Значи вака, наредна недела правам еден месец во теретана со мин 4 пати до максимум 6 пати неделно вежбање односно тренингот ми е тежински па кардио. Некогаш кога имам време трчам и наутро на кеј - спринт па брзо пешачење.
Во овие месец дена имам симнато у обем а и вагата покажува 5 кг и нешо ситно.
Бев спортист цела деценија, последните години со факултет и работа си направив доста вишок кг. Никогаш не сум била слаба, баш напротив имам широки рамења и колкови развиено од вежбање, а сеа со сало со нив.
Значи не дека не сум задоволна и од овие резултати, но негде читав дека тежински тренинг како исчекор па веднаш префрлување на скок со јаже дава подобри резулати од тежински па кардио како одвоено.
Се мислам вториот месец да го почнам со оваа програма и затоа прашувам дали има некој што има испробувано додека губел сало да се пофали.

На тренинг идам стварно мотивирана, не сум од оние ова не праам или она не правам. Накачувам килажа се додека не осетам дека мускулот ме боли од повторувања. Чучњеви праам исто така обавезно, ако не секој, секој втор ден или исчекор. Мртво, задња ложа бла бла. Нозе работам мн зашто читав и за тоа дека најмногу го забрзуваат метаболизмот и до 48 часа по тренинг. Кардио праам на крај од тренинг на орбитрек, точакот ми е статичен мн за раце. Почнав со 10 мин, сега веќе 20 на поголем интензитет. Исхраната е средена у смисла пазам на калориски дефицит, не јадам џанк фуд, избегавам скроз глутен пошо имав здравствен проблем и морав да банирам се што е конзервирано па и туната ради жива. Не јадам пилешко ако не е домашно, јадам мисиркино и говедско. Од зеленчук јадам исклучиво зелен, доматот и пиперките ги конзумирам мн малку,
Јајца, урда и јогурт со ниска масленост обавезно конзумирам. Сабајле варам јајца, по една белка јадам на еден час дур сум на работа. Варен ориз, риба ослич, итн. Ова исто така скоро месец, како почнав со вежбање така средив исхрана.
A тест за шеќер никад немам праено на гладно, па уреден ми е. Останаа само хормоните, односно нивен статус.
А и да не заборавам, вода пијам 3 до 4 литри дневно. Првите денови ми беше тешко да свикнам зашо бев научена само по една чаша до две дневно, сеа нон стоп се шлаам сегде со шише вода. И тоа гледам мн да запазам дневен внес на мн вода дневно.