Колку и да се добри Анхоч пак си ти крив што си одбрал Голајат, тие компјутери се ок генерално, имаш предност со нив што ти даваат 3 години гаранција на сите делови, наместо 2, е сега каде е проблемот?
Ја знаеш фирмата Apple така? каква полиса имаат они на работа? зимаат компоненти од Intel, Samsung, LG, Asus, и слично, и ги пласираат како нивни, т.е. ти составуваат конфигурација, која ја класифицираат како производ вреден 3000 евра, а истиот вреди околу 1700-2000, најмногу, зошто се плаќа повеќе? затоа што купуваш наводно кофигурација која нуди поголема стабилност, и компатабилност, дрн дрн јариња.
Значи, Голајатот од 1000 евра, во реалност не вреди повеќе од 800, тоа е прва работа...втора работа, е што во Анхоч од секогаш имале само ниска класа на напојувања на лагер, тоа им е единствената мана..... верувал или не по една моја сугестија почнаа да носат Seasonic, но во многу мали колични, така што пракса им е да ставаат Gembird, Glaiatech, Hantol и слични фекалии во своите системи, кои се напојувања кои спаѓаат во ниската класа, и се ѓубре, затоа нивната конфигурација е на хартија во споредба со Apple (сооднос) доста поефтина, како конфигурација која доаѓа склопена т.е. брендерирана, они кратат добри 50-на евра на напајањето, од севкупаната цена, така што доаѓаме до 750 евра од реални 1000, при што сваќаш дека ти уствари немаш мид енд конфигурација, него меинстрим, значи каде е тука проблемот?
Проблемот е што секогаш кога се купува нешто, се прашува прво, се бара совет ако незнаеш, истражуваш, гледаш по интернет за тие пати што се нуди секогаш клучот е да добиеш најмногу за парите, без разлика дали трошиш 200 или 2000 евра, некогаш за само 50-на евра, добиваш далеку подобри компоненти, постојат сегменти во хардверот каде што завршува ентри класата а почнува средната, во кои разликата од ѓубрето до солидното е многу мала, на такви производи не се штеди, не се исплати разликата во пари....така што доколку ти си им рекол да ти стават Sesasonic напајање, наместо тоа што го имало, сега немаше да имаш никаков проблем.
За струјата не викај двапати, не е само до моментот дали имаш струја или не, играат тука милион работи улога, да не ја ширам ептен темава.
Друго, кулер не се смачкува сам од себе, другар ти лаже.