Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Вежба ли некој од вас на кеј кај Стадион во паркот ?

Денес бев прв пат ,среќни сте скопјаништа едни ! Ние овде на љуљашки два-пати подебели шипки ќе се мучиме ,нејќат да ни напраат едно вратило ,ај што нејќат тоа па нејќат ни место 1м квадратен да ни остапат.....

Алал да ви е ,штета што не можам секој ден да доаѓам...медови ,фантазија....
Дај слика од грбот да видиме дали вежбаш или досадно ти е па си пишуваш овде. :D
 
Значи имам болка во полактот која се јавува во моментот кога вежбам бицепс и на крајот го отпуштам тегот ме боли како некој со нож да ме боде во подлактот. Посебно од пред недела дена кога решив рацете да ги тренирам посебен ден за појако да ги вежбам па ставив на француска шипка 42кг и се беше во ред првиот тренинг ама еве денес на вториот тренинг веќе и при загревање имам оштра болка. Вака во мирување немам никакви болки, го има ли некој надминато ова? Инаку болкава појако или послабо ја влечам 3 години откако вежбав згибови.
Јас го имав истиот проблем многу зафркната работа.Посебно при стисок и кревање на тегови кога раката е свртена кон лицето. Сигурно ме болеше 7-8 месеци.. Почнав пред секој тренинг повеке да ги загревам рацете со вртење на мал тег од 5 кг лево десно со спуштени раце . Еве сега ништо не осикам , може и само од себе поминало .
 
Nolvadex-> кај го има кај нас? и шо пари е отпрлика ако знае некој?
 
Другар листовите најмногу се шират а и горен дел на грбот цел се шири. Се пумпа и подлактицата ама грбот е главната ствар со вратило.

Знаеш кој мускули ги викаат листови?
 
Знае ли некој дали е поефикасно на пр. да се прават склекови во 4 серии по 15 пати (60 склекови) или пак да кажеме 8 серии по 10 пати (80 склекови) ?

Нормално дека во квантитет е подобра втората опција, но дали тие екстра 5 склека по серија во првиот пример значат нешто многу?
 
Знаеш кој мускули ги викаат листови?
Види, знам и кој се листови и што е трапез, ама порано со вежбање на вратило пример во војска latisimus dorsi ( мислам дека ова е латинското име за тие мускули ) ги викале листови или трапез, шо и ден денес таткоми ми вика ај стегни ги листовите, или со луѓе од градов шо сум се среќавал имаат викано стегни ги "листовите" и изгледаш како "трапез" незнам дали ме сфати ама незнам поточно како да ти пообјаснам. :D
 
трапез се вика тоа...листови се на нозе....
 
Мислам дека е до зборното подрачје, до дијалектот :D, кај мене во Прилеп на пример овие мускули сите ги знаат како листови, а никој како Лептир како шо спомна ти погоре.
 
Мислам дека е до зборното подрачје, до дијалектот :D, кај мене во Прилеп на пример овие мускули сите ги знаат како листови, а никој како Лептир како шо спомна ти погоре.
лептир е друго не знаев на што точно ти се однесува ЛИСТОВИ за тоа а од вратило логички највеќе го маваат лептирот и затоа ме асоцираше на тоа. како и да е :)
 
Види, знам и кој се листови и што е трапез, ама порано со вежбање на вратило пример во војска latisimus dorsi ( мислам дека ова е латинското име за тие мускули ) ги викале листови или трапез, шо и ден денес таткоми ми вика ај стегни ги листовите, или со луѓе од градов шо сум се среќавал имаат викано стегни ги "листовите" и изгледаш како "трапез" незнам дали ме сфати ама незнам поточно како да ти пообјаснам. :D



trap.jpg



еве што е трапези..

листови-
2ab618d24d1cfd39df432b909fa2229e.jpg




лептири/lats-
back-anatomy-lats-traps.jpg
 
trap.jpg



еве што е трапези..

листови-
2ab618d24d1cfd39df432b909fa2229e.jpg




лептири/lats-
back-anatomy-lats-traps.jpg
Во текстот кај што ме цитираш пишав дека знам што се листови и трапез, сакав да кажам дека не сите знаат кои мускули како се нарекуваат и на пример кај мене Lats се листови, а не лептири, и трапез е целосниот изглед на телото кога ќе ги стегниш "листовите" како V. Да не се повторувам сеа :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom