Breaking Bad

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.746
Поени од реакции
18.496
Дали тоа SFU ќе стане само 2-та серија во мојот живот? :(
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.152
Поени од реакции
8.946
Истото го помислив и јас, се чувствував како да гледам филм. Прекрасна атмосфера имаше епизодата и очекувано убави кадри (Волт во цистерната :) )

Инаку Џеси оваа сезона се надмина со глумата и може ќе си добие Еми. Очајот на лицето при убиството е незаборавен
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Прејака епизодава,прекрасни кадри и режија како повекето ББ епизоди и серијава финишира на еден генијален начин што според мене ББ ке биде една од најдобрите серии на сите времиња со најак финиш.
Воопшто до сега не затупе серијава ниту еден период како што изминуваа епизодите све појака и полуда стануваше,ех колку само ке ми фали :(
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Откако ми спласнаа импресиите од последната епизода морам да дадам мала конструктивна критика.

Се се надевам дека деновиве ќе одекне сензацинална бомба вест : „Продуцентите на Б.Б спремале изнандување, има уште три епизоди чие снимање е држано во тајност“!

Зошто го викам ова, покрај фактот дека ќе се продолжи уживањето во оваа веќе легендарна серија, не можам а да не искритикувам дека иако последната сезона руши рекорди во гледаност, рејтинзи и се, сепак според мене е малце убрзана за да се заклучи дејството во 16-те епизоди на петта сезона.

Претходно дискутиравме дека периодот кога Волт соработува со Лидија и бизнисот во Чешка е пребрзо прикажан, а и сега после 14-та епизода кога се распадна империјата, во последната видовме само што се случи со Волт. ( и малце за Саул). Но премалку ни е прикажано што се случи со другите ликови. Каков е односот на Мари и Скајлер по се што се случи со Хенк и Волт, како се снаоѓаат Скајлер и децата во сите скандали и најважно, како го открија Волт и неговиот бизнис. Оти за тоа знаеа само Хенк и Гомез, нема многу живи сведоци кои останаа да посведочат, ниту пак има некои материјални докази ( за лабораториите, за дистрибуцијата). Скајлер и да признала нешто на властите, реално не знае многу за деталите на бизнисот.

Така да сметам дека требаше да има или шест сезони, каде петтата ќе беше стандард со13 епизоди,а шестата доволно ќе беа и 8, или петтата сезона да имаше 20 епизоди поделени во два дела по 10, мислам дека ми фалат уште неколку епизоди.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.764
Поени од реакции
52.741
Исто и јас мислам дека фалат бар уште две епизоди. Ама ај, ќе видиме какво ќе биде финалето.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.883
Поени од реакции
10.416
2 крала...Бел и Црн ;) Дали Шварцевите беа само начин да се преобрази Волт во она што е сега, Хајзенберг 2.0 или Волт навистина ќе им влезе Тони Монтана стил? Неочекуван развој на настаните, не ги очекував нив во приказнава иако тие се точката од каде што се почна, примарна фрустрација на Волт во животот. А се укажува дека финалето ќе ја затвори приказната со враќање кон почетокот, круг од 360 степени.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Секако, никој не очекуваше дека нацисти ќе бидат негативците на крајот, можеби и малце одлука од брзање, бидејќи нема време да се развие приказна за други негативци. Прво беше локална нарко мафија, па се вмеша мексиканскиот картел па и големата мрежа на дистрибуција на Фринг, за да заврши со 6 нацисти со лугери, што е малце чудно прогресивно гледано.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.441
Поени од реакции
18.627
Каков е односот на Мари и Скајлер по се што се случи со Хенк и Волт, како се снаоѓаат Скајлер и децата во сите скандали и најважно, како го открија Волт и неговиот бизнис. Оти за тоа знаеа само Хенк и Гомез, нема многу живи сведоци кои останаа да посведочат, ниту пак има некои материјални докази ( за лабораториите, за дистрибуцијата).
Знаеше и Мари,а и волт призна преку телефон.Сепак не знаат се,али доволно да знаат дека е Хајзенберг кој е веќе познат како име.
Секако, никој не очекуваше дека нацисти ќе бидат негативците на крајот, можеби и малце одлука од брзање, бидејќи нема време да се развие приказна за други негативци. Прво беше локална нарко мафија, па се вмеша мексиканскиот картел па и големата мрежа на дистрибуција на Фринг, за да заврши со 6 нацисти со лугери, што е малце чудно прогресивно гледано.
Фринг беше прав негативец за серијава,али со него не можеше да се заврши серијава на овој начин,распад на империјата и бидејки таа империја беше негова.Нацистиве се као пропратни колку да има некој негативец,иначе сеа главен проблем за решавање му е односот со фамилијата...за разлика од претходно кога беше фокусиран на лошиве дечки:)

Иначе се надевам ќе заврши серијава со смрт на волт али барам какво такво приближно помирување со фамилијата,да има некаква сатисфакција после све што преживеа.После се Валт не е човек како што го претставуваат,ладнокрвен drug lord со некаква империја бидејки се што имаше од една империја беа парите и соработници,немаше свој луѓе.Немаше особини на таквов човек,и не уби никој кој директно не беше поврзан со мафијата и ќе умреше на некој начин.Реално доста од тоа што постигна беше базирано на среќа а не само на паметни потези.Ако некој човек беше прав хардкор наркобос тоа беше Фринг,со сите негови карактеристики.
 

Sk8eR_BoY

Сведок
Член од
5 мај 2006
Мислења
141
Поени од реакции
6
Значи сериваја ептен добра.... најдобра...

Викаат Сопранови е подобра, ама јас кога ги гледав бев мал, па не ја контав толку добро.

Како и да е ББ е според мене најдобрата серија која сум ја гледал до сега :)
 

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Очекувам Grande Finale ! :) Џеси го уништија психички...
 
Член од
8 мај 2012
Мислења
21
Поени од реакции
16
Најјака серија шо сум ја гледал! Скептичен бев од прво, еден другар ја гледаше и ми вика, гледај ја, јака е. И еднаш бев кај него, па се погоди епизодата со мувата, и му прам, шо се овие глупости... Па по пола година немаше шо да гледам, и си реков чек брејкинг бед ќе ја гледам. И после пола од првата сезона, мозокот - БУМ! Шо е ова си реков. И 4 и пол сезони за 2 дена ги изгледав па 5тата ја гледав на недели. Најхард кор серија шо имам гледано! Едноставно чиста 10ка. Мислам сите го сфаќате тоа :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom