Договорот со Бугарија усогласен 95%, следи негова финализација 26.01.2015 Валентин Николоски ТВ Сител
Текстот на договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија е усогласен 95 проценти. По долги натегања и комплицирања на содржината на договорот од бугарската страна, дипломатски извори за Сител велат дека бугарите побарале како основа на договорот да биде земена Декларацијата за пријателство и соработка меѓу Македонија и Бугарија од 1999 година, која исклучува секакви непријателски акти или намери кон другата држава. Таквиот предлог е прифатен од македонска страна, што и е операционализирано од работната група.
Оттаму, за останати отворени прашања работните групи ќе се сретнат во текот на февруари, по што најверојатно ќе следат и средби на политичко ниво.
,,Прва таква можност ќе биде минхенската безбедносна конференција од 6 до 8 февруари, на која ќе присуствуваат Претседателите Иванов и Плевнелиев. Од кабинетот на Иванов велат дека не е исклучена средба на претседателите на маргините на конференцијата. Во тој случај е потврдено дека двајцата Претседатели ќе разговараат и за договорот за добрососедство‘‘.
Воедно од кабинетот на Иванов велат дека веднаш по реизборот, до Претседателот Росен Плевнелиев по дипломатски пат е предложена средба во Скопје или Софија, која е отворена.
Договорот, според изјавата на бугарскиот Премиер Бојко Борисов, дадена пред две недели, останува основен приоритет во бугарската поддршка на македонските евроинтеграции.
Инаку, преговорите беа во застој подолго време поради изборите во двете земји. Најавените средби би биле први по изборите во Бугарија во октомври и формирањето на новата Влада.
Извори за Сител велат дека климата е многу поразлична во споредба од пред две години, а односите се коректни и на работно и на политичко ниво, за разлика од пред неколку години кога бугарската страна инсистираше на безусловно прифаќање на дел од нивните ставови, на што Македонија предложи по неколку варијанти за секоја спорна точка од договорот со права и обврски за двете страни.
[DOUBLEPOST=1422376976][/DOUBLEPOST]ТЕКСТОТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО ПРИФАТЛИВ ЗА ДВЕТЕ СТРАНИ
Готово е - Македонија и Бугарија 95% се усогласија
Текстот на договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија е усогласен 95 проценти. По долги натегања и комплицирања на содржината на договорот од бугарската страна, дипломатски извори за "Вечер" велат дека Бугарите побарале како основа на договорот да биде земена Декларацијата за пријателство и соработка меѓу Македонија и Бугарија од 1999 година, која исклучува секакви непријателски акти или намери кон другата држава. Таквиот предлог е прифатен од македонска страна, што и е операционализирано од работната група.
Оттаму, за останати отворени прашања работните групи ќе се сретнат во текот на февруари, по што најверојатно ќе следат и средби на политичко ниво.
Прва таква можност ќе биде минхенската безбедносна конференција од 6 до 8 февруари, на која ќе присуствуваат претседателите Иванов и Плевнелиев. Од Кабинетот на Иванов велат дека не е исклучена средба на претседателите на маргините на конференцијата. Во тој случај е потврдено дека двајцата претседатели ќе разговараат и за договорот за добрососедство.
Воедно од Кабинетот на Иванов велат дека веднаш по реизборот, до претседателот Росен Плевнелиев по дипломатски пат е предложена средба во Скопје или Софија, која е отворена.
Договорот, според изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов, дадена пред две недели, останува основен приоритет во бугарската поддршка на македонските евроинтеграции.
Инаку, преговорите беа во застој подолго време поради изборите во двете земји. Најавените средби би биле први по изборите во Бугарија во октомври и формирањето на новата Влада.
Извори за "Вечер# велат дека климата е многу поразлична во споредба од пред две години, а односите се коректни и на работно и на политичко ниво, за разлика од пред неколку години кога бугарската страна инсистираше на безусловно прифаќање на дел од нивните ставови, на што Македонија предложи по неколку варијанти за секоја спорна точка од договорот со права и обврски за двете страни.
(Ивона Талевска)