BliND
Raptus regaliter...
- Член од
- 16 јануари 2006
- Мислења
- 3.963
- Поени од реакции
- 361
- Возраст
- 27
Се мислев каде да ја ставам темава па ја ставив во подфорум „Музика“ .
Ако постои ваква тема веќе или ако модераторите сметаат дека не и е тука местото слободно може да ја преместат.
Значи Break-dance е начин на улично играње кој се појавил во 1970` на улиците на Менхетен и Њу Јорк Сити најчесто од страна на Афро-Американците. Овој начин на играње е најчесто поврзан со Хип-Хоп културата , меѓутоа исто така е и тесно поврзан со електронската музика па се до алтернативниот рок . Воглавно музиката на која што се брејк-денса треба да има силен , потенциран бас според кој играчите се ориентираат. Начинот на играње како и да е, аналогно на името , се состои од брзи потези најчесто со прекршување на нормалната линија на телото . Играњето опстанало во текот на годините при што се додавале нови елемнти, а една од најголемите новини во брејк-денсингот бил robot dance-от кој го извел Michael Jackson во 1974 за песната Dancing Machine. Исто така и Moonwalk потегот измислен од страна на Michael Jackson имал голем придонес во развивањето на брејк-денсингот.
Брејк-Денсингот воглавном се состои од 4 елементи :Toprock , Downrock , Power move и Freeze.
Toprock е самото по себе начин на играње за кој е потребна мешавина од ритам , координација ,флексибилност и пред се стил . Топрокот опфаќа голем број на потези почнувајќи од Салса степинг па се до Робо-денс.
Downrock е воглавном делот кој е повеќе ориентиран кон работата на нозете . Неретко за време на изведувачите се наоѓаат на сите 4 и започнуваат со мрдањето на нозете , најпознат downrock елемент е 6-степот .
Power moves се потези кој најчесто се изведуваат на земја користејќи ги сите мускули на телото , неретко луѓето се повредуваат додека ги користат. Најголем дел од нив се всушност многубројни кружни ротации додека балансот е на одреден дел од телото независно дали е тоа ногата или пак горниот дел од торсото. Како и да е , луѓето кој ги користат само power moves-от се најчесто непочитувани поради тоа што за нив не е потребен никаков стил или ритам , се што е потребно е флексибилност и сила.
Последните потези се freezes кој всушност името ги објаснува . Станува збор за замрзнувања односно задржување за неколку секунди во позиција која најчесто воодушевува и изгледа дека е тешка за правење (кога всушност не е ) , дали е тоа стој на раце или пак :
, сепак се работи за истиот потег.
Brake-dance - от е исто така тематика на повеќе филмови во изминатава деценија , филмови како Step Up , Step Up 2 , How She Moves , Stomp the Yard и сл.
И за крај еве кратка секвенца од филмот Step Up 2 и се надевам дека ќе поделите некое ваше искуство поврзано со брејкденсинг :
И ако некој има информации во Македонија дали некаде има вакви случувања , нека пише . :back:

Дијагноза : преголема возбуда :nesvest: фак.... 