Бцаа ти се фрлени пари доколку имаш средена исхрана. Леуцинот внатре што го форсираат е најанаболна аминокиселина ама доколку ги нема останатите аминокиселини е исто како да се гради куќа само со архитект а да нема работници. Веќе ако имаш вишак пари за вакви работи купи си Еаа, барем имаш 9 аминокиселини внатре.
Кога збориме само за трчање би рекол хидратите се доминантни. Пред тренинг брзи хидрати, во тек на трчање гелови и електролити, после трчање рикавери шејк од не огромна количина на протеин(задолжително е да ги има барем 20г) со доволно хидрати.