Бугарија си најде втора Спаска

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Бугарија си најде втора Спаска

Бугарските европратеници испратија декларација до еврокомесарката за човекови права Вивиен Рединг и до еврокомесарот за проширување Штефан Фуле преку која бараат да ја притиснат државава да дозволи осудениот македонски Бугарин Мирослав Ризински да ја отслужува затворската казна во Бугарија

stefanfile.jpg
transparent.gif
Откако Бугарија го издигна на ниво на ЕУ случајот со гевгеличанката со бугарски пасош Спаска Митрова, бугарските европратеници се обидуваат преку друг случај да прикажат во Брисел дека Македонија не ги почитува правата на Бугарите што живеат во земјава.

Бугарските европратеници испратија декларација до еврокомесарката за човекови права Вивиен Рединг и до еврокомесарот за проширување Штефан Фуле преку која бараат македонскиот Бугарин Мирослав Ризински да ја отслужува затворската казна во Бугарија, а не во Македонија. Ризински пред три години беше осуден на три години затвор за примање поткуп од 6.000 евра како тогашен советник во Бирото за неразвиени подрачја. Ризински за време на судењето тврдеше дека не примил поткуп, туку сосила му бил даден плик, кој завршил во неговиот џеб.

Европратениците од соседната земја ги убедуваат двајцата еврокомесари дека судскиот процес против Ризински е политички монтиран и го споредуваат со случајот против гевгеличанката со бугарски пасош Спаска Митрова. Тие бараат Европската комисија да го крене својот глас и да ги натера властите во Скопје да дозволат Ризински да ја отслужува казната во Бугарија. Бугарскиот европратеник Евгениј Кирилов во изјава за бугарската агенција „Фокус“ вели дека во почетокот на годинава го отворил ова прашање, а од македонските власти добил одговор дека таквото барање ќе биде разгледано.

- Развојот на случајот покажува дека македонските власти ги затвораат очите и нема одговор на официјалното барање од Бугарија - вели Кирилов, кој оценува дека Македонија се однесува непријателски кон граѓаните што се изјаснуваат како Бугари или имаат бугарско државјанство.

Претходно и раководството на бугарскиот културен клуб „Скопје“ испрати писмо до повеќе европски институции во знак на солидарност со Ризински во кое стои дека државава ги нарушува неговите човекови права. Претседателот на овој клуб Лазар Младенов во коментар што деновиве го објави неформалниот интернет-сајт на ЕУ „Еуроактив“ наведува дека Ризински им бил трн во окото на непријателите на демократијата во земјава и оти е осуден од страна на тајните служби.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92910108354&id=9&prilog=0&setIzdanie=22095

So ke se pravi so blagonadeznite pojma nemam...Nema nema pa ke se pojavi nekoja politicka zrtva...ocigledno vo idnina ke ni se mnozat Spaski...Ako dosega se vadea pasosi za rabota vo stranstvo, kola i slicno odsega ke se vadat Bugarski pasos za spas od zakonot....Vo sekoj slucaj pasosot ostanuva aktuelen...
 
Едни протестират пред Брисел,други са во него и протестират внатре...
Това немаше да се случи,ако вашите институции си беха свршили работа и разгледаха желбата на човекот да излеги казната си во Бугариja.
 
Земете си го.

--- надополнето ---

А од кога тоа желби за криминалци? Сега не го знам случајот точно... но зарем се дава таква опција? Ако се дава, тогаш... незнам...
 
Земете си го.

--- надополнето ---

А од кога тоа желби за криминалци? Сега не го знам случајот точно... но зарем се дава таква опција? Ако се дава, тогаш... незнам...
Даjте го за да го вземеме...
Има документи,които регулират каде може да се излежи казната,ако има повеке от едно државенство.
Но другаде се крие заека во този случаj.
 
Едни протестират пред Брисел,други са во него и протестират внатре...
Това немаше да се случи,ако вашите институции си беха свршили работа и разгледаха желбата на човекот да излеги казната си во Бугариja.

Spored tebe sekoj koj ke si kupi (za 200 evra) Bugarski pasos moze sto saka da pravi vo Makedonija a potoa da bide pusten vo Bugarija...Bravo ako taka razmisluvas, no ako si na funkcija vo Makedonija i ako deloto si go napravil vo Makedonija togas logicno e deka ke lezis vo makedonski zatvor...
 
Мегу пуштен и да излежи казната во Бугариja има ГОЛЕМА разлика.
 
Мегу пуштен и да излежи казната во Бугариja има ГОЛЕМА разлика.

Доколку има голема разлика во однос на погорново тогаш каква е разликата меѓу одлежување на казната во Македонија и истото во Бугарија?
 
Доколку има голема разлика во однос на погорново тогаш каква е разликата меѓу одлежување на казната во Македонија и истото во Бугарија?
Разликата е во желбата на осудениja,коjто има право на избор каде да ja излежи казната.
 
Мегу пуштен и да излежи казната во Бугариja има ГОЛЕМА разлика.
А во бугарија што мислиш нема да го пуштат? Туку и ќе го прогласат за национален херој..
 
Разликата е во желбата на осудениja,коjто има право на избор каде да ja излежи казната.
И истата таа желба се разгледува па се одобрува или не во зависност од одлуката која ке ја донесе соодветниот орган кој го разгледува тоа барање
 
Разликата е во желбата на осудениja,коjто има право на избор каде да ja излежи казната.

Не му даваат торта па да бира каква сака. Направил злодело и лежи затвор. Го осудил македонски суд, во Македонија и ќе лежи. Ако убиеш човек во Тексас, нема да те пуштат да лежиш ни во Луизијана, а камо ли во Франција. Затоа, не дрвете многу, пошто само покажувате високо ниво на дебилитет со муабетов.
 
Пљачкал во Македонија, а да лежи во Бугарија :nesvest:

Јас утре одам да ја ограбам Комерцијална. Кога ќе ме фатат ќе барам да лежам во оној затворон ко хотел што е во Австрија.
 
Покажуваш незнание на основни човекови права ... Уште повеке неразрешаването покажува,дека има страх тоj да излежи казната си во Бугариja или просто да се глуми решение докато изтетече казната на човека. Което реално и ке стане до 3 месеца.
Пљачкал во Македонија, а да лежи во Бугарија :nesvest:

Јас утре одам да ја ограбам Комерцијална. Кога ќе ме фатат ќе барам да лежам во оној затворон ко хотел што е во Австрија.

Ако имаш австралиjско државенство си во право да си бараш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom