- Член од
- 27 јануари 2009
- Мислења
- 1.044
- Поени од реакции
- 40
- Возраст
- 35
По големиот успех на ова ненамерно трио, во рамките на Balkan Song Contest во реалното шоу ВИП Големиот Брат, изненадувањата продолжуваат, забавата исто така. Боки 13, Лепа Лукиќ и Ервин, со свој концерт во Универзалната сала во Скопје. 5 ти мај ден среда, вечер резервирана за Боки и пријателите. Покрај сиромашните од ВИП Големиот брат, на сцената во Универзална ќе се појават голем број музички имиња, пријатели на Боки.
Ќе бидат изведени песни кои досега не биле изведени а концертот нема да наликува на ништо што досега сте виделе од овој македонски шоумен. Концертот или вечерта резервирана за пријателите, ќе биде поделен на четири дела и сите четири ќе бидат синоним за кариерата и животот на Бојан Јовановски – Боки 13. Покрај ова, Боки на сцената во Универзална ќе ја промовира и новата песна заедно со Лепа Лукиќ и Дивна Карлеуша.
Концертот најавен, присуството задолжително забавата загарантирана. На 5 ти мај Универзална ќе биде мала да ги собере сите оние што уживаа во лудориите на сиромашните од куќата на ВИП Големиот брат. Затоа побрзајте и бидете таму! Бекстејџ сигурно ќе биде еден од пријателите на Боки 13.