Бран поскапувања:Бензините и дизелот од ноќеска со повисоки цени, струјата и парнотo.

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Бран поскапувања: Бензините и дизелот од ноќеска со повисоки цени, струјата и парното од 1 јануари

getImageThumbnail.php



Малопродажните цени на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Еуросупер БС-95 ќе се продава по 73,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 по 75 денари, а Еуродизелот по 62,00 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за три денари и ќе изнесува 51 денари за литар. Се зголемува и малопродажната цена на мазутот кој ќе се продава по 33,987 денари за килограм.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесувала 90,705 долари за барел и е за 5,56 отсто повисока од просечната цена по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот две недели изнесувал 46,2612 денар и е за 0,7 отсто повисок од курсот по кој беа формирани досегашните цени.

Регулаторите одлучија да ги коригираат цените и на струјата и на парното. Од 1 јануари идната година струјата ќе биде за 6,36 проценти поскапа.

Цената на парното по Нова година ќе биде поскапо за 0,6 проценти.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=68764




:toe:.
 
Ќе сурфаме на бранов така ми изгледа, уствари што да изгледа советот на мудри регулатори веќе реши нема дебата нема ништо....
 
Шо имаме гајле, просечна плата 25 000 денари, пуна капа. :)
 
Zlaten tocak zima ne zima toa e ke mora da go javam nego ova gi pominuva site merki
 
Посекако се очекуваше ова, секое зимо поскапување за 2,а после тоа намалување 0,.... па видете сега ние како страдаме :)
Логика бе брат :pos:
 
Мамето нивно лоповско се живо и диво поскапеа нема сега златни нозе нека не држат и движат и ќебиња нека не греат друго ништо не останало :toe:
 
Се е поскапо.

Струја не знае да дојде под 3000 денари ( без греење) , сега ако поскапат уште еднаш :s

Според заводот за статистика само за Храна , во септември месец просечно се трошело по 12.000 денари , додај на оваа и струја, вода , телефон , алишта , плус ако имаш некое дете на факултет или училиште , рачунај семестар , превоз , кирија ... САМОУБИСТВО.

500 евра месечно ти требаат за да ги задоволиш елементарните потреби. А за да купиш стан или куќа ... рачунајте сами.
 
Буџетот оди јабана по споменици и плати за јавна администрација и рамковни вработувања да седат дома и да земаат плата. Ништо не се вложува за дигање на економијата, додатно се задолжуваме со евро обрзници со големи камати, тие пари за пензии и плати. Ќе се скрши системот кај и да е.
 
сакаат да рамнат со европски цени.. блади бастардс...
Спрема стандардот, нашиот плин има најголема цена...
Продадовме златно ЕСМ, сеа ке ги грстиме австријците со пари, си играат сите игри си нас...
Македонија е добра, само ако имаш џеб шо не се празни....
 
сакаат да рамнат со европски цени.. блади бастардс...
Спрема стандардот, нашиот плин има најголема цена...
Продадовме златно ЕСМ, сеа ке ги грстиме австријците со пари, си играат сите игри си нас...
Македонија е добра, само ако имаш џеб шо не се празни....

Австријците не ти ја креираат цената, туку ја креира ненародна комисија која што не е избрана на избори а мораме да ги почитуваме нејзините одлуки.
За цената на струјата добијаа наредба по диктат од Брисел пред повеќе од еден месец.....

--- надополнето ---

Цената на струјата ќе расте

24.09.2010 - 08:03 |

Либерализацијата на енергетскиот пазар ќе ја зголеми цената на струја. А тоа е очекувано вели претставникот од Европската Комисија на осмиот министерски совет на енергетската заедница, со кој претседава Македонија.

struja_29790.jpg
Според него вредноста на енергијата не смее да се држи вештачки ниска бидејќи тоа е на штета на инвеститорите а долгорочно штета на целата економија..
- Ако имате политички цени кои не ја рефлектираат цената на производство и цените на пазарот тогаш треба да се движите кон либерализиран пазар. Тоа можеби ќе значи зголемување на цените на електричната енергија барем во еден период, но доколку вештачки ги држите цените ниски последицата ќе биде што нема да има инвестиции во енергетскиот сектор и еден ден цените ќе бидат многу повисоки од оние на либерализираниот пазар, рече Барбасо и додаде дека треба да постојат и социјални мерки без да се влијае на пазарот.
Иако беше пофален новиот закон за енергетика, независност се побара и од Регулаторната комисија за енергетика.
Директорот на секретаријатот на енергетската заедница нејков смета дека измените во законот дозволуваат поголеми обврски за регулаторите но тие треба правилно да ги искористат.
Македонскиот министер Бесими кој претседава со енергетската заедница, со украинскиот министер за гас и енергија бојко потпиша протокол за пристапување на Украина кон енергетската заеница.
Оваа земја пред 4 години ја почна процедурата за членство и денеска го доби.
Марина Доковска
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/cenata-na-strujata-ke-raste
 
Австријците не ти ја креираат цената, туку ја креира ненародна комисија која што не е избрана на избори а мораме да ги почитуваме нејзините одлуки.
За цената на струјата добијаа наредба по диктат од Брисел пред повеќе од еден месец.....
Кој пишав дека австријците ја креираат цената?
Сеа кога плакаме у евн, тие пари идат за евн... за приватен газда..
Немораше да трчаме со приватизацијата, доколку останеше македонско ЕСМ, тие пари ке идеа у мк буџет..
Златна кокошка за бедни 225 милиони евра... Тие пари за 1-2 години си ги повратија.. сега ова им е чист профит..
 
Ништо чудно. Сосема нормално како резултат на печатењето пари од ФЕД. Инфлацијата на светско ниво само што почнува. Храната, енергијата ќе поскапат уште многу многу до лето... Стандардот на живот ќе се намали нормално. Послабото евро исто е една од причините за инфлацијата - имено увозот е многу поскап а нафата е увезена..

Кај нас секако дополнително е оптертувањето од регулатори и слични групи кои секогаш служат на тесни бизнис интереси наместо на луѓето. Да ги нема регулаторите цените секогаш ќе бидат поефтини...
 
Ај сто поскапува струјата нека има бе европска цена... ама да има и европски квалитет а не да снемува струја во тетово 17 саати да нема струја во 21 век...Да не збориме за напонот низ цела држава што никаде не е 220 волти.
Ме интересира што со тоа дека ФЕД печати пари доаѓа до инфлација, меѓутоа нели на пазарот нема стоки во толкава вредност колку што само штанцаат пари?
Нели еден ден тој балон ке пукне? Што ке се случи на тој ден?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom