Другарчета, да ви кажам мојата приказна, а пак вие како сакате ја разберете.
Колку што знам, во март месец кај вас, во Македонија ќе има избори за парламент. Кај нас, во Бугарија, пак, ќе има во есен исто избори.
И вашиот Груевски стана смешен во бугарските очи, и кај нас Бате Бојко ќе си оди сега, а ако не си отиде ќе си замине со клоци.
За мене глупости кои ги направија сегашното ни влада има неколку причини. Гледам само бугарската страна:
1. Груевски не го сакаме да биде премиер во Македонија. Барем затоа натера Љубчо Георгиевски да стане ортак со вашите комунисти. А тоа е многу нешто
2. Не сте заборавиле дека до пред 3 години во сегашното ни влада си имавме еден министер - Божидар Димитров, а тој си е пријател на чашка со Бојко Борисов
3. Во Бугарија доаѓаат избори, и на сегашната владејачка партија ќе и требаат гласови. Во сегашната народно собрание ГЕРБ може да смета на гласовите на Атака, но во следниот парламент нема да можат, затоа што нема да влезат, ништо дека направија коалиција Атака-ВМРО "Краси Каракачанов". Вие сами знаете тие какви се смешници. И некој мора да "повлече" гласовите на националисти
Та повеќето работи се внатрешно и мене ме гнев, малку дека такви глупости прават. Но мислам дека е само едно одложување, додека поминат изборите во вас.
Се разбира, и вашите направија малку глупости кои вознемируваат будали кај нас, кои не мислат, ама ... будали каде ли не, а нашите употребија поводникот - знаете ги работите за кои се крена врева - филмот "Трето полувреме", и онаа изложба на ракописи во Брисел - со малку, како да го кажам недипломатичното наслов. Но тоа не е најважно.
Само гледајќи ги бугарските весници и гледам како лумпените се кефјат. И што се кефјат, и тие не знаат.
Работата е дека има и паметни луѓе кои мислат, а не да се прават на интересни.
Па, по форумите лумпените дивејат, кефјат се, ама за што се кефјат и тие не знаат ... Дека тие се кефјат, како Германија и Франција сакаат да ви вратат визите поради вашите и српските цигани
Но, за паметни луѓе ... само погледнете овој напис во весникот СЕГА
"В'рнахме си го на Скопие. И сега какво? Г'рција успја много ловко да прикотка б'лгарското правителство за единен фронт срешту Македонија. Което е една от големите грешки на в'ншната ни политика"
http://www.segabg.com/article.php?id=629568
Не ме разберете грешно, но за Бугарија е поволна Македонија да влезе во Европската унија што е можно поскоро. Дали само вие ќе влезете или ќе влезете во пакет со Албанија и Црна Гора, не е важно, но по можност да се најавите пред Србија. А ако може барем 5 години порано од Србите да станете членка на ЕУ, тоа ќе ни е идеално. И тоа е само политика.
Многу добро знаете дека Македонија сите ја сакаат. Па, не е веќе како земја, како управување, туку едноставно како блиски луѓе. Што да се прави - вие сте во центарот на Балканот и колку и да не е развиено, во вас поминуваат патиштата, а по некое време ќе поминуваат и повеќе.
Затоа мислам дека едноставно овој сега унија да не започнат преговорите е колку да поминат изборите.
Ако и на следниот пат се продолжи оваа политика, тоа сеедно да речеме Македонија ќе влезе во ЕУ заедно со Србија и Косово, а за тоа ќе отидат сигурно повеќе од 20 години. А тоа веќе едноставно нема да биде корисно за нас. Вие сами знаете каков е бугарскиот бизнис во Македонија - освен една банка, едвај има нешто друго, па и да има, тоа е толку мало, дека едвај има значење.
Едноставно, моето мислење е дека тоа што го направија нашите е да покажат црвен картон на Груевски. Ништо повеќе. Пак и ѓавол да го земе, дајте да седнеме на Илинден на една маса и да се напием како бели луѓе, а не да седиме на двата краја на крчмата и да се гледаме на крв. Генерално само тоа остана да се разбереме. Сите останато е лесно;-)