Брада / Бричење и иритации

Член од
6 април 2013
Мислења
357
Поени од реакции
302
Долг период во тренд е убаво средена брада и undercut фризурче, арно ама јас сум 16 години и за жал брадава не ми е нешто баш оформена за да бидам фенси типче.. :D
Како и да е да се надоврзам на топикот за кој ја отворам темава. Наредниот ден после бричење секогаш ми излегуваат по 3-4 нови акни. Немам црвенило или иритација на кожата, не користам колонска вода. Имам пробано со различни типови брич, секогаш користам нов брич, сум пробал плакнење со млака вода и со ладна вода исто е.. Некој постар што ги надминал проблемиве да даде некој совет?
 
Кога почнуваш

Прво под топла вода подолго
Земи добар остар брич
Добро испенирај и бричење процес
Пак со топла вода на крај изми се
Купи афтер шејф од Нивеа,јас го користам. :)
 
И не штеди на брич освен ако не си во можност да купиш нешто поскапо. Што повеќе жилети тоа помалку иритација и како што кажа членот погоре Nivea афтершејв и нема ништо да ти излегува.
 
wet shaver here :anco: после бричење обично се користи едно како камче, не знам кај нас како се вика, стипса демек ама не е исто, еве прегледај го видеово...


Јас од бит пазар си купив едно, 80 ден.
$_1.JPG


После се тоа најдобро е да имаш балзамче или некое кремче за хидратација.
 
Nivea балзам за осетлива кожа.
 
И не штеди на брич освен ако не си во можност да купиш нешто поскапо. Што повеќе жилети тоа помалку иритација и како што кажа членот погоре Nivea афтершејв и нема ништо да ти излегува.
Воопшто не штедам, пробав секакви видови и се трудам да ја оставам брадата што подолго само заради овој проблем, ама непријатно ми е да одам така оти биќембардите ми се целосно забрадени a не сакаат да се спојат со тој дел под устата убаво и да личи на брада :icon_mrgr:
Инаку мислев дека е проблемот во бричот и си купив Gillete со 5 сечила, пак исто беше.. Ќе пробам со Nivea Aftershave како што рекоа членовите (y)
 
Абе сите пишувате што да користи и не прочитавте дека е 16 години, пубертет, хормони може да е од тоа а не од бричењето...миј си го лицето почесто дури и кога седиш дома иди замиј се малку.
 
Инаку мислев дека е проблемот во бричот и си купив Gillete со 5 сечила, пак исто беше..

До искуството е, со таков брич и слични обично не се пази како се бричи и дали се два, три или повеќе сечива нема врска дека ќе сече повеќе, поубаво или нема да има иритации. Јас секогаш го одложувам бричењето и ја оставам брадата подолга неколку милиметри и еве ја мајка ми досадна... "ДА СЕ ИЗБРИЧИШ, ЛИЧИШ НА КОТЛАР" :facepalm: и стално иритации, посебно кај вратот, ужаааас. Решение? Посвети повеќе време на бричењето за да нема исекотини, ранички и "изгореници". Јас од сам почеток сум со четка за бричење и сапун, по татко ми. Тврда брада ама осетлива кожа, најлоша комбинација.
 
Долг период во тренд е убаво средена брада и undercut фризурче, арно ама јас сум 16 години и за жал брадава не ми е нешто баш оформена за да бидам фенси типче.. :D
Како и да е да се надоврзам на топикот за кој ја отворам темава. Наредниот ден после бричење секогаш ми излегуваат по 3-4 нови акни. Немам црвенило или иритација на кожата, не користам колонска вода. Имам пробано со различни типови брич, секогаш користам нов брич, сум пробал плакнење со млака вода и со ладна вода исто е.. Некој постар што ги надминал проблемиве да даде некој совет?
Користи безалкохолен балзам на Нивеа за чувствителна кожа. После нанесување на балзамот, стави на местото каде се исфрлаш бебешка пудра, а ако и ова не ти помага и инфекцијата е упорна - тогаш мачкај се после бричење на местото каде се исфрлаш со Хидроциклин маст. После ова нема шанси нешто несакано да се појави.[DOUBLEPOST=1448218434][/DOUBLEPOST]
Пак со топла вода на крај изми се
После бричење кожата се плакне со ладна вода за да се затворат порите и да се спречи продор на бактерии, за разлика од пред бричење - кога кожата се мие со топла вода за да се отворат порите и бричењето да биде потемелно и помазно.
 
Имаш 16 години и брадата не ти била оформена... Чекај бре дете, јас на таа возраст можда ни еднаш месечно не се бричев.
 
Наместо брич користи машинка. Јес да не ги отстранува толку темелно влакната како бричот, но бар не предизвикува иритации, бубулици и такви слични ствари.

Веќе кога се бричиш со брич, наместо пени за бричење можеш да користиш најобичен бебешки сапун. Ем попрегледно бричење, ем бебешкиот сапун е добар за кожата. За после бричење користи крема од невен или некоја крема или колонска вода на Нивеа. А за акните/бубулиците ставај паста или сок од лимон......, за неколку дена ќе ги изгори.

:)
 
Имаш 16 години и брадата не ти била оформена... Чекај бре дете, јас на таа возраст можда ни еднаш месечно не се бричев.
Да видиш ти што имам еден другар, ако викне Алах Екбер негде може секундарно да го ликвидираат :pos: Се е до генетика во генерација има неколку со Dan Bilzerian брада, а има и некои батиња мазни како бебешко газе..
 
Decki kade mozam vo skopjevo da najdam berberski bric
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom