- Член од
- 13 октомври 2007
- Мислења
- 3.175
- Поени од реакции
- 434
Софискиот Апелациски суд денеска го одби барањето на македонските власти за екстрадиција на расчинетиот владика на МПЦ Јован Вранишковски.
Тој беше приведен во ноември минатата година од бугарската полиција на граничниот премин Калотина, на границата со Србија, врз основа на меѓународната потерница што ја издаде ИНТЕРПОЛ, по барање на Основниот суд Битола заради издржување затворска казана од 2,5 години за проневера на околу 250 илјади евра црковни пари.
Апелацискиот суд одлучувал по жалбата на Вранишковски против решението на Софискиот окружен суд за негова екстрадиција во Македонија. За време на жалбената постапка биле сослушани двајца сведоци - свештеникот Давид Нинов и монахињата Олимпијада Мишимарковска, следбеници на Вранишковски, кои тврделе дека тој не е виновен за делата што му се припишуваат, туку оти се гони поради различните ставови со Македонската православна црква. Јонко Грозев, адвокатот на Вранишковски, пред Апелацискиот суд изјавил дека постои реална опасност доколку тој биде вратен во Македонија против него да бидат поднесени и други обвиненија.
Апелацискиот суд во Софија ја укина и забраната на Вранишковски да ја напушти Бугарија, како и мерката домашен притвор. Решението на судот во Софија е конечно./миа
Извор:http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=69452
И после ке ги слушам коњољубите на форумов дека они имале искрени добрососедски намери.