Breaking Bad

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување
Нема да биде за нив, нема причина да биде. Тие беа само мотиваторот и гласникот дека исто како Gray Matter, неговата дрога уште е на улица, и тоа поради нацистите кои го тераат Џеси на тоа. Рицинот е најверојатно за Лидија. Жената обожава да пие чај, неколку пати го видовме тоа.

Или можеби за него, можеби ќе се предаде и Скајлер ќе се спаси од обвиненијата ама ќе цркне пред ДЕА да извади нешто од него а за смртта ќе биде крив ракот нормално.
Али кој ти знае што има замислено Винс за рицинот кој е пропратен дел низ цела серија и сите се чудат кој ќе го попие...е тоа е Breaking Bad.
Иначе епизодава ми траеше 53 мин дали они рачунаат 75 со реклами or what ?
 
Victims often manifest nausea, diarrhea, tachycardia, hypotension and seizures persisting for up to a week.[3] Blood, plasma, or urine ricin concentrations may be measured to confirm diagnosis


Значи нема логика Волт на себе да го употреби пошто е болен и бавен начин на смрт, веројатно на некој што навистина го мрази... а моментално тоа можи да биди буквално секој :icon_lol:



Иначе промото за следната епизода е многу добро и покрај тоа што не открива ништо

 
Нема да биде за нив, нема причина да биде. Тие беа само мотиваторот и гласникот дека исто како Gray Matter, неговата дрога уште е на улица, и тоа поради нацистите кои го тераат Џеси на тоа. Рицинот е најверојатно за Лидија. Жената обожава да пие чај, неколку пати го видовме тоа.
Лидија е сламката за спас на Скајлер. Може доколку ја предаде ќе успее она и децата да влезат во програмата за заштита на сведоци
 
Ќе нема смисла понеделник како ден после серијава :(. И да, ако Волт го спаси Џеси од нацистиве и умре ќе повратам врз лаптопов. Не заслужува прдлото.
 
Лидија е сламката за спас на Скајлер. Може доколку ја предаде ќе успее она и децата да влезат во програмата за заштита на сведоци


Лидија сака да ја убие Скајлер. Слушна кога рече дека не е доволно само за да заплаши? Лидија сигурно умира.
 


goosebumps_2443265b.jpg
 
Лидија сака да ја убие Скајлер. Слушна кога рече дека не е доволно само за да заплаши? Лидија сигурно умира.
Волтер помина во колибата веројатно 2-3 месеци. Ние знаеме дека куќата му е одземена во моментот кога тој ја гледаше емисијата, а во неа кажаа дека го има на пазарот уште плавиот мет. Тој ги прочита и дел од весниците каде немаше ништо за тоа дека Скајлер е убиена. Заради овие настани мислам дека веројатно таа соработувала со полицијата, а и редоследот на сцените во оваа епизода беше таков. На Скајлер и кажаа агентите дека мора да им даде нешто, а подоцна Тод и екипата ја спомнаа Лидија.
 
Тажна, многу тажна епизода.

Минатата епизода во брутално брзо темпо гледавме како се распаѓа империјата, а сега имавме еден скршен, уништен крал, без кралство, со едно буре пари и многу болни спомени.

Колегите од младоста на Волт, може некаде напишав претходоно се клучот на се, од нив почна и од нив се затвора кругот на траснфорамцијата на Хазјенберг.

Тоа беше мотивот, неуспехот на професиоанален план, фактот што Волтер Вајт од еден вистински Хајзенберг, брилијатен научник на 50 години дојде да биде обичен учител по хемија, кога дозна дека има рак си рече, што ќе остане после мене ништо, никаков успех, ништо по што ќе ме запомнат, никакво наследство за фамилијата, еден куп долгови и болка. А што се можеше да има.

За на крај уште еднаш да го понижат, целосно негирајќи го и тој мал удел што го имал во Греј Матер.

Време е за последниот удар на Хајзенберг.
 
Волтер помина во колибата веројатно 2-3 месеци. Ние знаеме дека куќата му е одземена во моментот кога тој ја гледаше емисијата, а во неа кажаа дека го има на пазарот уште плавиот мет. Тој ги прочита и дел од весниците каде немаше ништо за тоа дека Скајлер е убиена. Заради овие настани мислам дека веројатно таа соработувала со полицијата, а и редоследот на сцените во оваа епизода беше таков. На Скајлер и кажаа агентите дека мора да им даде нешто, а подоцна Тод и екипата ја спомнаа Лидија.


Мислам дека таа си ќутеше сепак до крај и едноставно ја има само изгубено куќата и е на ново место. Не ни реков дека е мртва, туку дека Лидија не сака да има некој кој знае дека она е вмешана. Како и да е...


XpJwlJ0.jpg


gaAdJr5.jpg


2jfnIoL.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom