Бодибилдинг суплементи

  • Креатор на темата Креатор на темата chipicaoo
  • Време на започнување Време на започнување
За почеток...месец,два,три и не ти требаат баш некои додатоци освем средена исхрана после можеш покрај средената исхрана да додадиш протеин, креатин, бцаа, пре-воркаут ама нема да си природен вежбач :icon_mrgr:

Кој се коментира на темата и дели совети... како нема да е природен вежбач? Со користење на суплементи - додатоци во исхраната ? Нема да е природен вежбач моментот кога ќе почни да користи хормони.

За дечкото што прашваше што да земи, искалкулирај BMR, среди исхрана, прочепкај по интернет за bulk диети, пробај да зголемиш внес на протеини (2 гр/кг), зголеми број на внесени јх и води дневник мерејќи се секоја недела за да знаеш дали ти функционира диетата, цели на 0.5 кг неделно. Исто така пробај да следиш PPL програма на вежбање. Како почетник твоето тело многу добро ќе реагира на тежински тренинг.
 
Кој се коментира на темата и дели совети... како нема да е природен вежбач? Со користење на суплементи - додатоци во исхраната ? Нема да е природен вежбач моментот кога ќе почни да користи хормони.

За дечкото што прашваше што да земи, искалкулирај BMR, среди исхрана, прочепкај по интернет за bulk диети, пробај да зголемиш внес на протеини (2 гр/кг), зголеми број на внесени јх и води дневник мерејќи се секоја недела за да знаеш дали ти функционира диетата, цели на 0.5 кг неделно. Исто така пробај да следиш PPL програма на вежбање. Како почетник твоето тело многу добро ќе реагира на тежински тренинг.
Лол глеаш дека се заебавам, а и ова го кажав истото
 
Се наоѓаат квалитетни SARMs во Македонија? Има некој искуство досега?
Тоа никој не знае да ти каже, не само во Македонија туку и низ светот, особено за лекови кои сеуште не се одобрени за користење од страна на луѓе.
Детално за секој имаш информации по колку истражувања се направени, дали се направени на луѓе и за што се користи.
Не би сакал да пишувам подетално за овие, ако сакаш да се информираш побарај за секој од нив поединечно, најчесто користени ти се: ligandrol, ibutamoren, ostarine, andarine, gw501516, за сите имаш на интернет детални податоци.
Лично не би ги користел се додека не видам дека ги произведува фармацевтска компанија која има овластување за истите, најчесто во Македонија се со потекло од Индија, Кина, Југоисточна Европа, не знаеш што земаш, може комотно да ти продадат и стероиди спакувани во паковање од овие (пример metandienone 100 таблети низ мкд се движи околу 1000ка, а било кој SARMS ти се продава околу 60-100 евра по паковање, трговците особено со ваква работа се спремни да ти спакуваат и шитнат што било само за да заработат), ти ќе направиш мускули, ама не од сармс ;)
Дури и стероидите што се продаваат на црниот пазар ви се тешко срање, најчесто произведено во некоја визба на Косово, Бугарија или евентуално тука, ципионат, деканоат, пропионат, фенилпропионат, нандролон, метандростеналон, тренболон ацетат и тн, може да увезе кој посака од Кина, налепници за ампулите се прават во секоја печатница какви сакате, а растворот може да го направи секој.
Не си играјте со нешто што не ви е потребно за професионален ангажман, ако веќе се одлучувате за ваква работа подобро барајте некој што си има хипогонадизам или пак некој ендокринолог да ви препише да си земете од аптека енатат.[DOUBLEPOST=1525117706][/DOUBLEPOST]
Во што е подобро да се користат анаболици отколку SARMs?
Анаболици може да најдеш и во аптека, а овие се сеуште лекови кои се тестираат, кој ти гарантира дека тоа што ќе ти го дадат е навистина тоа што пишува на тикетата?
Лигандролот пример се има користено за да се намали загубата на мускулна маса на пациенти болни од рак, никогаш не е официјално одобрен за користење, сега е во фаза на тестирање од страна на фармацевтската компанија Викинг, а на пазарот може да го најдеш од секоја фирма, само не од Викинг и Лиганд.
 
Последно уредено:
Сериозно мислите дека ќе остаам да прашувате кај да купите сармс? Уше па овој му вика „пиши ми мене на пп ја знам“.
 
ми стигнала пратката од ихерб ама не сум у мк има рок за подигање 5 дена, дали може друг да ја подигне за мене?
 
Kaj mene ostavile lifce izleda nemalo nikoj
 
http://nutrishop.mk/product/100-profesional-whey-2270g/
http://nutrishop.mk/product/creatine-monohydrate-powder-550гр/
http://nutrishop.mk/product/bcaa-2011-xplode-powder-200g/
Мислење за суплементиве ? , дали се добри , дали некој ги има пробано , какви резултати имал итн.. :):D
Да почнам од почеток:

- Првиот според мене е ниско буџетен и лош протеин. Полн со филери...

- Креатин моно како креатин моно, нема некоја голема разлика која фирма е (освен тоа што можеби би имал проблеми со желудник), добар избор е Olimp...

- Солиден BCAA, јас би ти препорачал за BCAA - Trec Nutrition...
 
@statusQuO Можи да добијам објаснување зашто ми е избришан последниот пост на темата? Со кои правила на форумот се коси истиот?
 
@statusQuO Можи да добијам објаснување зашто ми е избришан последниот пост на темата? Со кои правила на форумот се коси истиот?
Не заслужуваш да ти пишам ама ок. Особено пошо ме прашуваш тука јавно место во порака, па уште ме тагираш.

Со правило тоа шо се правиш паметњакович и се фаќаш за семантики за тоа како си го поставил прашањето.
Ако прашаш “дали може да се најдат квалитетни сармс во македонија“ го заокружуваш прашањето на “дали може да се најде“, и второ, ја водиш дискусијата кон “каде може да се најде“. Доказ е тој другиот шо го избришав шо ти рекол “мене пиши ми, ја знам“.

Наоѓање на сармс и други нелегални стероиди е под капа набавка и извори и тоа нема да го дискутираме на форумов.
Ако сакате да зборитте за нивниот ефект и штетноста - океј. И тоа претпазливо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom