Болничка соба - ВИП апартман во јавно здравство

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
Не е тоа ВИП ако стисне копче за да дојде сестрата! Тоа е стандард, пошто ако му е лошо како ќе знае сестрата ако тој не стисне копче?

До толку е ограбено нашето здравство што дури и ти овие основни работи од кои зависи животот на пациентот ги сметаш за "ВИП". Дали ќе има телевизор, интернет, италијанска санитарија наместо турска во вц е сеедно. Ама ова со копчињара е нешто задолжително.
Последен пат и никогаш повеќе бев во ЈЗУ Институт за физикална медицина и рехабилитација.
Таму имаше копче ама не работеше се гледа дека е исклучено.
4-луѓе скоро непокретни во соба а WC 30 метри од собата заедничко за 30-тина луѓе кој без нозе во количка кој едвај се движи со одалка... 2 шољи за сите...

Да бидам во животно загрозена состојба не би отишол таму повеќе.

Таму престојував околу 4 саати видов што ме чека и направив узбуна за да си одам.

За тие 4 саати зборував со некој од пациентите еден сообраќајка со мотор, ми кажа дека овде е супер во споредба со ТОРАЛУЦ Неврохирургија. Го оставале со усрани пелени по 15 саати, само јадење му носеле и така усран јадел. Дете 22-23 години.

Затоа викам Турска е ВИП за овдешниве установи.
 
Последно уредено:
јас бев САМ во соба, во војна болница октомври 1995, 40 дена во заразно, хепатит Б, тогаш го рачунаа за заразна болест...ама далеку од Вип, ладен бетон, а ладна есен беше, лепев на прозорите од внатре најлони плус имав моја ел,греалка и мал тв, 40 дена ме држеа, самоиницијативно напуштив, со 3х поголеми резултати од максимум, ама дома за 30 дена се вратив далеку испод максимум, не веруваа кога дојдов на контрола...
 
Денес бев на Инфективно да примам инфузија, ми се гадеше за повраќање ама тоалетот беше уште погаден па не одев. Може и подобро зашто го смирив желудникот така, ама чешмата и кваката беа со бигор, гуска оставена над шољата у предел на глава таман да си мириснеш, еднаш влегов и не беше тешко да поврати човек, ама втор пат си реков не ми стапнува ногата таму.

Докторката единствена разумна таму, тетки кои треба да биднат сестри таму се понашаат максимално. А една помлада сестра ми вика ако ви се гади премногу ќе ве оставиме во болница на ден, два. Нека фала, макар дома истурал црева 2 дена у тоа таму не ти легам.

Ако ништо друго барем нови душеци има, претпоставувам поради Ковид опремуваа тогаш
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom