....ај ке ви појаснам и зашто се толкави сметките кога скоро пола ке се исклучат... во потстаницата има пумпа која бутка одреден број на литри топла вода. после нејзе има сензор на влезна температура кој мери колку е топлата вода уствари топла, после има водомер еден кој служи за мерење на истата литража т.е. кубици на вода пројдено, и на крај има уште еден сензор кој ја мери излезната температура, онаа што се враќа назад кон топлификација. сите овие 3 точки на мерење запишани и поврзани со едно дигитално склопче се уствари оној склоп што они го велат КАЛОРИМЕТАР и според кој се добива финалниот број на топлински калории потрошени преку таа подстаница. е сега, на крајот од месецот би требало, да се соберат сите грејни квадрати во зградата, па да се поделат со потрошената енергија и се добива финална пресметка за цена на греење по квадрат. понатака за секој стан има колку се грејни квадрати и се множи со цената добиена претходно од квадрат и така ја добивате сметката за греење...
ШТО СЕ СЛУЧУВА КОГА НЕКОЈ КЕ СЕ ИСКЛУЧИ ОД ТОПЛИФИКАЦИЈА? па лесно е за објаснување, пумпата и понатака си ја друка истата колична на вода, сензорите и понатака си мерат исто НО бројот на грејните квадрати се намалува... ако е тоа еден до 2 стана од зграда која има да речеме 30-40 стана нема ни да се примети, ама ако е скоро половина е тогаш е сериозен проблемот... истите параметри истата снага се исто ама скоро напола грејни квадрати и така расте цената. значи топлификација, со поставувањето на калориметрите си се заштити самата себе да има што помали губитоци кога некој ке се исклучи........