Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Шо протеини се овие? Колку пари отприлика коштаат?

11741763_1619338461670645_1866950011_n.jpg
 
Некој да сподели искуство што има користено Body Fat Caliper ? каков тип да порачам ?
 
Само да кажам, видов погоре некој пишал дека срамота е да вежбаш само со шипка во теретана.
Нема врска, зашто срамота? Многу од најпознатите билдери започнале со вежбање замо со шипка, тоа е колку да развиеш осет за шипката и да не ти шета. Нема зошто да ти биде срам.

Ако одиш по логикава дека тоа е срамота, тогаш срамота е да зимаш часови за возење кола на полигон, седни само во кола и пуна гас, важно да не е срамота а дека ќе си ебеш пиперот нема врска :D
 
Срамота е ако вежбаш повеќе од 4-5 месеци а сеуште вежбаш само со празна шипка
 
Абе не зборам јас за 4-5 месеци, јас зборам за првите неколку тренинзи.
 
Абе не зборам јас за 4-5 месеци, јас зборам за првите неколку тренинзи.
Цитат од тоа некој што пишал погоре можда ќе разјасни.

Џабе прашина се крева на глупости и квази животни лекции.
 
Со тие тегови исто ко да не вежбаш. Многу подобра опција е bodyweight вежби, два три месеци со тие ќе тераш без проблем и после бонус у теретана нема да мора да се срамиш само со шипка да вежбаш.

Инвестирај во вратило и посвети по еден саат дневно и учи за "професијата".

Само да кажам, видов погоре некој пишал дека срамота е да вежбаш само со шипка во теретана.
Нема врска, зашто срамота? Многу од најпознатите билдери започнале со вежбање замо со шипка, тоа е колку да развиеш осет за шипката и да не ти шета. Нема зошто да ти биде срам.

Ако одиш по логикава дека тоа е срамота, тогаш срамота е да зимаш часови за возење кола на полигон, седни само во кола и пуна гас, важно да не е срамота а дека ќе си ебеш пиперот нема врска :D

Бегаш од контекстот.

1. Никаде во порака не му имам пишано да не ги учи движењата, дали со празна шипка или наполнета.

2. Сум гледал, гледам и ќе гледам, посебно летниов период. Новајлии, ситни, едвај шипката ја креваат. Демотивирачка им е околината кога гледаат деца/соученици како често креваат 2-3 пати повеќе од нив и истиве после се откажуваат.

3. Нема секој пари да фрла на теретана, а bodyweight тренингот е златен. Има безброј прогресии со кои може да се изгради и повеќе од солидно тело без некоја посебна опрема. Освен шипка за врата, ѕид и некои два квадрата за изведба на вежбите ништо друго не треба.
 
Не бегам од контекстот, кажи што сакаш ама дека е срамота за почетник да се учи на шипка не е точно.
 
Не бегам од контекстот, кажи што сакаш ама дека е срамота за почетник да се учи на шипка не е точно.

Имаш спонзоруша, имаш и девојка што за да ја прехрани фамилијата се курва.

Едно е да е срамота, друго е личноста да се срами.
 
Имаш спонзоруша, имаш и девојка што за да ја прехрани фамилијата се курва.

Едно е да е срамота, друго е личноста да се срами.

После јас сум бегал од контекстот :)

Како и да е, ниту почетник треба да се срами од тоа што вежба само со шипка, ниту е уствари срамота.
 
Совет за почеток на дефинирање...Дали со се калориите да ги кратам малку по малку и јаглехидратите дур сум во оваа фаза ?
 
Што мислите за трчање , т.е кардио со појас за потење ? би имало дополнителен плус или не ?
 
Што мислите за трчање , т.е кардио со појас за потење ? би имало дополнителен плус или не ?
Само вода повеќе ќе исфрлиш,и после коа ќе се напиеш пак исто.

Така да,не.
 
Најпрво здраво на сите

Сакам да поставам некој прашања во врска со оваа тема. Немам никакво искуство и сметам дека ќе добијам одговори.

Најпрво да појаснам физички сум активен, тренирам боречки вештини 3 пати неделно.
Имам 15 години и 58 кг. Почнав да вежбам и дома ( склекови, стомачни ) и имам видни резултати т.е почнуваат да ми се познаваат ( сеуште малку ) стомачните мускули и да гледам резултати во градите и рацете. Прашањето ми беше дали смеам да земам некакви суплементи ( протеини ) на мојата возраст и како ќе се одразат тие (позитивно/негативно) кон напредокот во телото. И дали со мојата физичка активност од тренингот ќе имам добри резултати или треба да посетувам и теретана?

Благодарам однапред :) Поздрав.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom