Бодибилдинг суплементи

  • Креатор на темата Креатор на темата chipicaoo
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки, сакам да почнам да одам 2 пати дневно теретана, само како е подобро да правам т.е. дали наутро да правам тежински или кардио тренинг ? И колку часови да оставам за одмор измеѓу тренинзите во денот ?


п.с.
MajMyH за што служат кленбутерол, салбутамол и ефедрин (ЕCA stack) ме интересират...
Ај вака сега малку објаснување околу тие работи
Салбутамол (Албутерол)
Како што ти пиша погоре членот спаѓа во групата на б-2 агонисти, е сега проблемот кај овие работи е што не работи потполно селективно само на б-2 адренергичните рецептори, односто делува и на б-1 и на б-3. Со тоа што делува на б-1 рецепторите кои се наоѓаат на срцето може да се појават и некои несакани ефекти како што се тахикардија, аритмија, додека пак со дејството врз б-2 кои се наоѓаат на белите дробови делува бронходилаторно и затоа се дава кај асматичари. Со делувањето на б-3 рецепторите кои ги има на масните клетки се предизвикува липолиза односно губење на масното ткиво, се зема околу 2 недели бидејќи доаѓа до заситување на б-рецепторите и лекот не делува, некои користат и гликокортидоли со кои може делумно да се воспостави нормална активност на б-рецепторите но гликокортидолите не се толку едноставни лекови па да ги земаме туку така па така може да се истера до 4 недели.
Овај лек во организмот делува 6 часа, се зема на секои 6 часа, а последната доза се зема порано бар 5-6 часа пред спиење бидејќи може да се појави несоница
ECA stack ( Efedrin, Coffein, Aspirin)
Efedrin
Е познат уште од древна кина, каде користеле чај од Ма Хуанг од кој по природен пат добивале ефедрин, а му бил даван на војската во битките. Тој претставува бета агонист и броходилатор (во медицината го користат во капки за нос), спортистите го земаат бидејќи дава сила и експлозивност. Е сега зошто го користат билдерите, тука е и другата негова особина каде покрај силата која му ја дава помага и во топење на масните наслаги и не дозволува таложење на нови. Го убрзува метаболизмот на мастите и телото ги користи за енергија ( за разлика од нормалната работа додека ги користи јх како прв извор на енергија).
Кофеин
Го стимулира топењето на мастите, дишењето, работата на срцето и ги шири коронарните артерии. Дава фокус и го намалува заморот, се смета и за слаб диуретик.
Аспирин
Аспиринот претставува ацетилсалицилна киселина, ја подобрува циркулацијата на крвта со тоа што ги шири крвните садови и ги чисти од холестерол и помага во забрзување на липолизата.
Е сега се арно овај ефект го зголемува адреналинот, се има многу поголема сила на тренинг, го забрзува метаболизмот и топењето на мастите дури и помага при намалување на апетитот. Но неможе се да биде сјајно има и доста негативни ефекти и затоа треба да се внимава со оваа работа. Негативни ефекти кои може да се појават се НЕСМЕАТ ДА ГО ЗЕМААТ ЛУЃЕ КОИ ИМААТ СРЦЕВИ БОЛЕСТИ, ДИЈАБЕТЕС, ЛУЃЕ СО ВИСОК ПРИТИСОК и слични заболување бидејќи се зголемува лачењето на адреналин со што се забрзува работата на срцето и може да дојде до несакани дејства. За време на земањето може да се почувствува тресење на рацете чувства на возбуда...
Треба многу големо внимавање со ефедринот бидејќи доста спортисти го имаат потценето и неправилно користено (или во големи количини со тоа што завршиле најтрагично)
Кленбутерол
Спаѓа во групата на бета 2 агонисти, е многу повеќе користен од салбутамолот (албутерол), имаат доста сличности. Во последниве години особено во САД има доста лица кои кленот го замениле со салбутамол бидејќи се смета за доста побезбеден поради пократкиот животен век во организмот. Кленот останува многу подолго време во телото со што срцето е стимулирано подолго време да работи забрзано (односто и преку ноќ), за разлика од салбутамолот кој после 6 часа речиси го нема така што со земање на дозата 5-6 часа пред спиење веќе преку ноќ срцето си работи нормално.

Е сега има многу различни мислења околу тоа што е подобро да се зема, дали салбутамол или кленбутерол, или ECA stack. Пред да се земе било кој од овие лекови е пожелно да се направи ЕКГ и една проверка на крвта да се види да не има некакви проблеми па да настанат компликации понатаму.
--- надополнето: 14 април 2013 во 23:28 ---
Се надевам дека админот нема да ми го избрише овој пост бидејќи е за недозволени работи. Го поставив чисто како појаснување што се тие, бидејќи ги земаат огромен број на луѓе и сакам да напоменам повторно да не си играте со овие работи да не се земаат на своја рака туку да се консултирате прво или со медицинско или пак некој со најголемо искуство во овие работи. Не за секој се исти дозите и не секој исто реагира на овие лекови. Исто така заборавив да напоменам дека и покрај овие работи како и со останатите топачи исхраната мора да биде средена, да се внимава ако сакаме да ја постигнеме целта.
 
Не дека сакам да земам, но онака ме интересираше шо како се и зошто се. Добро објаснето :)

Пс. Сум го згрешил првото прашање во темава, си реков таа за боди билдинг е темава. :confused:
 
Препорачајте ми некој добар протеин ... цена небитна :)
 
Препорачајте ми некој добар протеин ... цена небитна :)
На кое ниво си како вежбач и каков ти е протеинскиот внес? Ако до толку не прибираш за цена изолат барај во спротивно пуцај што те прашав :D
 
На кое ниво си како вежбач и каков ти е протеинскиот внес? Ако до толку не прибираш за цена изолат барај во спротивно пуцај што те прашав :D

Кај може да се најде Isoflex ?
И дали e dobar Anabolic Whey ?
--- надополнето: 15 април 2013 во 22:01 ---
Isoflex, proV60, Isosensation93, Мyofusion
Кај може да се најде Isoflex ?
И дали e dobar Anabolic Whey ?
Заборавив да кажам дека ќе го комбинирам со монохидрат ..
 
Beta-K od Ultimate Nutrition 1900 den Kreatin so Beta Alanine

Веќе земав креатин,во Гладијатори го немаше тој што го барав,па се упатив кон Get Ready да го земам овој,кога ќе го потрошам ќе земам глутамин,пошо од креатин на друг креатин не било добро за телото (така ми спомна човекот што ја држи теретаната,инаку бивши бодибилдер)

http://www.napumpajse.com/shop/kreatini-i-stimulansi/100-creatine-monohydrate300g.aspx
 
Нема врска тоа што ти го рекол,затоа што ти надополнуваш резерви на креатин фосфат и креатин користам без пауза веќе 6 месеци и немам никакви негативни ефекти.
Се зависи до типот на тренинг и како да го искористиш максимално...
--- надополнето: 15 април 2013 во 23:19 ---

И на крај резултатите ќе бидат не битни...
Ај пиши што ти е целта па да ти кажеме што да земеш како што пиша Хелсинг...

Да качам на чиста мускулна маса ... На исхраната веќе внимавам ..
 
Тоа се бета 2 антагонисти кој го зголемуваат волуменот и капацитетот на белите дробови со што вештачки ти го подигнуваат срцевиот пулс.
Го зголемуваат нивото на кателомините (адреналин и норедралин) и со тоа дејствуваат врз срцето.
Еден од ефектите е да ги прошират алвеолите и затоа ги користат астиматичари,а бодибилдерите ги користат затоа што го забрзуваат срцевиот пулс.
Негативни ефекти се тремор,нервоза,стрес итн...
Ниту еден билдер не користи Кленбутерол поради рабоите кои ти ги имаш овде наведено.
 
Ниту еден билдер не користи Кленбутерол поради рабоите кои ти ги имаш овде наведено.
Така пишува по интернетот затоа и не е баш паметно да се верува на се и сешто...Друго е кога ќе ти каже професионалец што и како треба,друго е кога ќе прочиташ на некој сајт кај што секој еден е професионалец...
 
Со тоа го забрзуваат метаболизмот и топењето на мастите.
http://en.wikipedia.org/wiki/Beta_blocker
Википедија и Гугл се места за едуцирање кое ти можеш да ги користиш и со нивна помош да пишуваш научни статии. Барем обиди се да ги прочиташ работите кои се на линкот кој го поставуваш.
 
може некој да ми каже дали се добри овие суплементи да ги земам
имам 102 кила 175 висок внимавам на исхрана и сакам да појачам со протеин а да исфрлам некој оброк

заинтересиран сум за ова и ова
за протеинов знам дека ми треба али за бцаа незнам
или препорачајте нешто друго
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom