Ммм .. за јадењето и начинот на кој е подготвено не би можела да се бунам, секој го прави на свој начин и ако не е вкусот каков што јас го знам, не значи дека е лошо. 3 жени ориз со пиле да прават, секоја различно ќе го направи.
За несмасни жени, немам коментар. Да, се случува влакно да падне итн, ама околу подготовките и уткањето комплетнио (недоварено, недопечено .. итн) неможам да ги разберам. Неможеш да правиш јадење, да викате пријатели на вечера, ако претхониот ден си научила како се уклучува шпорет. Неискусните жени првите јадења нека ги приготвуваат за мажот и себе, додека не се научат одлично да го подготвуваат јадењето, затоа што сепак храна е, не мора невини души (стомаци, заби ...) да патат .. И оние што ти даваат прљави виљушки, чаши со отпечатоци .. пред да викнеш гости измиј ги и среди ги! Кога ќе си отидат гостите, измиј ги и среди ги! Па, нема погадно од прљави садови .. грозно е .. мене лично, ми се гади од такви работи ..
Ако видам влакно, нема да јадам. Или било што слчно. Заради таков настан пред 3/4 години, кога во кашата видов нешто одвратно, до денес немам пробано каша ..
Многу често на прослави се погодува да има торта со суво грозје, а го мразам. Ако не ни се многу блиски пријателите го јадам без коментари. Откако ќе го изедам ја пофалувам тортата. Не се тие криви што не сакам суво грозје.
Ако ми се поблиски го вадам на страна и кажувам : не јадам суво грозје. Да де, детенце сум, го вадам и го ставам на едниот крај на тацната.
За домашни слатки, компот и сокови .. ако ми е убаво го јадам/пијам .. ако не, каснувам/пивнувам малку и го оставам .. не можам тоа со сила да јадам ..
А за кажување, да го срамам пред други или да се бунам за храната, не би .. некако жал ми е .. колку и да ме нервира тоа во моментот .. :helou: