Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Момци да ве прашам дали медот праве проблеми во вежбањето бидејќи се откажав скоро целосно од благото и сега јадам само мед, дали и тој се вбројува исто така во благите работи кои се штетни за вежбањето или тој е природен и не праве проблеми.:nesum: Инаку јадам многу 1/4 од тегло на ден можеби, заедно со банана (фрапе) и така го сркам со лажица. Кажете ако е лош да го намалам па и ако треба да се откажам и од него. И за кикиритките кажете ми дали треба да ги јадам и ако требе по колку е дозволено бидејќи тие содржат масти.
Благодарам однапред :smir:

Медот е исто шо и шеќерот само шо е смеса од прости шеќери (моносахариди) фруктоза и гликоза, шо се полесни за абсорбција. Освен шо е поздраво да речиме од сахарозата (белиот шеќер) друга разлика нема. Ако сакаш да ослабиш треба да ги намалиш јаглехидратите, а особено јаглехидратите шо ги добиваш од шеќери. Така да 1/4 тегла мед е премногу да јадиш денот, по 1 лајче кафено колку да не ти паѓа шеќерот во крвта можи пред тренинг.

Ова ти кажвам ако сакаш да внимаваш на тежината пошто си се откажал од благото, ако сакаш да се дебелиш слободно и по 3 тегли сркај денот. Бананата ти е подобар извор на јаглехидрати, ама најдобар ќе ти бидат житариците мусли или поефтина варијанта овес.

Кикирите содржат многу масти, исто што и сите други јадки. Ако веќе мораш најмалку масти содржат фстаците и кашиу, а најмногу оревите.



И не прашвајте вакви глупи прашања, имате интернет образовајте се. Јас можам да ти кажам дека треба да јадиш повеќе протеини и да намалиш внесувањето на масти. Јаглехидрати, препорачливо е да не се од шеќери, внесувај двојно појќе од протеини, пример на 100 грама протеини 200 грама јаглехидрати.

Е после ова сега можиш за секое нешто пред да го јадиш на напишиш на Google „нештото шо сакаш да го јадиш“ nutrition facts. Ќе прочиташ и ќе знајш дали чини или не.
 
Не дека нешто се замарам, ама онака чисто информативно......

Што содржи најмногу протеини (кои јадења, освен месото, па и кои меса и како да се приготвуваат за да има најголем ефект )....
Некој вежби за долна грУда ??
Л Карнитин некој што земал да каже ефекти и после колку време :smir::smir:
 
Ме интересира колку е всушност цената на Л-Карнитин ?
Патем , ме интересира конкретно кое месо како треба да се припреми и кога е препорачливо да се јаде ?
И што се случува со витамините ? Дали природен начин е подобар за примање на витамините или повторно со суплементи?
Само уште едно прашање, дали водата во преголеми количини е штетна (над 3-4 литра)?
 
За Л-карнитинот најмалце 10 пати напишавме. За храната имате google и wikipedia точно ви пиши за се што содржи. Пошто јас да ти кажам шо да јадиш неможам, треба сепак по свој вкус да ти е диетата. Така да гуглај ги работите шо можиш да ги јадиш шо ти се подносливи и состави си диета според целта, слабеење или дебелење.
Мултивитамини земи си, нема да те убијат.
Вода колку е штетно незнам, ама се шо е претерано не чини. Така да појќе од 2 литри денот нема смисла да пиеш, а нема ни логика.
 
Добро зошто неможам да аплоудирам текст во ворд????? Одам на вметни и ништо не ми дава???
 
A знае некој дали може да се зема Л карнитин без да се прекрши протеинската диета ? (ако некој има чуено за неа) =)

Јаглехидрати итн итн =) ?

Благодарм !
 
контра кос бенч, можеш на пример на справата за стомачни, онаа каде што нозете ти се прицврстени.
 
Ме интересира колку е всушност цената на Л-Карнитин ?
Патем , ме интересира конкретно кое месо како треба да се припреми и кога е препорачливо да се јаде ?
И што се случува со витамините ? Дали природен начин е подобар за примање на витамините или повторно со суплементи?
Само уште едно прашање, дали водата во преголеми количини е штетна (над 3-4 литра)?
Водата мислам е штетна во преголеми количини, баш пред некое време читав жена умрела од "предозираност" со вода, или водено труење како се викаше...
 
Водата мислам е штетна во преголеми количини, баш пред некое време читав жена умрела од "предозираност" со вода, или водено труење како се викаше...

Литар до два мислам дека треба дневно да се внесува за правилна работа на бубрезите, а за повеќе, тоа би ги оштетило бубрезите.
 
А зошто некој би пиел 5 литра вода на ден? Да не се обидуваш да го смениш светскиот рекорд, или некој ти кажа дека така ќе бидеш подобар пливач? Па се разбира дека штети..
 
А зошто некој би пиел 5 литра вода на ден? Да не се обидуваш да го смениш светскиот рекорд, или некој ти кажа дека така ќе бидеш подобар пливач? Па се разбира дека штети..

Не пијам 5 литра, не се секирај, далеку од тоа. Само му реплицирав на ЗироСтајл.
 
И јас му реплицирав нему, зборот пливач дојде со водата : )))
 
Еј па нели треба да се пие повеќе вода додека се пие креатин? Ј‘‘оте.....се мислам дали да земам пак креатин сеа.
 
Еј па нели треба да се пие повеќе вода додека се пие креатин? Ј‘‘оте.....се мислам дали да земам пак креатин сеа.

Брат ..за да пиеш креатин, треба да конзумираш околу 5 литри течности дневно, зш ако не пиеш, ќе имаш силни болки во бубрезите навечер.
Креатинот се таложи во бубрезите како песок и ако не пиеш вода нема да се филтрираат бубрезите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom