Борбен дух

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.802
Не станува збор за борбеност на физичко ниво иако тоа можеби и мал дел од темата може да биде туку повеќе за духовна борбеност како што е и насловот. Како раса како живи суштества нашите предци со лак и стрела и копје имаат ловено животни кои што биле и неколку пати поголеми од нас мислам физички, неверојатни нешта се правеле од денешна перспектива би ни изгледале малку како луди од нашето ни глупаво тупаво урбано гледиште. Денес луѓето се плашат буквално од се, од снегот, од мачки, од финансиска криза, од болести, од несигурната иднина. Страв страв страв страв насекаде околу мене, кај ни е борбениот дух, кај ни е храброста, дали судбина ни е да живееме како глувци во глувчја дупка или да ја истражуваме вселената. И не ме интересира што сте по професија пол националност боја на коса сите ние сме во истата стапица о.к., само некои од нас пробуваат да егзистираат во таа стапица а некои други сакаат да излезат од нејзе да ги скршат синџирите да видат искусат нешто ново нешто подобро. Викаат дека сме биле на врвот од еволуцијата, каква еволуција какви глупости луѓево се плашат од снегот, а сме ловеле диви животни со голи раце што би се рекло.
Ни треба малку храброст тука малку бунтовност малку критицизам, размислување надвор од шаблон тоа ни треба.
Смачено ми е да слушам за безнадежност за тешкотии за нечии маки, кога прашувам што мислат да се превземи во врска со тоа добивам одговор за вртење во круг во самата стапица, а стапицата е стапица затоа што нема решение нема слобода само тесно размислување во рамки на нечии воспоставени норми и услови во кои само на малцинство им одговара, а на мнозинството не.......
 
Има борбен дух, ама сите се бориме за повеќе пари. Кога ги имаш нив нема од што да се плашиш, освен од тоа како да не ги изгубиш.
 
Има борбен дух, ама сите се бориме за повеќе пари. Кога ги имаш нив нема од што да се плашиш, освен од тоа како да не ги изгубиш.
Парите што ги имаш не се твои и се креирани од долг, доволно е само да пуштат доволно книжни пари или соодветна бројка на монитор што го представува тоа како пари и твојата животна заштеда нема да вреди за ништо.
 
јас се плашам само од смртта, како и секое друго суштество, и тоа ако знам дека ќе има нешто друго после тоа а не "темнина" ни од тоа не се плашам.
А тоа што нашиов народ е разгален не би се замарал :\ Сакам ризик, испробувам, трпам, уживам, чувствувам ЖИВЕАМ, и се што се случува околу мене самиот си ја превземам одговорноста не ми е крив ни бц ни грујо, ни државата ни комшијата ни господ иако не верувам во него.
незнам дали само мене ми е доволно за да бидам среќен тоа што сум ЖИВ и имам 893489348 шанси за се што сакам, се од мене зависи. Дали ќе си направам да ми биде убаво или не. Не за џабе има поговорка се што се сака се може, а што повеќето се мрзливи никој не им е крив. Смешни ми се само кога ги гледам на вести и се жалат државата не ми дала ова, не ми дала тоа, кој ти е крив што не си се снашол, што чекаш од други -.-
пишувајќи ги мисливе, го изгубив фокусот и границите во кои треба да го вклопам коментаров :\
 
Се согласувам потполно со тебе.Сеа државата да има влијание врз нашиот успех во некоја област во самата држава,но неможе да биде причина да целиот живот ти бил неуспешен.Можеби е малку потешко да се успее во ваква држава,но какви се условите на игра за мене такви се и за тебе.Ако мислиш дека заслужуваш да си успешен повели на терен.Има многу случаеви каде што од две сестри едната успеала во животот а другата останала на работ на егзистенција.И што е причината ?Демек судбината на едната и била да биде успешна а на другата неуспешна а потекнале од исто семејство со исти услови и горе доле исти генетски предиспозици.Глупости , бабини деветини.Едноставно другата имала повеќе желба за успех и подобар борбен дух.Борбениот дух на народот е слаб.Се навикнале на чекање од небо дарови.А еве колку 20 години скоро чекаме и никако да ни падне нешто од озгора.И сите мислиме дека ако влеземе во НАТО и ЕУ готово се ќе се реши пффф нема врска,тоа е само една остварена цел кон подобар живот во иднината, а не и подобар живот сега..Малце избегав од темата али тука сум некаде..:)
 
Борбеност ?
Со кого да се бориш, кога ќе сватиш некои работи на крај ќе сакаш повеќе од тоа што нуди овоа постоење.
Да се бориш за нешто повеќе од ова, можеби е вредна борбата.
Овој свет е осуден на пропаст, овој свет е антагонистички сам на себе иако се е едно.
Му нема спас, или подобро кажано ни нема спас.
Да се бориш против идеите на Дарвин и сличните самоубици на него, тоа да.
Да се бориш против Буда и сличните на него самоубици, тоа да.
Да се бориш во име на идејата на еден човек кој живеел на земјава е вредно.
Тој човек секој треба да го најде во себе.
Имавме еден пример во историјата кој ни го покажа патот.
Борба да се остане на тој пат едно големо ДА.
 
Ova od sekogas bil dog eat dog world. Predatorski svet. Sto pobrzo lugeto ke go sfatat toa - toa podobro za niv. I mene mi e preku glava od luge sto digaat ramenici i si legnuvaat na brasnoto, a od druga strana samo se zalat na nivnata nesreka. Kao prvo, treba da si gi fokusiraat mislite u drug pravec i da se vidat sebesi deka ne se zrtvi bilo na sistemot, bilo na ponasanje na drugi luge kon niv - pa duri i zrvti na bolesti. Tek togas ke mozat oci da otvorat i da pocnat da si go oraat patot do uspehot. Sekoj ke bide uspesen tolku kolku sto vlozuva vo toa
 
Секој човек треба да биде со борбен дух. Борбениот дух не треба да не напушта,секогаш постои притсок од страна,страв од неуспех,но тоа не значи дека треба да се предадеме и да чекаме "пушти боже".
Понекогаш се чуствувам уморно и обесхрабрено од се што ме опкружува,но тоа незначи дека треба да ја гледам само негативната страна на нашето постоење.Значи ние се раѓаме,живееме и умираме,тоа е факт,за сите е исто.Но тоа што не прави различни едни од други е и борбениот дух,борабата за успех,борбата да се докажаме,да успееме во животот.Борбениот дух е нужно потребен за да се излезе како победник во нашето ограничувачко опкружување.Предиспозициите за напредување и успех се мошне високи,но само од нас,лично зависи што ќе постигнеме.
 
Ситуацијата е крајно едноставна но немаме храброст да си признаеме самите на себе што мора да се направи.
 
Борбеност ?
Со кого да се бориш, кога ќе сватиш некои работи на крај ќе сакаш повеќе од тоа што нуди овоа постоење.
Да се бориш за нешто повеќе од ова, можеби е вредна борбата.
Овој свет е осуден на пропаст, овој свет е антагонистички сам на себе иако се е едно.
Му нема спас, или подобро кажано ни нема спас.
Да се бориш против идеите на Дарвин и сличните самоубици на него, тоа да.
Да се бориш против Буда и сличните на него самоубици, тоа да.
Да се бориш во име на идејата на еден човек кој живеел на земјава е вредно.
Тој човек секој треба да го најде во себе.
Имавме еден пример во историјата кој ни го покажа патот.
Борба да се остане на тој пат едно големо ДА.

брат кај гледаш дека светот оди во пропаст ?
баш напротив јас во светот гледам предизвици, убавини, живот, забава, пријателство, екстаза. Секој ден уживам со кој да се борам ? со самиот себе?
нема спас од што? што ни фали ? имаш се што треба да имаш жив си и тоа е доволно :) се друго е состојба на умот а таа од тебе зависи, како што претходно кажав.
ни трага ни глас дека животот е сериозен ;)
 
Не станува збор за борбеност на физичко ниво иако тоа можеби и мал дел од темата може да биде туку повеќе за духовна борбеност како што е и насловот. Како раса како живи суштества нашите предци со лак и стрела и копје имаат ловено животни кои што биле и неколку пати поголеми од нас мислам физички, неверојатни нешта се правеле од денешна перспектива би ни изгледале малку како луди од нашето ни глупаво тупаво урбано гледиште. Денес луѓето се плашат буквално од се, од снегот, од мачки, од финансиска криза, од болести, од несигурната иднина. Страв страв страв страв насекаде околу мене, кај ни е борбениот дух, кај ни е храброста, дали судбина ни е да живееме како глувци во глувчја дупка или да ја истражуваме вселената. И не ме интересира што сте по професија пол националност боја на коса сите ние сме во истата стапица о.к., само некои од нас пробуваат да егзистираат во таа стапица а некои други сакаат да излезат од нејзе да ги скршат синџирите да видат искусат нешто ново нешто подобро. Викаат дека сме биле на врвот од еволуцијата, каква еволуција какви глупости луѓево се плашат од снегот, а сме ловеле диви животни со голи раце што би се рекло.
Ни треба малку храброст тука малку бунтовност малку критицизам, размислување надвор од шаблон тоа ни треба.
Смачено ми е да слушам за безнадежност за тешкотии за нечии маки, кога прашувам што мислат да се превземи во врска со тоа добивам одговор за вртење во круг во самата стапица, а стапицата е стапица затоа што нема решение нема слобода само тесно размислување во рамки на нечии воспоставени норми и услови во кои само на малцинство им одговара, а на мнозинството не.......
Се согласувам, но тоа не може да биде во едно летаргично општество како што е ова.
Борбеноста им е својствена на поединци, а другите се плашливци иако не можам да сватам од што навистина се плашат, барем дојдовме до стадиум на некакво демократско општество, кога е такво се чудам зошто лугето се плашат да го кажат она што го мислат. Постојано стравуваат, и ако некого обвинат тоа ке биде некој што е сличен на нив или што малку се издигнал.
Борбеноста и храброста се наога кај луге со свест, тие не трпат неправда и не можат да ја поднесат, се трудам да бидам искрена и да го кажам она што го мислам но тоа е само еден обид на индивидуалецот, борбеноста доага во израз кога ке се обедини мислата и идејата..
Да беше некаде во европа, лугето да работеа за 150 е плата сигурно ке имаше масовни протести и за други , еден куп работи, но тука ке те осудат да кажеш нешто за некој политичар, ке речиш кој ги еби и само ке си ги лечиме фрустрациите по фејсбуци и форуми, тоа не оди така..
 
Back
На врв Bottom