Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Најбоље комбинација шо ја имам пробано а и што добро делувала
Аnimal Pump со Mass 4500 (чист протеин) и после тоа една доза глутамин
Сеа глеам излегло некое ново соединение од креатини
се вика No-Xplode ама 4200ден викаат лудница било ама не практикувам креатин
пошо додека го пиеш добар си после месец дена ке се разочараш
 
Од протеин ништо не може да ти биде земај колку што сакаш,тоа не е ААС па да има некои несакани ефекти.За протеинот ако имаш длабок џеб пиј го колку што ти душа сака,но за креатинчето има пауза на пример
5 дена Х 20грама - полнење
потоа Х 10грама до 1 месец - пред и после тренинг
пауза барем 1 месец.

Полнењето може и да го прескокнеш бидејќи нема некои големи ефекти дури не било добро полнење.
 
Некој да ми каже дали овие протеини се добри и од прилика која им е цената, и како се употребуваат.
Благодарам однапред.
 
Некој да ми каже дали овие протеини се добри и од прилика која им е цената, и како се употребуваат.
Благодарам однапред.

Друже овие протеини прв пат ги гледам во мојот живот оваа фирма.Најдобри ти се Универзал Нутрион,ги имаш во Гладијатори во Скопје и Битола.Земи си 100% Веј Голд Стандард,можеби ќе платиш малце повеќе но ќе знаеш што пиеш.Таму ќе ти објаснат се!
 
Некој да ми каже дали овие протеини се добри и од прилика која им е цената, и како се употребуваат.
Благодарам однапред.

Друже кај ги најде овие протеини, жити се ??? Се купува протеини само од проверени фирми и исклучиво Веј протеин.
Еве ти одлична фирма за протеини - http://www.ultimatenutrition.com/
Еден од најдобрите протеини е Iso Sensation 93 а за тебе ќе биде одличен и Prostar Whey. Ги има и двата на страната што ти ја пишав и ако знаеш англиски прочитај малку за нив.
 
Зошто бе што има фали, денеска прашав во Swansson ми кажаа добри биле и во сабота ќе донеселе и ќе ги земам. Инаку 1000 денари биле :toe:
 
ако земате протеини само 100% WHEY GOLD STANDARD тие се најпродавани во светот. Јас се зафркнав фрлив 3200 на 3 кила (Годпод само знае какви) протеини(дали и воопшто беа протеини).
 
Сакам да почнам да идам во теретана пошто сакам да направам бар малку добро тело.

Тренирам карате скоро 5 месеци, значи кондиционо сум доста спремен (ако воопшто треба кондиција за во теретана).
Не планирам да користам никакви протеини или слични нешта. Значи сакам да пробам природно, па ми треба совет за добра исхрана.

Прв пат ке ми биде во теретана да идам сеа, такашто, што препорачувате за почетници, колку, што и како да кравам :)
Висок сум околу 177цм, тежок 75кг. Иам ептен мало стомаче(али сепак е стопаче :)), а сакам да напраам добри стомачни. Тешко ли ќе биде тоа ? :) Многу ли време ќе ми треба ? А градите, бицепс, трицепс, итн ?

Поздрав:smir:
 
Здраво
Барав низ темата дали сте пишале каде има теретани во Скопје во центар, ама не најдов. Ќе може ли некој да ми каже каде има некоја, што не е крш, околу Рамстор, бидејќи сум од страна и не сум ги шетал.
Поздрав
 
Имаш една во дом на АРМ (кај што идам јас и уште неколку форумџии), а имаш и во близина на студентскиот „Кузман“ (Strong Gym). Други, не ми текнува во моментов. Во првата е 800 денари месечно, а во втората 1200. Можеш да одиш неограничен број пати месечно. Сум одел во двете и ти ја препорачувам таа во Дом на АРМ.
 
Сакам да почнам да идам во теретана пошто сакам да направам бар малку добро тело.

Тренирам карате скоро 5 месеци, значи кондиционо сум доста спремен (ако воопшто треба кондиција за во теретана).
Не планирам да користам никакви протеини или слични нешта. Значи сакам да пробам природно, па ми треба совет за добра исхрана.

Прв пат ке ми биде во теретана да идам сеа, такашто, што препорачувате за почетници, колку, што и како да кравам :)
Висок сум околу 177цм, тежок 75кг. Иам ептен мало стомаче(али сепак е стопаче :)), а сакам да напраам добри стомачни. Тешко ли ќе биде тоа ? :) Многу ли време ќе ми треба ? А градите, бицепс, трицепс, итн ?

Поздрав:smir:

Еве ти еден добар текст за почеток верувам дека ќе ти помогне.
 
Attachments

Ај објаснети ми сега како најправилно се користат протеините.
Пред јадење, пред тренинг, после тренинг...?
Колку количина, колку пати на ден и со што се раствара (сок, млеко, вода) бидејќи е во прав?
Прашувам овде бидејќи од каде што ги купив не ми објаснаа баш добро и чекам подобро објаснување од вас :smir:
 
незнам за тие,јас зимам Супер Гејнер 4200.
2 пати дневно,пред и после тренинг
и растварам 3 мали лажички во 300 мл млеко:smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom