Добро можда малце претерав со Невил ама ова со центаршутов те молам, после ова Маикон, Дани Алвеш и Роберто Карлос ќе отидат да се замонашат.
Кај ти е Замброта у муабетов?
Го ставаш Дани Алвеш и центаршутеви во иста реченица, згора на тоа со Маикон и Р. Карлос... Имаш ли изгледано една утакмица на Барса уствари ццц
Секој РЕАЛЕН фан на Барса ќе каже дека Алвеш нема појма од нив. Никогаш и немал.
П.С Ти реков смени го подфорумов, го стави Орландони у ист пост со Томас Милер. Макар и да сакаше да доловиш некоја глупа поента за титулите - НЕ ИДЕ со таа споредба сине. Го извади Стекот од дното - дно и сам се стави место него.
[DOUBLEPOST=1486264637][/DOUBLEPOST]
Ти си пристрасен, и тоа е разбирливо... немам намера да се докажувам со статистики и слично... Но фактот дека твојата споредба е предмет на подсмев, не само на форумот, туку еве и во јавноста, тоа ќе си остане.... Фала ти за споредбава, јас искрено сум ти благодарен... што повеќе хумор , тоа подобро, здраво е за духот и телото да се смее човек

.
А со што ќе докажуваме и ќе докажуваат генерации после нас? Со Јутуб клипчиња?
Секој фудбалер после пензионирањето се цени по статистики, освоени титули и слично. Никој после нашиве генерации нема да го памти Тоти или Милер со потези, фризурки, и остали заебанции, туку тоа што освоиле и помогнале клубот/репрезентацијата да освои. Да, ние ќе ги памтиме пошто сме живееле/живееме во тоа време, но што со нашите потомци?
Кој од форумов ги има гледано Пеле, Герд Милер и остали во живо? Герд Милер е БОГ во Германија, идол на тие генерации, на сегашните и на идните, па никој од сегашните млади го немаат гледано (освен клипчиња у црно-бело), идните нема ич, па што ќе им остане? Остануваат статистиките, рекордите и титулите, тоа сентименталноста и пристрасноста умира. Утре нема да му расправаш на син ти - Еј Тоти цел живот остана у Рома, каков шут имаше, дриблинг елеганција у движење, еден куп голови даде. Син ти ќе го прогугла и што ќе види. Голови - ОК. Титули - meh. И ќе те праша - Абе тато, овој дал милион голови, ама титули нешто послабо за милион години кариера а? Епа тоа е, ти можеш да се потсмеваш со статистиките до утре. Никој не му е крив на Тоти што не смени екипа појака, сакаше да остане во Рим. Тоа е за секаков респект и наш и на фановите на Рома, ама тоа и му ја одреди кариерата, сакале вие да признаете или не. Тоти можеше да освои многу повеќе, ама остана на тоа - можеше. Во некој друг клуб.
Остануваат само бројки, цифри. А Тоти и Томас Милер со цифрите се... Вие можете до утре да ја ругате споредбата, ама реалноста е таа.
Признај ако имаш муда денес кога гуглаш некој стар фудбалер каде и што гледаш? Историјат на Википедија (или рандом страна за фудбалски СТАТИСТИКИ) и статистики/историјат/освоени титули на Википедија за играчот, така?
Јас коа куцам Герд Милер на Гугл, отворам Википедија и останувам импресиониран од бројките позади него и титулите позади него. Се друго (од денешен аспект) е нерелевантно.
П.С И не, не ги ставам Герд Милер и Томас Милер во ист контекст, туку да ја доловам поентата на целиов муабет - статистиките и титулите позади секој фудбалер се најбитни.