Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Дап. Чиста физика.
И не е баш тапкање во место пошо губиш масти и мускулот ти е поизразен и изгледаш поголем, ама масата е иста (ако не и помала).

Ој нонен.. Заебано е летово за вежбање, се е пореметено, и спиење и јадење... неможам да јадам како што треба од жешково. Околу 3600-3700 калории треба да внесам за да бидам во калориски плус (185см сум со околу 78-80кг).
Ај да се надевам дека нема да изгубам многу мускул. За масти не е проблем толку, нека останат ако треба, секако ги немам многу, се познаваат стомачни.

Планирам да намалам на серии, да зголемам на килажа. Или па да намалам на повторувања, а да зголемам на килажа. Нешто од нив ќе биде сигурно, би требало да е ОК тоа, во вакви услови.
 
трчање наутро (плус спринтови), а кај 6-7 тежински тренинг...... сакам да кутнам малце мрсното а да си продолжам со вежбањето т.е. рутината што ја имам.
 
Ви прави ли жештинава потешкотии во вежбањето? Има ли теретана у Скопјево со нормална температура за вежбање а да не е чланарина астрономски висока? Идам во една маалска теретана, има клима али исто ко да нема. Отварам прозори, надвор уште пожешко:LOL:. Па и овие сезонскиве копиљаци и дебели тетки милион на број, што им текнува да вежбаат два ебани месеца пред одмор и мислат дека ќе се набилдаат/ ослабат, ја прават просторијата УШТЕ пожешка. Сахара човече, сауна!!

Ооо имаш среќа што не вежбаш кај мене, ниту има клима ниту вентилаторче едно, после 3-4 серии денес чучањ главата како пиперка ми стана црвена, а чинам водопади пот паѓаат од мене :D Се мислам да почнам рано насабајле да вежбам поради ова инаку не се издржува да се вежба од што е жешко.
--- надополнето: 22 јуни 2013 во 01:49 ---
А успат едно прашања за сите:
Што се случува со телото/мускулот доколку внесувам помалку калории од maintenance границата, а протеини колку што е потребно (и притоа вежбам со ист интензитет/тежини како кога сум во калориски плус)?

а) губам мускулатура
б) се чистам и одржувам мускулатура
в) или нешто сосема трето? (наведи што)

Под услов да не си во голем калориски минус (поголем од 500) и под услов да имаш висок интезитет и фреквенција на вежбање ќе губиш масти а ќе задржуваш муслкул. Во полош случај ќе ги губиш и двете (ако си во поголем калориски минус или ако тренингот не ти е среден како треба)
 
Како мислиш висок интензитет и фреквенција на вежбање? Планирам или да намалам на серии, или да намалам на повторувања, притоа, во двата случаеви да зголемам на тежина. ОК е таков начин на вежбање во вакви услови? Инаку, 4 пати неделно имам тежински тренинг (пон-втор и чет-петок).
 
Што не се пробав, спобудалев веќе, веќе 9 месеци го топам салото, имав некојси 120кг сеа имам 88. Никако обручот околу стомак да го снема, кардио ако не сум правел незнам кој правел, си ебав векот!!!

Иако тренирав кик бокс, така изгубив сало но и мускули, сега 2 месеци во теретана сум на стек, ориз, млеко, зеленчук, протеини, глутамин, амино к-ни, вежбам, упорен сум, ама салово или не се топи или јас не знам да мерам.... Се изгубив со ноие сајтови за мерење на калории, на чуда и врагови, мислам дека со толку читање завршив 5 факултети. Ова е потешко од се што имам правено во животот. Таман почнаа рамена гради трицепс бицепс да се формира салово ми боде очи ми се плаче, не е многу, а не е ни малку.

Трпение спасение и упорност, но никако да го најдам рецептот што ми треба кој мене ми одговара за топење на мастиве што преостанаа.

И на крајот испадна дека незнам колку или некаде грешам колку калории треба да внесувам, кои вежби, какво кардио, каква храна какви бакрачи!

Треба да си барам Гуру, ама никако да го најдам :))
 
Ехх.. да не беше Стевчо баниран од темава, одма ќе ти кажеше кај треба да се обратиш и во што треба да вложиш 1500ден.
 
Како мислиш висок интензитет и фреквенција на вежбање? Планирам или да намалам на серии, или да намалам на повторувања, притоа, во двата случаеви да зголемам на тежина. ОК е таков начин на вежбање во вакви услови? Инаку, 4 пати неделно имам тежински тренинг (пон-втор и чет-петок).
Да, намали на серии, а задржи ги килажите кои ги дигаш што подолго. Тешко дека ќе можеш да зголемиш тежина.
--- надополнето: 22 јуни 2013 во 02:34 ---
Треба да си барам Гуру, ама никако да го најдам :))

1. биди 100% сигурен колку храна внесуваш, ако има потреба купи дигитална вага за да знаеш точно
2. можеби си го демолирал метаболизмот ако долго време си на диета и затоа стагнираш (ако стагнираш)
3. Толку многу изгубена килажа е за поздрав сигурно изгледаш 10 пати подобро сега, нека ти биде тоа мотивација да истраеш
 
Да, намали на серии, а задржи ги килажите кои ги дигаш што подолго. Тешко дека ќе можеш да зголемиш тежина.
--- надополнето: 22 јуни 2013 во 02:34 ---

1. биди 100% сигурен колку храна внесуваш, ако има потреба купи дигитална вага за да знаеш точно
2. можеби си го демолирал метаболизмот ако долго време си на диета и затоа стагнираш (ако стагнираш)
3. Толку многу изгубена килажа е за поздрав сигурно изгледаш 10 пати подобро сега, нека ти биде тоа мотивација да истраеш

Почнав на шала да трчам и правев по мизерни 7-8 склекови, бев страшно дебеп, не одев на предавања на факултет само за да одам да трчам, после тоа кик бокс, 20кг скинав со трчање и диета ( јадев кога ми се јадење ама се се сведување на стек и зеленчук ) ги скинав за 3 месеци, потоа прекинав да се мерам и ете веќе 4 месеци сум на 85-88кг, сигурен сум дека зголемив мускулна маса во овие 2-3 месеци солидна исхрана и вежбањето, после тренинг се познаваат плитки линии или сенки да ги наречам од стомачните ама оние спојлерите и обручот што го викам не се намалува лесно ( иако малку по малку ги снемува ама тоа е незабележително ). Сигурен сум дека грешам некаде во исхраната и во калориите ама никако да откријам во што е проблемот. Висок сум 185цм со 88кг. Околу стомакот во најдебелиот предел имам 97цм а во струкот сум 91цм тоа е таа голема разлика која ја намалив, ама ова што е прилично малку ми е пекол за топење....
 
момци neutral grip (гледај Слика)
коу мускули ги опфаќа кога вежбам
neutral-grip-chin-up-240wy040710.jpg
 
момци neutral grip (гледај Слика)
коу мускули ги опфаќа кога вежбам
Прегледај го приврзокот 66619

Воглавно овој дел:

Middle-Back.png
 
Ооо имаш среќа што не вежбаш кај мене, ниту има клима ниту вентилаторче едно, после 3-4 серии денес чучањ главата како пиперка ми стана црвена, а чинам водопади пот паѓаат од мене :D Се мислам да почнам рано насабајле да вежбам поради ова инаку не се издржува да се вежба од што е жешко.

Не можам да дадам 100% ради жешково и се нервирам ептен. Едино решение за овие неколку месеци е да се иде рано сабајле или да мењам теретана...
 
Јас идам во теретана около 11-11:30 и да ви кажам подобро е али пак е топло,од вежбање се презнојам,но далеко подобро од вежбање попладне .
 
Како да се извлече бицепсот, пред некое време пишав но никој не ми одговори, кои вежби би препорачале дали со помала тежина или со поголема, под тоа извлекување мислам доколку бицепсот е сличен како кај овој батко http://affinityfitness.net/wp-conte...ris-Side-Biceps-3-Step-Transformation_jpg.jpg
да се извлече да почнува подоле, да ја нема таа празнина. :/
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom