Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
^ со таа со го пиша внесуваш околу 170-180 грама протеин.. + ако додадеш дневно по една доза гејнер шо содржи околу 30-40 грама протеин... потребите за протеин сигурно ке ти се задоволени.
Шо се однесува до суплементите кој ги наброја, никој не е штете.
Ја би ти препорачал да си земеш гејнер што има креатин во него... пример hyper mass од biotech и но реактор за пред тренинг... шо гледам по интернет најдобар што може да се купе во МК е super charge од Labrada... лично го имам користено и сум задоволен.
 
Ќе се надоврзам на погорните постови околу стероидите и нивната употреба.Има многу неискусни па и искусни спортисти кои сакајќи побрзи резултати почнуваат да користат стероиди,секако дека тие помагаат во ставање на мускулна маса и поголема сила АКО се искористени и искомбинирани правилно.Не се препорачуваат за вежбачи почетници без неколку години искуство во теретана исто како што не се препорачуваат и за спортисти кои не го достигнале својот природен максимум или пак немаат сериозни натпреварувачки планови.По муабети што слушате и навидум ви изгледа лесно(Демек:X зимаше стероиди,стварно добри резултати има!)но реалноста е многу подруга,за да имаш резултати користејќи ги овие лекови во спортот треба пред се да се има МНОГУ средена исхрана,правилен и ефективен тренинг,и секако доволен одмор.

Е сега,една од побитните работи додека си на стероиден циклус е да се зима одредена заштита за истите(големината и потребата на заштитата зависи и до големината на дозата на стероидите кои ги примаме).Најчест side-effect на оралните стероиди е оштетување на црниот дроб затоа што повеќето од нив се c17 alpha alkylated базирани стероиди,каде оваа состојка е додадена за да помогне стероидите да поминат преку црниот дроб во крвта без да бидат уништени.Некои од стероидите исто така предизвикуваат и гинекомастија поради хормоналните нарушувања.Привремена стерилност и паѓање на коса се исто дел од нив.Ова се само некои од страничните ефекти на стероидите кои најчесто се појавуваат или се предизвикани поради злоупотребување или неправилно користење на истите.Важно е да се напомене дека пред започнување и по завршување на стероиден циклусен треба да се направи крвна слика и преглед на бубрезите и срцето за да се утврдат одредени проблеми кои ако ги има можат да доведат до компликации ако не се интервенира навреме.Ако се има можност препорачливо е да се прават овие тестови на секои 4 недели од почнувањето на циклусот,кои најчесто се препорачува да трае максимум до 8 недели.

После завршувањето на одреден циклус,можеби и една од најважните работи е PCT(Post cycle treatment),периодот после завршување на циклус кој е најбитен за задржување на нашите резултати кои сме ги стекнале и кој е задолжен за враќање на телото во нормална состојба која за време на циклусот била пореметена главно на хормонален план.Комбинацијата на PCT лекови најчесто зависи од колку и кои стероиди сме ги користеле за време на циклусот.

Големината на дозата на стероидите за време на циклусот зависи од искуството на вежбачот,годините,моменталната физичка состојба и целта на истиот.Секако стероидите како што спомнаа погоре би ги препорачал само на оние кои сериозно се бават со овој спорт а имаат и натпреварувачки амбиции.

За темава има да се зборува и да се напише многу,ова погоре е само мал дел кој не ни требаше да го напишам а сакав во кратки црти да објаснам нешто околу нив.Главната причина за постов ми беше да го тргнам тоа негативно светло што многу луѓе го имаат создадено за стероидите,но исто и да ги предупредам тие што мислат дека со користење на истите се стасува до брзи резултати да не пробуваат експерименти на себе ако не ја разбираат доволно оваа тематика,и да се консултираат прво со лице кое е едуцирано и пред се има искуство во оваа област.Постов не ми е да охрабрам некој да зима стероиди,напротив,да продолжи да си вежба како што вежбал до сега,ако не вежба да почне,а ако нема резултати да си побара што прави грешно.Резултатите порано или подоцна ќе си дојдат,кај некој побрзо а кај некој побавно,како изгледаме е слика на тоа како тренираме и се храниме.
 
Тргнети ги стероидиве на страна од темава, најмалку што треба некој е да се информира од интернет за стероиди.
 
Неможам нигде да ја најдам таа изварка од идеал шипка, се утепав од барање. Да не знаеш каде ја има?
Во Веро ја имаше едно време, сега ја нема.
Stef Bachatero ако ти одговорат на FB за изварката сподели и тука.
 
Фала многу дечки. Пошто од утре почнувам со кардио и дефиниција па сакав да знам поточно за стеков зошто нели, секоја калорија е битна :)
во принцип саламурата се користи кога свежиот стек предолго стоел, па за да не се фрли, се става во саламура со тоа му се продолжува рокот на траење. избегнувајте го саламурениот стек, не е здрав а и лично го избегнувам затоа што ми смрди.
--- надополнето: 10 јануари 2013 во 01:47 ---
Едно блиц прашање за стероиди: Дали краткотрајно користење на стероиди може да му наштети на организмот ?
Имам гледано некои видеа на youtube и од таму колку што разбрав не се штетни, иако сум нуб во оваа област сакав да ги пробам за да качам маса, но прво чекам одговор од некој што има искуство со овие работи.
Чекам одговор
Стероидите нека ти бидат последната опција во овој спорт.
Ако си помлад од 25 години немаш никаква потреба од стероиди, организмот ти лачи доволно тестостерон да напредуваш и на природен начин, не многу рапидно но ефикасно.
Стероидите ќе ти направат хормонски дисбаланс, за кој потоа ќе ти треба долг период за да се опорават хормоните.
Почни да си броиш калории, внес на протеини и тренирај редовно 4-5 пати неделно, со добра исхрана ќе имаш гарантиран напредок. Користи си суплементи (протеин,креатин,NO,глутамин), заеби стероиди.
 
Како да спречам кога ке почнам да се чистам да не ми се направат стрии ? да биде чистењето нормално а не нагло да ослабам?
 
Дечки, на Shoulder press, лактите треба да се пред телото или во линија со телото? Порано ги правев во линија со телото, гледам различно ги прават, па сега почнав да ги правам пред, како ги правите вие и како има најголем ефект?
 
Дечки, на Shoulder press, лактите треба да се пред телото или во линија со телото? Порано ги правев во линија со телото, гледам различно ги прават, па сега почнав да ги правам пред, како ги правите вие и како има најголем ефект?
ако ги држиш пред телото удира повеќе на предното раме, широко работи и трицепсот.
 
ако ги држиш пред телото удира повеќе на предното раме, широко работи и трицепсот.
Ќе можеш да ми кажеш и некои ефективни вежби за задно, предното ми е океј, на задното се мачам.
 
Ќе можеш да ми кажеш и некои ефективни вежби за задно, предното ми е океј, на задното се мачам.

Matt-Face-Pull-news1.jpg


RearDeltFly.jpg


За втората немора целосно до горе да ги правиш како на сликата зошто мускулот на задно раме работи до половина од движењето после помага грбот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom