Бугарија нема да го екстрадира Вранишковски во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата GORAZDS
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Софискиот Апелациски суд денеска го одби барањето на македонските власти за екстрадиција на расчинетиот владика на МПЦ Јован Вранишковски.

Тој беше приведен во ноември минатата година од бугарската полиција на граничниот премин Калотина, на границата со Србија, врз основа на меѓународната потерница што ја издаде ИНТЕРПОЛ, по барање на Основниот суд Битола заради издржување затворска казана од 2,5 години за проневера на околу 250 илјади евра црковни пари.

Апелацискиот суд одлучувал по жалбата на Вранишковски против решението на Софискиот окружен суд за негова екстрадиција во Македонија. За време на жалбената постапка биле сослушани двајца сведоци - свештеникот Давид Нинов и монахињата Олимпијада Мишимарковска, следбеници на Вранишковски, кои тврделе дека тој не е виновен за делата што му се припишуваат, туку оти се гони поради различните ставови со Македонската православна црква. Јонко Грозев, адвокатот на Вранишковски, пред Апелацискиот суд изјавил дека постои реална опасност доколку тој биде вратен во Македонија против него да бидат поднесени и други обвиненија.

Апелацискиот суд во Софија ја укина и забраната на Вранишковски да ја напушти Бугарија, како и мерката домашен притвор. Решението на судот во Софија е конечно./миа

Извор:http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=69452


И после ке ги слушам коњољубите на форумов дека они имале искрени добрососедски намери.
 
После докторот (бивш министер), оној наводно ЛаФФот, сега и овој брадестиот...се остварува полека проектот - сите криминалци во една држава.
 
Сега Враношковски за возврат ке одработува за Бугарија исто како што одработуваше за Србија и Грција претходно.:toe:
 
Sigurno se dogovoril da dade nekoja izjava sto ja imame slusano mnogu pati od Bozo.
 
коалицијата помеѓу татарите србите и гејците се повампирува како пред 100 години сега брзо имаја состанок во софија министрите и сега полека но сигурно ќе го гледаме вистинското лице на татарите не само во комисиите и праламеното на еу туку и тука на домашен терен
 
Затоа што е криминалец осуден во судска постапка. :toe:
 
Затоа што е криминалец осуден во судска постапка :toe:

Мислам дека треба тука да се реагира до Брисел, нашите барем да направат притисок, за да се види (ама ова одамна се гледа) дека Бугарија штити криминалци, а бидејќи Бугарите и не се во Еу баш така целосно, имаат некој меѓустатус, па може овие да им се заканат со излез итн итн, да не редам знаете се какви притисоци има
 
Слушни го филмчето - мегународната jавност го брани и кажува дека бил "затворник на совестта" !
Филмови во кино ....меѓународна јавност Бугарија+Србија ???
 
Филмови во кино ....меѓународна јавност Бугарија+Србија ???

Очигледно се смета дека некои судебни одлуки во РМ се политички мотивирани - за това кажува и докладот на Стеjт Департментот на САД односно РМ ...
Вранишковски бил признаен за "затворник на совестта" од Амнести Интернеjшанал ...
Демек и владини, и невладини организации го бранат, да не зборуваме за СПЦ ...
Еве за оваа jавност говориме! :toe:

--- надополнето ---

Мислам дека треба тука да се реагира до Брисел, нашите барем да направат притисок, за да се види (ама ова одамна се гледа) дека Бугарија штити криминалци, а бидејќи Бугарите и не се во Еу баш така целосно, имаат некој меѓустатус, па може овие да им се заканат со излез итн итн, да не редам знаете се какви притисоци има
Исто како ако Източна Германиjа да беше напишала оплакване во Брисел зошто нивните грагjани бегаа во Западна Германиjа! :kesa:
Во судебната зала очигледно имаше премногу приjатели и почитувачи на Вранишковси, а владата на РМ не се беше потрудила да изпрати некоj сериозен обвинител, коj што да го постави на место ... Е, сега па Бугарите виновни, нема што!
 
Потполно ги оправдувам Бугарите затоа што нема да го екстрадираат, според нивната традицијата ќе си го изгубеа епитетот подлизурковци.

Од друга страна пак, мислам дека тоа е подобар потег отколку да ни го предадат.

Ако ни го предадеа, Вранишковски ќе одлежеше затвор и потоа ќе продолжеше да прави проблеми како слободен граѓанин, пропагирајќи.

Вака постојано ќе бега и мислам дека потешко ќе му биде да ја контролира неговата т.н црква во Македонија.
 
... Е, сега па Бугарите виновни, нема што!
После ќе плачете како имало у Македонија просрпски влијанија.
Оваа одлука на бугарскиот суд ако не е просрпска, тогаш не знам ква е?
 
Во судебната зала очигледно имаше премногу приjатели и почитувачи на Вранишковси, а владата на РМ не се беше потрудила да изпрати некоj сериозен обвинител, коj што да го постави на место ... Е, сега па Бугарите виновни, нема што!

А потерницата за завршена судска пресуда за одлежување на затвор не беше доволна, ли, а?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom