Bros before hoes, sisters before misters!- важи ли?

  • Креатор на темата Креатор на темата King B
  • Време на започнување Време на започнување
сите така викаат дур не фатат женска.. Ако раскинат така ќе биде прво другарот :D Ако фати нова женска пак по старо..:pos:
 
сите така викаат дур не фатат женска.. Ако раскинат така ќе биде прво другарот :D Ако фати нова женска пак по старо..:pos:

Зависи до карактерот на личноста. Мене дечко ми прво ми е другар, па после дечко. И никогаш не сум го ставала на пиедестал дека е тој сонцето и месечината, алфа и омега.................. ниту па друштвото сум го ставала на пиедестал.
Ме нервираат луѓе кои мислат дека ако се во врска, треба да бидат 24/7 заедно и не дај боже да се мрднат подалеку еден од друг, да си објаснуваат и даваат отчет за секоја секунда кога не се заедно (навистина сереш???? ај прдни у слушалка да докажеш, ако не прднеш значи си во кафич со швалерот!) и посебно ме нервираат ликови (на пример мои другарки, екс другарки) јас и се јавувам бидејќи на неа не и текнува ,,еј жено, ај бе да пиеме едно кафе, еден саат?,, - ,,ееееј не можам денес, кај типот сум.,, - ,,епа ај утре?,, - ,, ееееј не можам, со типот глеам филм,,........... итн.
Идиотизам.
 
Иии, ти тргна со темиве еј xD

Bros before hoes, sisters before misters.
Златни правила пеер. Златни.
Мразам фаци што не си ги имаат подредено приоритетите во животот ко што треба.
Прилично ме дира темава кај што не треба да ме дира, со оглед на тоа дека веке имав случај каде што двајца, да речам, најдобри другари од моментот коа фатија цури просто ги снема, па сеа сум само на маалски "Еј, шоима? (:" познанички муабет.
Си бил со некој со години, милион маки сте споделиле, милион журки сте поминале, за шо?
Со месеци на некој да не му текне да се јави?
Пеер (:
Не поштуем (: Како да поштуем? (:
Сум толерантен, дури и повеќе од што треба, и имам разбирање и знам што е љубов, ама ако можам ја да почитувам договор, можеш и ти, и за тоа, ниедно оправдание на светов не те вади.
Среќа што имам тесна екипа која не праи вакви муфларски потези, така да, раат сум (:
 
It's chicks before dicks, but wtv.

Иначе да. Треба да важи.
За оние за кои не важи, топло му посакувам да му се скара дечкото/девојката и да сфатат дека се сами оти ги изгубиле другарите, па ќе се освестат. Е така.
 
Мислам дека женските поише заебуваат на ова поле него мажите. Тоа зошто мажите знаат поише како да се дружат меѓусебно без да им е потребна женска, имаат кафана, фудбал, игрици. Женските и кога ќе се соберат без мужи, муабетот им е за мужи. Get a life, ladies. Немање свој живот е тоа пречесто гледање со партнерот или презамарање на љубовно поле. Правиот партнер, ко мојов, ја спречува женската да ги откачи другарките за да искочи со него, дури и кога она има тенденција да го праи тоа доста ретко. Исто и правата женска подржува мушко собирање и притоа не се јавува да го проверува n shit.
 
Баланс. Нема никој предност. Ако не сум се видел со девојката некое време и во иста вечер и другарите ме викаат - со девојката ќе идам. И обратно. Ако се гледам често со девојката, посекако ќе излезам со друштвото. Сепак нив сум ги имал и пред тоа па нема зашто да ги заборавам и да ми се помалце важни. Сите треба да имаат внимание, колку што ти се важни во животот.
 
Како што кажа Dark King, мора да се има баланс.
Немам намера да запоставувам нити девојка нити другари. Ако сум букиран периодот за навечер искачање со девојката - ќе договорам кафе со другарите преку ден. И обратно.
Не би ги обележал како прво и второ место.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom