Breaking Bad

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување
Серијата ми е во топ 3 според квалитет, ама прва сезона е многу спора и поради тоа многу луѓе не ја загледуваат. Среќа и дадов јас 2ра шанса на времето
 
Какви досадни, 1 и 2 сезона се епик, дури би рекол најдобри. Цела таа трансформација и начинот на кој влегоа во криминалниот свет, тешките и за нив незамисливи одлуки кои ги направија се толку добро доловени, што цело време се прашував дали јас би имал храброст да дојдам барем блиску до тие луди трансформации доколку би бил во слична ситуација, од професор болен од рак, до број 1 криминалец во државата, од обичен мирен човек, до разулавен убиец, човек кој дига во воздух објекти,кои се во сопственост на нај безмилосниот/опасниот дилер на дрога. Би рекол дека им е досадна, на тие кои во животот претпочитале акции, проактвини серии и на помладите гледачи. На сите други тоа "споро дејство" - градење на серијата, ни беше еден прекрасен и одлично разработен увод во една маестрална и уникатна серија. Обработката на карактерите во тој период, беше нешто што мислам дека ги засени сите серии кои сум ги гледал, без размислување, неверојатно добро изградени карактери.
 
Стварно ако мислите дека Breaking Bad е спора немојте некогаш да ви текнало да ги гледате The Wire и Six Feet Under. Ќе умрете од досада гарант.
 
и ofc, ако не сакате споро дејство автоматски сте деца и сакате акции :D
 
И нека слушаат One Direction
Да ми е срам што сакам спори филмови/серии од вакви хејтања :D
Се е до вкус и тука. Ако немале attention span луѓево немало ни да ја изгледаат серијата до сега
Ама дека тоа има врска дали е некој позрел или сака акции, можам бар 10 добри примери од ИРЛ да наведам каде што интелигентни, зрели, постари луѓе не сакаат спори филмови
 
И нека слушаат One Direction
Да ми е срам што сакам спори филмови/серии од вакви хејтања :D
Се е до вкус и тука. Ако немале attention span луѓево немало ни да ја изгледаат серијата до сега
Ама дека тоа има врска дали е некој позрел или сака акции, можам бар 10 добри примери од ИРЛ да наведам каде што интелигентни, зрели, постари луѓе не сакаат спори филмови


Значи секогаш правиш претерани анализи на зборови, и ги толкуваш како што ти одговара :D

Истото беше и со не е за сите ставот, кој ти го доловив колку можам подобро за да сватиш дека не е обвинување, него чиста логика да има луѓе кои неможат да сварат како нас филмофилите тешки драми, мистерии, хорори, трилери итн. И тука истото важи...
 
знаев дека многу лично го сфатив тоа хејтање, а и не ми е прв пат, моја грешка :D
 
Ако после сите овие постови на минативе 2 страни, некој од Вас спомне дека Game of Thrones е спора (шо беше наголемо пишувано за 2 и 3 сезона), ќе ви пратам по едно рицино по пошта! :)

Спора серија ≠ досадна серија!
 
Ако после сите овие постови на минативе 2 страни, некој од Вас спомне дека Game of Thrones е спора (шо беше наголемо пишувано за 2 и 3 сезона), ќе ви пратам по едно рицино по пошта! :)

Спора серија ≠ досадна серија!


Абе Трансформерс генерации, сакаат пукање и рипање од коли цело време за да им е интересно.
 
Па да кажеме дека го чекам понеделник исто ко шо ја чекав недела ко дете ( цитај Нинџа желки на МТВ1 ) :D
 
Какви досадни, 1 и 2 сезона се епик, дури би рекол најдобри.
Не досадни, тешки за загледување. Мава депресија од серијата (сум слушнал дека Six Feet Under е таква). Уште која се трагедија ја немаше во семејството на Волтер. Болен син, едвај крај со крај сврзуваат, тој добива рак на плуча (не е пушач), Скајлер останува бремена.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom