Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
а да ви продаам јас на вас P90X програма хехе :P
 
Ме интересира ако има некој поискусен на форумов што оди во теретана (за машки) да ми даде некој совет во врска со вежби.

Јас сега почнав да одам (18 год. 65 кила) и сум тотален почетник и ме интересира со кој вежби да почнам и по колку долго да вежбам за да не претерам на почетокот. Сакам и малце да се здебелам. Дали од почетокот треба да почнам со некој програми (или незнам како се викаат :D) што постоат (пр. еден ден бицепс, другиот трицепс итн.) или пак на почеток само да вежбам помалце па после некоја недела да почнам плански....

Со кои справи да почнам, на која тежина да ги ставам (дали на најтешко што можам или во почеток да не се замарам многу), по колку време и сл. за да знам од кај да почнам.... фала однапред ;)
 
А нема ли некој таму во теретаната да ти покаже. Пошто ние џабе и да ти ги кажеме вежбите, треба некој практично да ти покаже.
 
Абе одприлика јас нешто знам (знам како се користат некој справи :)) али тамо има 1 инструктор и сигурно најмалку 30-40 што вежбаат во тој момент и нема време да се посвети толку на сите така да најбоље мислев да најдам на интернет што како, кој ден на која справа, некое видео на YouTube со вежби и такви ствари ако може некој да ми каже.....
 
Прво да кажеш дали имаш средена исхрана и како планираш да вежбаш дали по две мускулни групи на тренинг или ќе користиш сплит систем каде мускулните групи ќе ти бидат поделени. Ама штом велиш дека сакаш да качиш на мускулна маса, еве на пример програма за ден гради.

Прва вежба - бенч-прес - 15 (загревачка) 12, 10, 8, 6
Втора вежба - коса клупа со шипка или еднорачни - 12, 10, 8, 6
Трета вежба - контра-коса со еднорачни тегови - 12, 10, 8, 6
Четврта вежба - летање на рамна клупа со еднорачни тегови - 12, 10, 8, 6
Петта вежба - Склекови - 2 серии од 15 склекови (ако можеш повеќе уште подобро)
 
Бидејќи сум краток со протеинот во прав, дали да го пијам само во деновите кога вежбам или пак да земам по 1 доза секој ден. Остатокот од исхраната ми е средена со оброци на секои 3-4 часа
 
Нема некое пишано правило за користење на протеинот. Главната употреба му е за дополнување на целокупниот протеински дневен внес. Ти бидејќи сакаш да скратиш, од финансиски причини, би ти препорачал да го пиеш во период во денот кога ти е највеќе неопходно - а тоа е после тренинг. Ако се храниш добро, во деновите кога не вежбаш немаш потреба да пиеш протеин - со цел да заштедиш. Но, ако си промашил оброк, или имаш понизок внес на протеини денот, може да дополниш со една доза протеин. Сепак, нема некое правило за пиење на протеинот, се е личен избор.
 
Гледам дека по 4 серии на вежба правите.. оти јас правам 5 серии и тоа прва полесно втора потешко и трета најтешка килажа а 4 и 5 намалувам..
Инаку сакам да качам повеќе маса па ако може да ми даде некој програма за вежбање и исто така каква храна е полезно да јадам.
 
Вака сакам да го искористам ова топло време, да скинам некој кг. Сакам да земам Л-карнетин. Прашав во Зегин имат таблети од Цедевита, и течен едно протокалово шише. Сега што е подобро и дали има фајда од Л-карнетинот.
 
Дефинитивно има фајде од Л-карнитинот ако си доволно активен, комбинирај кардио со тренинг со тегови, и внимавај на исхрана, ќе видиш солидини резултати, а да си почнел пред летото ќе било подобро. За тоа од Цедевита не сум пробал, ама за Л-карнитинот ти викам не е некое големо чудо, али е доволно да те мотивира да слабееш.
 
Ме интересира ако има некој поискусен на форумов што оди во теретана (за машки) да ми даде некој совет во врска со вежби.

Јас сега почнав да одам (18 год. 65 кила) и сум тотален почетник и ме интересира со кој вежби да почнам и по колку долго да вежбам за да не претерам на почетокот. Сакам и малце да се здебелам. Дали од почетокот треба да почнам со некој програми (или незнам како се викаат :D) што постоат (пр. еден ден бицепс, другиот трицепс итн.) или пак на почеток само да вежбам помалце па после некоја недела да почнам плански....

Со кои справи да почнам, на која тежина да ги ставам (дали на најтешко што можам или во почеток да не се замарам многу), по колку време и сл. за да знам од кај да почнам.... фала однапред ;)
Како за почетник, доволно е да правиш кружни тренинзи отприлика некој 2-3 недели за да може и мусклуите да ги припремиш за потешка килажа и поголем напор.
Под кружни подразбирам тренингзи каде вежбаш комплетно се, од раце, гради, грб, нозе, стомак. Со справи не е некое правило каде и од што да почнеш само да се внимава на тоа да се опфати поголема група мускули во текот на вежбањето. Доволни се три серии со по 10 до 12 повторувања од серија. Тежина која можеш да ја кренеш со некој помал напор за да после некое време постепено зголемуваш.
Вежбите би требало да почнеш да ги делиш кога ќе стигнеш на тежина од некој 30 до 40Kg на справа, најчесто се комбинираат гради со бицепс, грб со трицепс и рамо со нозе.
За здебелување исхраната ќе треба најголемо влијание да има, а со вежбите ќе си помогнеш да не се таложиш со маснотии и сало туку да добиваш некоја мускулна маса. Би требало минимум 3 оброка да имаш дневно, а веќе ако сакаш и до 7 оброка на секој три часа (нели сето тоа влијае во однос на финансиска состојба и можност за таков режим и слично).:)

Вака сакам да го искористам ова топло време, да скинам некој кг. Сакам да земам Л-карнетин. Прашав во Зегин имат таблети од Цедевита, и течен едно протокалово шише. Сега што е подобро и дали има фајда од Л-карнетинот.
L-Carnitin-от е добар избор како еден вид на топач на масти. Ако се прашуваш дали таблети или течен знај дека течниот е далеку инфериорен од тој кој е во облик на таблета но пак многу побрзо се апсорбира во телото. Сепак не значи дека само ако го пиеш инстантно ќе ослабиш, ќе мора да внимаваш на исхрана (помалце калории и масти, јаглехидрати пред вежбање за енергија) и секако соодветно на тоа комбинација на кардио(трчање, точак, скокање јаже и слично) и тегови (тука треба да ги вклучиш сите мускулни групи).
Од искуство би ти го препорачал Liquid Amino на california fitness, со негова помош и јаки тренинзи (припреми пред сезона додека тренирав) симнав скоро 10Kg за скоро 2 месеца, да напоменам дека тогаш не вежбав со тегови туку трчање, склекови, стомачни, комбинирани вежби каде користиш сопствена тежина за оптоварување итн.
Поздрав!
 
Kako mozam najlesno da oslabnam bez mnogu fizicka aktivnost kazete dali pomaga l creatin za slabeenje ili nesto drugo i kazetemi kade mozam da kupam l creatin i sto pari e fala mnogu :D
 
Да ослабеш без многу физичка активност? Не знам како би го постигнал тоа искрено. А креатин апсолутно не ти е потребен зошто има сосем друго дејство и баш напротив кога се слабее се исфрла креатинот од употреба бидејќи тој врзува вода а при чистење гледаме да ја исфрлиме врзаната вода од телото и да добиеме чист мускул.
 
Kako mozam najlesno da oslabnam bez mnogu fizicka aktivnost kazete dali pomaga l creatin za slabeenje ili nesto drugo i kazetemi kade mozam da kupam l creatin i sto pari e fala mnogu :D
:pos: извини ама морав. без физичка активност слабеење само по салони и под нож, нешто што не би препорачал. најверојатно мислиш на L-carnitin а не на Creatin, во секоја аптека или пак во продавница за суплементи и слично во најразлична форма т.е. таблета или течност.;)
 
Dobro de toa L-carnitin i dali pomaga za slabeene ina4e ne rekov deka nema da praam fizicki aktivnosti tuku bez mnogu fizicki aktivnosti bidejki ne sum vo moznost imam nekoj problemi..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom