Бодибилдинг суплементи

  • Креатор на темата Креатор на темата chipicaoo
  • Време на започнување Време на започнување
Момци, одлична тема и како што гледам многу компетентни контрибутори на истата. Затоа сметам дека ова е право место да се обратам за совет. Моментално користам Prostar Whey протеин и Scitec 100% креатин, но се спремам на ова да додадам и pre-workout суплемент. Од идната недела тренингот ќе ми биде 4 дневен сплит во теретана со 2 дена HIIT кардио (Insanity) и еден ден резервиран за одмор. Целта е да се исчисти стомакот, но притоа ако е можно и да се набаци по нешто мускулна маса. Храната се сведува на високопротеински внес со намалени јаглени хидрати. Во основа, pre-workout ми треба затоа што понекогаш работа+тренинг си го прави своето и се чувствувам истрошен. Ќе го ценам секој квалитетен предлог, само да напоменам, изземете го Razor и било кој друг pre-workout суплемент кој е базиран на кофеин. Користев Razor, имаше големи ефекти, нема сомнеж дека е одличен суплемент, само што 3 месеца не можев да спијам како што треба. :) Фала однапред.
 
Има некој порачувано суплементи преку интернет од страница надвор од Македонија?
Оти гледам овде во Македонија изборот е многу слаб баш ме интересира некој ако има купувано нека пиши ме интересира за провизија и за пат колку земаат.
Оти цените се поефтини на интернет него овде.
 
http://www.bulkpowders.co.uk/
Праќаат до Македонија, цените се добри, квалитетот исто така... а и имаш се шо ти сака душа. Ја лично немам порачувано, има еден што вежба во теретаната со мене. Пиши им маил ќе ти кажат што те интересира. Цената на поштарината ти ја пишува на страната на крајот од порачката.

Има ли некој знаење и искуство со стероиди ? Нека ми пише ПМ имам некој прашања.
.
 
Прв пат да ти кажам право ги гледам производиве, се помачив тро за да најдам reviews на интернет ама не се баш најнајпопуларни.

Да не знај некој кај има во нашиов трет свет од Optimum Nutrition нешто?
Сегде рекламираат а сето демек е "продадено", да не речам продадено од пред да се отвори продавницата.
 
Има некој порачувано суплементи преку интернет од страница надвор од Македонија?
Оти гледам овде во Македонија изборот е многу слаб баш ме интересира некој ако има купувано нека пиши ме интересира за провизија и за пат колку земаат.
Оти цените се поефтини на интернет него овде.
Ќе те одерат на царина ако порачаш повеќе работи, затоа најдобро немој.
 
Се Продава Мутант гејнер има 5кг останато цената е 2500
 
Што е HMB знае некој да ми објасни? Дали се продава кај нас или некоја алтернатива за суплементов?
 
Dali moze da se napravi kombinacija na animal m-stak so creatin monohydrat??
 
Според мене ако диетата не ти е тип топ односно околу 3000 калории, 150грама протеин, подобро би ти било креатин со протеин да земиш него ли анимал м стек.
Читам по интернетов на некој му помогнало на некој не, читам и на некој начин подобро се користела храната што ја внесувас и зголемува апетит.
Значи повторно ќе речам, подбро протеин освен ако имаш средена редовна диета.
А за да се комбинира може иначе.
 
Pa tuka nekade mi e primanjeto na kalorii pa da vidam so ke se sluci so ovaa kombinacija,sepak fala za sovetot.
 
Колку е Creatine Monohydrate и каде да најдам некој така подобар или не толку скап ? :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom