нишка на вистинските настани, за вистинскиот исус. Низ писмат останаа доволно податоци да се реконструира кој и што бил Исус.
Прво знаеме дека исус бил престолонаследник. Тоа го кажуваат две евангелија, дека во него имала кралска крв од династијата на Давид. Во време на неговото раѓање пак над израле владееше Херод. Цар кој немаше во себе ни еврејска крв и кој беше поставен таму со помош на Римјаните чиј вазал и сојузник стана. Евреите никогаш не го прифатија како свој цар. Тие очекуваа свој цар, некој како Исус, потомок на лозата на Давид. Евреин, законит цар кој ќе владее над нив. Раѓањето на исус предизвика голема паника и страв кај Херод така што наредил страшен злочин - колеж на првородени деца меѓу свои поданици!. Зошто? Херод никогаш не би бил загрозен од некој пророрк или син божји кој дојде да донесе спас на светот, но Херод и те како би бил загрозен од раѓање на законски престолонаследник на Израле околу кого би застанал еврејскиот народ и го подржале во борбата да си го врати престолот. народот и неприателите навистина го признаваат исуса за цар јудејски. Така му се обраќаат така и римјаните го убиваат. како цар јудејски. И Исус тоа не го негира, дури и влегува во Ерусалем како цар (јавајќи на магаре) и поздравуван од народот како наследник на Давид, а предходно од Јована е крштен (признат како месаја - спасител) од духовен водач на евреите и миропомазан со скапоцено масло од страна на жена чии идентитет евангелијата го замаглуваат. Во тоа време над Јудеја владее Рим (херод починал царството е разделено). Јудеја е римска провинција и Исус треба да ги протера Евреите со меч за да го ослободи Ерусалем и царството. И пред исус и по Исус имаше многу бунтови и востанија и крвави војни на евреите против Рим. Водечка сила во борба против римјаните беа зелотите. Тие биле герила па и терористи кои убивале, напаѓале, киднапирале римјани у нивни соработници низ цела јудеја. Беа борци за слобода на Јудеја , нешто како партизани или движење на отпор и имале подршка во народот, но не и во дел на садукеите кои биле (не сите) соработници на Рим Едно од тие востаниа го поведува или се обидува да го поведе и Исус. Прво бара да не се плаќаат даноци на рим. Под тоа обвинение (и дека е цар јудејски и дека бара да не се плаќаат даноци на рим) е и изведен пред Пилат. Бара од своите содружници да се вооружат па ако треба и алиштта да ги продадат но да купат меч, изјавува дека е дојден да донеси војна а не мир и меѓу своите најблиски има и вооружени зелоти - припадници на отпорот. Собира со себе во гора 5000 луѓе. Такво нешто в окупирана земја да некој кој е нарекован цар да собере 5000 луѓе и тие го следат во планина е веќе бунт. Имаше сличен случај кога еден евреин повел неколку стотини луѓе во планина да најдат гроб на некој од патријасите, рим прати војска и гуи убија до последен. Рим заканата од Исус ја сфаќа озбилно, и употребува голема војска за да го зароби Исуса. Во тоа заробување (кое не било така наивно како го опишуваат евангелијата) исус е фатен. Него Рим го осудува на распнување, најтешката казна предвидена за најтешки злостори против римската власт и Исус е распнат заедно со двајца зелоти - борци против римската окупација. Исус имал браќа и сестри, и тие сите беа како него, со кралска крв, по Исус водство над неговите следбеници не го завзема некој апостол туку братот на исуса - Јаков па смртта на јаков продолжува наследување по семејна линија, значи секогаш некој роднина на Исус го завзема водството над негопвите следбеници.
 
За евангелијата би било добро да се отвори тема и да се види автентичноста на самите евангелија, од кој се пишувани и кога се точно пишувани. Пред некој ден гледав емисија на History Channel за тоа од кога и од кого се пишувани евангелијата, па дури и црковните лица се сомневаат во "апостолските" авторски елементи на евангелијата, тек после ќе праиме муабет за некоја од приказните од неколкуте анатемисани евангелија.
 
Има една одлична книга "Сказанијата на евангелистите" од Зенон Косидовски, во која што авторот ги истражува евангелијата од историски и лингвистички аспект.Неговата реконструкција на Исус, е многу слична со твојава, штета што ја немам книгата во дигитален облик, издадена е во 1979год.
 
Од една книга ги извади сите заклучоци ?
 
Има една одлична книга "Сказанијата на евангелистите" од Зенон Косидовски, во која што авторот ги истражува евангелијата од историски и лингвистички аспект.Неговата реконструкција на Исус, е многу слична со твојава, штета што ја немам книгата во дигитален облик, издадена е во 1979год.

Од 19 век кога информациите за Исус и евангелијата можеа послободно да се истражуваат и анализираат и објавуваат оична да се појавува сликата на вистинскиот Исус скриена зад превезите на библиските митови легенди и толкувања. Исус не живеел или делувал во некој имагинарен свет туку во географски и просторно одредено место и време. Познати се географијата, историјата, политиката, настаните, и може лесно да се споредат меѓусебо во корелација на она што го кажуваат историските факти од една и евангелиските стории од друга страна. Излегоа на површина контрадикторностите во писмата, недоследностите и спротивставеностите. Анализирани се текстовите во стилови на пишување за да се види дали се дело на еден или повеќе автори, достапна стана апокрифната литература и списи сочувани во преписи на други народи. Црквата нема повеќе средтва да со сила или заплашување држи монопол над знаењето или ексклузивно право да толкува библиски текстови. Косидовки е еден од писателите но и тој се повикува во своите истражувања на делата на раните библисти воглавном од германија и франција секако и од своите земјаци - полаци.
 
Isus bil jevrejski vojvoda!
Judejski Kuzman Kapidan!
I kako Kuzmana sto go otepaa arnautite, taka Isusa go otepaA rimjanite!

P.S Evangelijata koi se upotrebeni za bozestvenosta na Isusa se cetirite glavni, ogromen broj se spaleni bidejki vo niv e Kapidanstvoto, vojvodlakot, bez bozestvenosta, bez opevanje na Isusa kako bogocovek.
Spaluvanje za da se sokrie vistinata!?
 
АПЕЛ: Нека наброи некој ако може барем еден веродостоен историчар (извор) од времето на Исус кој што го има обележано неговиот живот и дело.

И не, библијата не спаѓа во "веродостојни извори"...
 
Јас ја имам книгата и баш летоска ја прочитав. Со оваа книга авторот може лесно да ги разубеди лаиците во христијанската вера, но за просечно теолошки образованите христијани, таа не е никаков предизвик за разобличување.

--- надополнето ---

И не, библијата не спаѓа во "веродостојни извори"...

Зошто?
Па и ако имало друг поверодостоен извор за животот и делото на Исус, истиот од христијаните веднаш ќе бил сместен во кориците на Библијата и за тебе денес по дифолт ќе станел неверодостоен :)
Христијаните во првиот век ги прифаќале како свети книги токму оние најверодостојните, кои биле напишани од пријателите на Исус, од браќата Негови, од очевидците на настаните или барем од нивните пријатели како што бил евангелистот Лука. Овие најверодостојни извештаи за Исус се во склад и со современите секуларни историски дела, а се во склад и со старозаветните стотина пророштва во кои се претскажани детали поврзани со Христовиот живот и смрт т.е. местото каде што ќе се роди, начинот на кој што ќе се роди, каде ќе служи, Неговото предаство, како ќе страда, како ќе биде осуден, како и зошто ќе биде убиен, местото каде што ќе биде распнат, местото каде што ќе биде погребан, Неговото воскресение итн.
Евангелистите немале причина, ниту мотив да измислуваат сказанија. А и кога би сакале, не би можеле да измислат приказни кои што ќе бидат во склад со тековната историја, во склад со старозаветните пророштва и во склад со луѓето кои што живееле во тоа време и добро ги познавале свежите настани. И најпосле, кој би умрел за лага? Можеби еден лудак, но историјата бележи стотици христијани кои урмеле заради нивното незапирливо сведочење дека го виделе воскреснатиот Христос. Римјаните можеле веднаш да ја запрат оваа новокомпонирана секта со тоа што ќе го изваделе Христовото тело од гробот, ќе го ставеле на еден коњ и ќе го прошетале околу Ерусалим. Но гробот бил празен. Христовото тело не било таму. Христијаните што при Христовото апсење се разбегале, по три дена храбро сведочеле дека го виделе Христос воскреснат. Ни меч, ни оган, ни устата на лавовите не можеле да ги спречат. Исус е жив. Наместо да му се спротиставуваш, поверувај во Него и прифати ја Неговата спасителна рака. Тој е нашиот Спасител од гревот и Господар на нашиот живот.
 
АПЕЛ: Нека наброи некој ако може барем еден веродостоен историчар (извор) од времето на Исус кој што го има обележано неговиот живот и дело.

И не, библијата не спаѓа во "веродостојни извори"...

барем не е шизофреничка како куранот

--- надополнето ---

Isus bil jevrejski vojvoda!
Judejski Kuzman Kapidan!
I kako Kuzmana sto go otepaa arnautite, taka Isusa go otepaA rimjanite!

P.S Evangelijata koi se upotrebeni za bozestvenosta na Isusa se cetirite glavni, ogromen broj se spaleni bidejki vo niv e Kapidanstvoto, vojvodlakot, bez bozestvenosta, bez opevanje na Isusa kako bogocovek.
Spaluvanje za da se sokrie vistinata!?

докази имаш ли или тоа го пишува во куранот? Што за шизофреник треба да си за да кажеш ако имаш проблем биј коњот и жената (Мухамед)
 
АПЕЛ: Нека наброи некој ако може барем еден веродостоен историчар (извор) од времето на Исус кој што го има обележано неговиот живот и дело.

И не, библијата не спаѓа во "веродостојни извори"...

Такит (Римски историчар) пишува дека Исус бил погубен како бунтовник
 
За жал никаде нема официјален писарски запис од судењето на Исус.Тацит не ги спомнува обвиненијата само го претставува како лидер на Христијаните.
 
Такит (Римски историчар) пишува дека Исус бил погубен како бунтовник

Тацитус (Такит) во неколку наврати во неговата монографија "Анали" го има спомнато зборот "Chrestus" што некои го поистоветуваат со зборот "Christus" (χρηστός), меѓутоа модерната историја смета дека Chrestus не е име туку е називање што на англиски би значело "The anointed one".
 
Тацит вели дека постоел човек наречен Хрестос така кој бил водич на Христијаните.Хрестос е латински збор за "добар".
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom