Бодибилдинг суплементи

  • Креатор на темата Креатор на темата chipicaoo
  • Време на започнување Време на започнување
Кои суплементи ги препорачувате за трејл трчање.Зедов БЦАА за сега најмногу за брзо опоровавуање после долго трчање.
EAA vo niv imas i BCAA. Tie za posle trening bilo trcanje,teretana,joga....Za pred trening zemisi L citrulin Trec Nutrition mnogu e dobar za snaga izdrzlivost. Go koristam dolgo vreme i e stvarno korisen.
 
Кои суплементи ги препорачувате за трејл трчање.Зедов БЦАА за сега најмногу за брзо опоровавуање после долго трчање.
Бцаа ти се фрлени пари доколку имаш средена исхрана. Леуцинот внатре што го форсираат е најанаболна аминокиселина ама доколку ги нема останатите аминокиселини е исто како да се гради куќа само со архитект а да нема работници. Веќе ако имаш вишак пари за вакви работи купи си Еаа, барем имаш 9 аминокиселини внатре.
Кога збориме само за трчање би рекол хидратите се доминантни. Пред тренинг брзи хидрати, во тек на трчање гелови и електролити, после трчање рикавери шејк од не огромна количина на протеин(задолжително е да ги има барем 20г) со доволно хидрати.
 
Здраво на сите, дали најдовте некој добар алтернативе за Iherb
 
Бцаа ти се фрлени пари доколку имаш средена исхрана. Леуцинот внатре што го форсираат е најанаболна аминокиселина ама доколку ги нема останатите аминокиселини е исто како да се гради куќа само со архитект а да нема работници. Веќе ако имаш вишак пари за вакви работи купи си Еаа, барем имаш 9 аминокиселини внатре.
Кога збориме само за трчање би рекол хидратите се доминантни. Пред тренинг брзи хидрати, во тек на трчање гелови и електролити, после трчање рикавери шејк од не огромна количина на протеин(задолжително е да ги има барем 20г) со доволно хидрати.
Благодарам на одговорот,ЕАА се зема пред тренинг така ли
 
Благодарам на одговорот,ЕАА се зема пред тренинг така ли
Во тек на високоинтензивен тренинг( интервали на трчање) или после тренинг во првите 15-30минути
 
L Citrulin земав по предлог на членот погоре и има доста добри ефекти за пред тренинг.Фала за советот.
 
Ги користел ли некој суплементите на малена? Конкретно протеин од 500г е 600ден на акција во кипер.
 
Ги користел ли некој суплементите на малена? Конкретно протеин од 500г е 600ден на акција во кипер.
Моето уверување за вакви не брендови е дека се прават најчесто во некоја гаража без никаков сертификат. Не квалитетни засладувачи така можат да ти ја ебат пробавата што нема да знаеш што те снашло со месеци и години. Ако се нема финансии за нешто подобро како USN, Optimum Nutrition, Olimp тогаш не ни треба да се пие протеин.
 
Ги користел ли некој суплементите на малена? Конкретно протеин од 500г е 600ден на акција во кипер.
Се познава дека имаат шеќер и засладувачи. Ептен неквалитетен јак благ вкус. За аминокиселински состав и да не правиме муабет, не се ни означени што имаат од таа страна. Обично се гледа ако протеинот е вештачки зголемен (spiked) со глицин на пример. Овде не се ни означени што има. Избегни, има нијанса поскапа цена поквалитетни опции.

Исто така избегнувајте го Real Pharm Shake It, тој поевтиот протеин исто од Малена. Ист благ, шеќер вус, потешко се раствора. И покрај тоа што е означен аминокиселински состав, и нема индикации за вештачко збогатување, сепак немам доверба дека е така.
 
Последно уредено:
Ги користел ли некој суплементите на малена? Конкретно протеин од 500г е 600ден на акција во кипер.
Срање, особено креатинот. Се е увоз од кина и се брендира/пакува тука. Целта им е да го срушат маркетот со пониска цена на штета на квалитетот.
 
m&s само дхл и федекс има, знам со федекс дека шипингот што е скап плус уште 2-3 други трошоци има, со дхл исто така е?

Од моето искуство, да.
 
Препорака за квалитетен креатин? Земав од овој ама моментално го немаат на залиха.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom