Бран поскапувања:Бензините и дизелот од ноќеска со повисоки цени, струјата и парнотo.

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
со совесна политика нема да има потреба од штрајкови и слично......со покачувањето на цената на материјалите за изработка на горивото-логично е акцизите и царините да паднат на истите заради тоа што државата пак ќе ги зема истите пари-ако се сака СЕ се може....
 
денес од 13ч цела бугарија ќе протестира против високите цени на горивото. идејата им е на сите бензински да се создадат колони од автомобили и секој да полни бензин за неколку стотинки, па наново да се врати во редот и истото да го прави по неколкупати - но исто и против високите цени на струјата,водата....
http://bg.time.mk/read/f44e175b50/835f844a04/index.html
Днес гаврата со бензиските пумпи беше полна. Масово се полнеше от 0,1 евро до 0,5 евро и се плакjaше вака
path_34414.jpg
 
Бензините поскапуваат за 2,5 денари за литар, а дизелот и екстра лесното гориво за три денари, од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Комисијата, според одлуката, ги зголемува рафинериските и малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,51 отсто, односно за 4,36 насто.

Малопродажните цени на Еуросупер 95 и на Еуросупер 98 се зголемуваат за 2,5 денари за литар. Така, сега, цената на Еуросупер 95 ќе изнесува 79,5 денари за литар, а на еуросупер 98 - 81 денар за литар. Малопродажните цени на еуродизелот (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за три денари за литар. Новата цена на еуродизел (Д-Е V) од полноќ ќе биде 70,5 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство - 59 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 се зголемува за 2,061 денари за килограм и неговата цена од ноќеска на полноќ ќе изнесува 41,626 денари.

Од Регулаторната комисија за енергетика информираат дека цените се зголемуваат поради тоа што просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите две недели изнесувала 114,41 долари за барел, што е за 7,89 отсто повеќе од просечната цена на сурова нафта - 106,042 долари за барел, по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетодневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 6,56 отсто или за 60,575 долари за тон, кај дизелот за околу 7,56 отсто или 66,050 долари тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 7,15 отсто или за 41,287 долари за тон.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=83878&kategorija=2

Особено загрижувачка била состојбата во селото Дебреште, каде што тутунот скапувал по дворовите и на тракторите.
- Што со неоткупениот тутун? Кој ќе го земе? Од што ќе живееме? Дали да го произведуваме годинава - прашува месното население во Дебреште.

Тутунарите што го предадоа тутунот во Тутунскиот комбинат се жалат на доцнење на исплатата на парите.

- Еден месец доцнат со исплатата на парите. Како ќе се подготвуваме за новата реколта без пари. Не знаеме ни што ќе предвиди новиот закон за тутун. Од здруженијата ништо не кажуваат. Ги повикуваме да излезат и јавно да нé информираат како тутунари за што преговараат - вели Сашо Јорданоски од штрајкувачкиот одбор на тутунарите.

Откупот на тутунот треба да заврши утре. Тутунарите не веруваат во информациите што се слушаат низ Прилеп дека е можно рокот за откуп да биде продолжен.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3141190412&id=10&setIzdanie=22230


Железничкиот транспорт пред колапс. Не само поради прастарите возови, вагони и инфраструктурата, туку и поради незадоволството на вработените во двете железнички претпријатија – „Инфраструктура“ и „Транспорт“. И едните и другите неодамна најавија штрајкови со кои возовите ќе ги закотват на пероните се' додека не им се исполнат поставените барања. Иако синдикатите на „Инфраструктура“ му дадоа рок од една недела, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, се' уште не им закажал средба на вработените во јавното претпријатие. Од него бараат обезбедување поредовни плати и враќање на привилегиите, кои ако не со преговори, ќе ги бараат со прекин на работата и запирање на возовите. Претставниците на синдикатите велат дека преговараат и со менаџерските тимови на двете железнички претпријатија, но не се откажуваат ниту од средбата со министерот Јанакиески.

Протест преку своите синдикални организации на 24 март закажаа и нивните колеги од МЖ „Транспорт“, со кој се надеваат дека ќе предупредат на состојбите со кои подолго време се соочуваат вработените во фирмата. Тие бараат социјален дијалог со директорот Оливер Деркоски, за кого велат дека само еднаш ги примил во изминатите 10 месеци. Од него ќе бараат потпишување колективен договор и систематизација на работните места со кој ќе треба да се оправдаат новите вработувања во фирмата.

Синдикалците нагласуваат дека се свесни оти решавањето на напластените проблеми не зависат многу од менаџерските тимови на двете фирми, бидејќи е познато дека железницата се финансира од субвенционирањето на патниот сообраќај од државниот буџет.

„Сите прашања остануваат отворени. Остварена е средба со раководството на претпријатието, но ќе инсистираме и на средба со министерот. Постапката за подготовка на предупредувачкиот штрајк си тече, согласно со законот, но се надеваме дека нема да се реализира“, вели претставникот на железничкиот синдикат на „Инфраструктура“, Драган Алексовски, и нагласува дека не отстапуваат од барањата да земаат редовна плата, истовремено со колегите од „Транспорт“ и да си ги повратат привилегиите за бесплатно возење со железницата.

Дијалогот и покачување на платите согласно со последните поскапувања може да го спречат и штрајкот најавен за 24 март, кој вработените овој пат решиле да го организираат во кругот на фирмата без да го нарушуваат нормалното одвивање на железничкиот сообраќај, најавуваат од Синдикатот на вработените во Подружницата за влеча на возови. „Во голема фирма како што е МЖ ’Транспорт‘, неопходно е да се потпише колективен договор и да постои систематизација на работните места. Задоволни сме што има нови вработувања, но сакаме да знаеме на кои работни места се поставуваат овие луѓе. Недозволиво е директорот да се сретнува со синдикатите само ако протестираат. Затоа се надеваме дека овој пат нема да биде така“, вели претседателот на Синдикатот, Кристифор Франковски, и нагласува дека очекуваат првата средба да се случи веќе идната недела.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=0E4AABFBAA24934C8567458BC76C3A30

Многу ве сака владата
 
ја кога ви викав дека до 100-ка ќе дојде литар до лето вие не верувавте :helou:
 
Евтино ни е евтино, а избори се ближат цицки ќе се лижат, кој преку стакло кој од далеку ќе слини......

Точак немам возено пиииииииииииииии пет години а каков швајцарец имам во визба прашина така фаќа додуша тоа седиштето многу незгодно му е како оние на трките ама изгледа ќе треба да го навикнам дупето мое дебело....
 
Абе шо е за нас тоа 80 денара а ? шо е тоа ништо !

цц само нас не дупчат како сакат бе и после шо кога ќе купиш кола на шо ќе ја возиш ќе требе од јадењето да си скратиш. бедови бедови
 
Паѓање на нафтата и дигање на цените кај нас. Овие регулаториве треба да одат на гилотина!
 
Паѓање на нафтата и дигање на цените кај нас. Овие регулаториве треба да одат на гилотина!

Хм, леандро за тоа да се деси на сите ни фали еден дел кој преставува храброст. Јебеш га ја немаме
 
Многу ми се допаднаа два одговори на членовите на власта прашани дали го чувствуваат ценовникот шок.

Дулиќ у стил, ја земам висока плата ништо не осеќам.
Каргов немал време за ништо, камоли да осети нешто.

Фалеше уште Марија Антоанета да се појави од негде и да каже народе јадете колачиња, лебот поскапе.
 
Паѓање на нафтата и дигање на цените кај нас. Овие регулаториве треба да одат на гилотина!

Кај виде паѓајне на цената на нафтата? Таа константно се движи над 100 Долари моментално. Во Македонија има најефтин бензин во цела Европа ако споредиш. Што е владата крива за поскапувајнето на нафтата во цел свет? Сегде растат цените ма не може да очекуваме и кај нас да не растат. Никој не сака да плаќа толкави суми за бензин ама не би рекол дека е владата крива.
 
Кај виде паѓајне на цената на нафтата? Таа константно се движи над 100 Долари моментално. Во Македонија има најефтин бензин во цела Европа ако споредиш. Што е владата крива за поскапувајнето на нафтата во цел свет? Сегде растат цените ма не може да очекуваме и кај нас да не растат. Никој не сака да плаќа толкави суми за бензин ама не би рекол дека е владата крива.
Види на овие сајтови
http://news.yahoo.com/s/ap/oil_prices
Oil prices slumped below $98 a barrel Tuesday as traders braced for the worst in Japan, where a third explosion in as many days at an earthquake-damaged nuclear plant triggered a radiation leak.

http://priceofoil.org/

http://www.bloomberg.com/energy/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom