значи еве како изгледа т.е. мала грешка направив во претходниот пост.
се што ви треба е:
- Звучник од Н70/6680/7210/6100/6610/3200 нокиите - 200 денари
- Најнеоригиналните моно слушалки компактибилни за мобилниот уред кој ќе го користите - мој предлог би било да е со пин а не конектор како сониериксон/нокиа затоа што доколку ви седи во џеб телефонот и несакајќи се случи да се помрднете може лесно да се дисконектира додека пинот треба да се извлече
а за жица - ке искористите исто како на сликиве - жицата што води од микрофонот до звучникот само го кинете звучничето евентуално ако сакате да продолжите да си набавите тоа плус.
еве како би изгледало склопен целиот модул

значи кога ке ја соголите жицата внатре ке најдете најчесто една зелена и златна или црвена и златна жица составена од уште 40/50 мали жички одвојте само една од нив а одругите исечете ги. Таа жица е лакирана и не пренесува струја, треба врвовите да ги запалите со запалка за да се извади лакот за да можат да се залемат на контатките од звучникот.

еве како изгледа во рака - извинете ако се матни сликиве од Н95ка сликав.иначе на сликава се приметуваат жиците ради одблесокот од блицот, вака кога би ги поставиле околу себе и звучничето во уво скоро е и невозможно од блиску да се примети.
п.с. за да ви успее посигурно ова на факс - пуштајте коса!