Болка во животот

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Возраст
34
Локација
Гостивар
Секој од нас барем еднаш во животот ќе доживее болка која ќе остави голема лузна во неговиот живот.
Тоа не значи само физичка повреда, туку се мисли и на пад во животот, губење во нешто.

... Ако човек си ја искаже најголемата болка во животот која ја доживеал многу ќе му олесни.

Која била вашата најголема болка во животот?
Како ја преминавте?
:)
 
Пред точно 11 месеци кога ненадејно почина баба ми. Никогаш не сум се чувствувал потажно, поразочарано, поизнемоштено... Девојки и остали ствари ми се пролазна ствар сега за сега, млад сум така да допрва ќе тагувам и ќе се радувам на тоа поле, али ова со баба ми беше доста тежок удар за мене, не му посакувам на никој такво нешто. Али нема назад, животот оди понатаму, мора да научиме да живееме со вакви работи.
 
Same here... Единствено нешто што ми паднало тешко било тоа, смртта на мојата бабичка. За други работи, мртов ладен сум. Многу убаво се сеќавам на зборовите на дедо ми кога по телефон ми соопшти дека... сестра ми беше околу мене, ме праша што е, дебилно и ладно, како ништо да не се случило и кажав.. почна да плаче и истрча низ врата, отиде кај чичко ми, пошо кај нас немаше никој. Останав сам, седнав на двоседот во дневна.. само седев, додека не заѕвони телефонот повторно.. не сакав никој, сакав само да сум сам некое време. Знаев дека тоа е тоа, ништо не може да се промени, ама сепак тоа ме скрши.
 
Еве и јас како креатор на темава да пишам... имав папагалче кое беше купено уште кога бев многу мал, беше раса што не зборуваше, но ова прозборе, секогаш кога бев тажен тоа свиреше и изведуваше акробации низ кафезот, почна и да прашува како си? што правиш? и тоа ги изговараше имињата на нас по дома.
Но после толку време дружба кога јас веќе пораснав, а тоа остаре... еден ден преќина да свири, пее, игра, едноставно само седеше и ќутеше.
Помина една недела, а моето папагалче вечерта почна да си го остри клунот, да јаде, пие вода, бања, да си го чисти своето тело, се пољуља на својата лулашка и наредното утро умре. Како да се припремаше за крајот на животот.

Иако не беше човек тоа за мене ќе остане најверниот другар кој сум го имал во мојот живот.

:place:
 
моментот кога требаше да одлучам за моето куче кое го имав 19 години...дали да го успијам или да го оставам да живее неподвижно во задните нозе...како тогаш никад не сум плачела
и не...не ми помина :(
 
Не постои поголема болка од смртта на некој близок , особено ако е млад.

Љубовта се наоѓа пак , секојдневните проблеми не ги ни сметам за проблеми затоа што оддамна сватив дека животот не е перфектен , болеста се лечи ако ти било пишано да ја излечиш , али кога некој ќе оди на другиот свет , кога секојдневно ќе го гледаш белиот камен прекриен со цвеќиња и излепен со восок од свеќи , и буквално сакаш да легнеш до него/неа , тек тогаш сваќаш дека си полумртов човек и дека ќе носиш тежина на срцето додека дишеш.

Почивај во мир другарче.:(:(:(

Jos se nadam da ces mi doci
cak i sad , kad zatvorim oci
samo tvoje lice jas ugledam ...

Загубата на мојата баба и дедо беа кога бев мала, не се ни сеќавам се ми е во магла.
Но, најголема болка во мојот живот ми чинат солзите на мојот татко дур се збогуваме, и дур го гледам како скршен од болка ми мафта и се побрзо го губам од видикот. Тоа ме убива, и неколку недели сум како зомби се дур повторно не ги стегнам конците на животот. И така пак со следното гледање доаѓа и збогувањето... мразам збогувања.
 
Најголемата болка во животот ја осетив во моментот кога ми сопштија дека татко ми почина :place:,во тој момент помислив дека се “парализирав“.....и ден денес сеуште мислам дека ке се појави од некаде дека не е починат ......
 
Не постои поголема болка од смртта на некој близок , особено ако е млад.

Љубовта се наоѓа пак , секојдневните проблеми не ги ни сметам за проблеми затоа што оддамна сватив дека животот не е перфектен , болеста се лечи ако ти било пишано да ја излечиш , али кога некој ќе оди на другиот свет , кога секојдневно ќе го гледаш белиот камен прекриен со цвеќиња и излепен со восок од свеќи , и буквално сакаш да легнеш до него/неа , тек тогаш сваќаш дека си полумртов човек и дека ќе носиш тежина на срцето додека дишеш.

Почивај во мир другарче.:(:(:(

Jos se nadam da ces mi doci
cak i sad , kad zatvorim oci
samo tvoje lice jas ugledam ...

Не се знаевме лично, но се чувствував како да останав без мој близок.

01.06
 
Па на ваква тема ми недостигаат двајцата другари детски маалски, двајцата премногу млади и премногу глупи, животот ги изеде, и девојката не ја ни знаев, за нејзе повеќе свеќа палам отколку за него...

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom