Okay, here we go now...
Чекав да искочат сите епизоди и да ги изгледам, и дочекав. Во меѓувреме гледав да се скријам од спојлери, и успеав во тоа комплетно. Сепак, одсекаде доаѓаа „бранови“ на пофалби за серијата како досега нешто невидено и како се надминалаи самата себеси.
И почнав, првата епизода беше факинг епик! Перфектна прва епизода, по која си реков дека стварно ќе се орпавдаат високите очекувања.
Но, не бидна така. Еве после 8 епизоди, сум (речиси) радмнодушен на серијава, како што не бев у минатата сезона. Особено во поглед на приказната. Сезонава се’ се одвиваше некако тивко и еднонасочно, Волтер се топеше во Хајзенбер, го достигна дното, серијата (за мене) немаше никаков спин кој ме извади од патики.
New season, new crew a? Yes, but no. Шознам, реков, некако сум рамнодушен на приказната, гледајќи постојано имав мали замерки за нелогичности, можда требаше да ги запишам на лист.
Особено ме нанервира „делот“ со Мајк. Океј, претпоставував дека некој ќе ги скине конците, и најверојатно тоа ќе биде Мајк, но оној Мајк, генијалецот, кој беше секогаш чекор пред другите прави клучни грешки кои ќе го чинат.
Прво, го чува Валт цела вечер, за сабајлето да неможе да почека уште еден саат и да го напушти !? И тоа врзувајќи го со гумена нараквица за радијатор!? Фор факинг сејк, Лидија ја имаше врзана со лисици...
Второ, му доверува торба со пиштол на Волт, кој претходно му избега (при горенаведениов случај). Разбирам дека му се јави да му каже за цајканите, но тоа беше само заради тоа што и Волт ќе го јадеше тогаш.
Трето, вработува шутрак од адвокат.... не шутрак као Гудман, него комплетен шутрак, чија „глупавост“ одлично ја доловија со чуварката на сефот.
И тука доаѓаме до момент каде што Мајк, бескрупулозниот убиец е good guy во споредба со Волт. Јак момент у секој случај, нема збор за тоа. Волт или Хајзенберг е сунѓер кој впива по нешто од секој „негативец“. Туко, Гас, Мајк = Хајзенберг.
Семејните расправии... шознам, премногу динамично превртливи до степен на нереалност. Час луди, час присебни... Ми се допадна тоа што тој дел од серијава (куќата особено) во новава сезона доби dark елемент. Значи комплетна темнина и тишина... брак уништен до крајот, кој го одржува само љубовта кон децата.
Кога спомнувам љубовта кон децата, доаѓам до Лидија, која мене ми личи на mini-Хајзенберг. Точно, веќе долго време е „упатена“ у бизнисот, но оние реакции на неспретност но и генијалност во сенка потсеќаат страшно на Волт од првите 2 сезони.
И тука се вртиме на „добрата“ страна. Прв дел од таа страна е глумата. Мислам излишни се зборови, нема актер што не го доловува ликот стопроцентно! Од Кренстон и Арон до батката на отпадот со магнетите. Камерата, музиката, обрнувањето на внимание на деталите, сето тоа е останато маестрално како што беше уште од првата сезона.
Исто, ми фалеа и ониe yo’ и латино моменти од претходните епизоди. Едноставно и даваа уште посебен шмек на серијата. Џанаците, братучедите, Туко, Хектор, Дон Еладио... that was awesome. Оваа сезона немаше такво нешто, освен на крај со „нацистите“.
Али да не се распишам пре премногу иако има уште да се пише и позитивно и негативно.... Пред почетокот пишав дека типувам на тоа сезонава да заврши на „среќен“ начин, и тоа се деси... но сеа, на „полусезона“. За натаму... we'll see.
By far: едно од најдобрите шоуа ever? - yes. Најдоброто !? - No... не сеуште.
Лани мојот скромен субјективен став го пренесов со отцена 9 на imdb, сега давам 8, поради „просечната“ сезона.
So, rape me!