Боречки Вештини

  • Креатор на темата Креатор на темата Strenght
  • Време на започнување Време на започнување
Некој добар боксерски клуб знае некој?

БК Аперкат, мислам во Автокоманда се наоѓаше, ама не сум сигурен. Имаше и еден во СЦ Борис Трајковски, ама не знам колку е добар клубот и дали уште постои.
 
Мислење за боксерски клуб - Скопје, во н. Автокоманда?
 
Мислење за боксерски клуб - Скопје, во н. Автокоманда?

Ако уште е тренер Руждија Калач во тој клуб, тогаш нема да се зафркнеш ако отидеш таму.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DD`
Здраво на сите. Би сакала да се запишам на ММА некаде во Скопје, ако знаете може ли да ми кажете предлог за добри клубови за ММА.

Или пак која друга боречка вештина би ми ја препорачале за девојче?
 
Здраво на сите. Би сакала да се запишам на ММА некаде во Скопје, ако знаете може ли да ми кажете предлог за добри клубови за ММА.

Или пак која друга боречка вештина би ми ја препорачале за девојче?
Мислам дека само Д Стронгест Кисела Вода и Аеродром се мма. Искрено повеќе би ти препорачал Д Стронгест Аеродром, од аспект на тоа дека многу повеќе внимание ќе ти биде посветено, иако е незгодно што е премала салата. Ако ти е за самоодбрана прашај во истиве клубови дали имаат часови џит кун до, тоа отприлика е се што учиш мма, со додадено удари во гениталии, убод во очи, техника нож и ескрима и слично.
 
Во животот пробав се, ММА, кикбокс, борење и џудо. Се натпреварував во многу дисциплини, ги пројдов сите кикбоксинг дисциплини во Македонија, Лајт-Контакт, Семи-Контакт, Кик-Лајт, Лоу-Кик, никогаш не пробав К1, Фул-Контакт.
Имав ММА професионална и аматерска борба. (Двете изгубени). Се натпреварував во Таеквондо два пати во Белград и Скопје, Вадо-Рју Карате како дете во кати, а како возрасен во кумите (борби).

После години сфатив дека секој издишува, како мускул на стероид. Те фаќа мрза, страв, стрес и обврски. Па тренингот ти станува она со коешто си почнал, во мојот случај карате, но по традиционално и дисциплинирано, без ризици и потреба од докажување и непотребни фрактури. И вака разгледувајќи го каратето сфаќам се што не сум научил до сега, се што сум пропуштил и што дури сега го осознавам. Мојот школски стил е вадо-рју. Карате мешано со џиу-џитсу, но оној кој го проучувам сам сега е Шорин-Рју традиционално карате, со по природни ставови и по минималистичко без непотребни примеси.

Убаво е да се тренира и да се одржува духот, поздрав до сите,

Oss!
 
Back
На врв Bottom