ada напиша:
Имам полубрат, помал од мене 9 години( но, фактот дека не сме од ист татко ни најмалку не ми значи) и го обожавам.
Нема врска тоа што е од друг татко. Ако го сакаш, занемарливо е тоа. Важно е чувството кое го носиш во себе кое не се опишува. Те сфаќам потполно:smir:
И кога ќе ме праша некој дали имам брат или сестра, никогаш не сум рекла дека имам полубрат. Брат и точка.
(Не ме сфаќај погрешно за последново, нема врска со тебе. Имав потреба само да искажам дека не правам разлика.)
ada напиша:
Малечок е па знае понекогаш да биде напорен(особено ужива да ми досаѓа кога зборам на телефон или имам друштво дома, чак понекад и на msn се допишува со мои другари

), али лутината ми поминува многу брзо.
И брат ми е ист!
Ама го научив да не ме замара кога разговарам, да не ме прекинува и сега е послушен и културен.
А кога имам дома друштво ќе се залепи на место, не излегува и да го викаат другарите, интересно му е да разговара со нив. Малку е срамежлив додека се опушти, ама после прв другар ќе ти биде

Ако знае дека пример некоја другарка ќе ми дојде со дечкото на гости, отворено си кажува онака грижливо дека мора да види другарка ми со кој си има работа
ada напиша:
Скоро секогаш знае да ме орасположи кога сум тажна и да заборавам барем на кратко на проблемите. Уживам кога си играм со него, зошо и јас тогаш се осеќам ко дете. Се на се сум среќна што го имам.
Помина кај мене тој период кога си играв со него, сега веќе кога му се појавуваат мустачиња пубертетлиски ми е интересен на друг начин. Секоја промена во однесувањето му ја следам, се` поинтересен и поинтересен ми е.
Се извинувам што ти упаднав вака со пост, ама секогаш ми доаѓа желба да зборувам за братчето. Го сакам најмногу, што да правам. Душичка моја најмила.