Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Па намалував тежина 5-6 месеци. Намалив 15 кила и тоа скоро се само масти. Сеа имам 80 и сум задоволен со нив, само немам никаква дефиниција. Затоа сега од почетокот на месецов сменив програм и почнав стриктно да вежбам вежби за обликување на тело. Затоа прашувам дали сега е паметно да се исфрли кардио од програма и повеќе да се посветам на ова. Или боље прашано, има ли кардио удел ако сакаш да добиеш дефиниција? Овој ваму вработениот ми вика да се држам на кардио. Само мене ми е досадно и некако не ми се тренира веќе тоа :D

Епа не го прави штом ти е досадно. Пробај, одлучи.

Безброј опции имаш, од стандард кардио, HIIT, LISS, билошто. Ако ти е разумно блиску пешки оди и враќај се од теретана.

Ако под дефиниција мислиш поголеми мускули и има и нема. Ако јадеш во суфицит и покрај кардиото нема. Ако без кардио си во суфицит на калории, а со кардио не/дефицит тогаш да, ќе има.

Ако не е тајна, што програма тераш сега?
 
Не знам како да ти кажам што програма тренирам. Ми ја напиша еден вработен ваму кај што идам. Еден ден тренирам гради, грб, бицепс, нареден ден тренирам нозе и трицепс.
 
Па намалував тежина 5-6 месеци. Намалив 15 кила и тоа скоро се само масти. Сеа имам 80 и сум задоволен со нив, само немам никаква дефиниција. Затоа сега од почетокот на месецов сменив програм и почнав стриктно да вежбам вежби за обликување на тело. Затоа прашувам дали сега е паметно да се исфрли кардио од програма и повеќе да се посветам на ова. Или боље прашано, има ли кардио удел ако сакаш да добиеш дефиниција? Овој ваму вработениот ми вика да се држам на кардио. Само мене ми е досадно и некако не ми се тренира веќе тоа :D
Кардио нема никаква улога во градење на мускули(освен нозете) обратно според некои истражувања негативно влијае низ тој процес. Јас би го исфрлил скроз освен 5-10 мин пред тренинг загревање.

Еден ден тренирам гради, грб, бицепс, нареден ден тренирам нозе и трицепс.
а рамо кога? јас би одел со стандард сплит тренинг по кој и сам вежбам
гради-грб
бицепс-трицепс,
нозе-рамо
3 пати неделно сосема ок е незнам зашто би вежбал 4 пати, мускул треба да има еден ден одмор да се оправи од тренинг, вака ако си почетник па секој ден ке удриш има ризик од повреди претренираност и тн
 
Не знам како да ти кажам што програма тренирам. Ми ја напиша еден вработен ваму кај што идам. Еден ден тренирам гради, грб, бицепс, нареден ден тренирам нозе и трицепс.
Не ми се допаѓа распоредот на програмата како прво, рамото, трапезот, подлактицата ги немаш никаде.
Второ ако веќе одиш горен/долен дел почни да ги правиш два пати горен/долен дел/пауза/горен/долен/пауза и ти доаѓа два пати неделно (ако имаш време нормално).
Кардио почни HIIT po 20 минути 3-4 пати неделно после горен дел и во денови кога ти е пауза
Внимавај на калориите, ако јадеш повеќе од тоа што трошиш, нема да имаш резултат.
 
Не знам како да ти кажам што програма тренирам. Ми ја напиша еден вработен ваму кај што идам. Еден ден тренирам гради, грб, бицепс, нареден ден тренирам нозе и трицепс.

Ако ти е без фиксни вежби не чини. Плус гради/грб во еден ден со можност да вежбаш повеќе од 2 дена во најмала рака не е економично.

Имаш неколку опции од тука. PPLx1 неделно, нешто од типот на Stronglifts/IceCreamFitness5x5 со намалена фреквенција на тренирање нозе (имаат 3 пати неделно чучњеви, затоа), или некој сплит. Мое лично мислење е дека сплит со тренирање мускулна група еднаш неделно е неефективен, многу подобри резултати имам кога го терам 3 пати на две недели (5х5 програмите на пример) или два пати неделно по мускулна група. Волуменот од еден ден го делиш на два, плус можеш уште малце да ставиш. Од друга страна пак ако имаш поспоро опоравување нема да ти одговараат овие пофреквентните...

-------------------------------

Или втората и многу подобра опција, ќе те оставам со линкот подоле, имаш мал милион работи убаво и фино објаснети, сам ќе си креираш мислење и ќе си одлучиш без туѓ "придонес". Само со тоа што е пишано таму можеш да тераш година дена, па и повеќе.

https://www.reddit.com/r/Fitness/wiki/index
 
Која програма е подобра(поефективна и зошто) и дали има нешто разлика во внесот на протеини??
------------------------------------------
Понеделник: Гради (5 вежби)
Вторник: Грб (5 вежби)
Среда: Нози (5 вежби)
Четврток: Рамо (5 вежби)
Петок: Раци (5 вежби)
Сабота: Стомачни (6 вежби)
Недела: Одмор
--------------------------
Понеделник: Гради и Трицепс (5 вежби + 2-3)
Вторник: Грб и Бицепс (5 вежби +-2-3)
Среда: Нози и Стомачни (5 вежби + 3-4)
Четврток: Гради и Трицепс (5 вежби + 2-3)
Петок: Грб и Бицепс (5 вежби + 2-3)
Сабота: Рамо и Стомачни (6 вежби + 2-3)

Втоρиот план ти е подобаρ споρед мене, аκо си почетниκ(аκо тρениρаш 1-2год), напρави пρомена само во внесот на пρотеини после тρенинг, на пρимеρ аκо сега внесуваш 20г пρотеини после тρенинг со втоρиот план κоρисти 25г бидејќи ρаботиш повеќе гρупи на мусκули одеднаш.
 
Која програма е подобра(поефективна и зошто) и дали има нешто разлика во внесот на протеини??
------------------------------------------
...

*лично мислење, иако непотребно да се напомене*

Во првата имаш push-pull-legs-рамо-раце-стомак.

PPL делот е стандард, нема ништо специфично, ама имам коментар на останатото. Посебен ден за раце е забегано. Рамо и стомак можеш да ги споиш во стил Overhead Press како прва и главна вежба па после суперсерии од една вежба рамо, една стомак. Предност? Штедиш на време.

Втората ти е PPLPPS. Незнам што да речам, ако веќе одиш на нешто вакво оди на програма со фиксни вежби. Coolcicada PPL, ks98 PPL etc.

Други информации неможам да ти дадам, многу штуро имаш прашано. Исто и за протеинот. Формулирај поконкретни прашања, пиши литературно раце и нозе и надевај се.

Бацки.
 
Нема потреба толкаво посветување внимание на видот на тренингот. Важно е еднаш интензивно да ја поминеш секоја мускулна група неделно, додека за мускулни групи во кои има заостанување се препорачуваат два пати неделно и згора на тоа да се менуваат на одредено време вежбите од причина што телото се адаптира. Напредокот пак зависи од исхраната. Телото не разликува дали правиш PPL, P90X, P90X2, итн., важно е да го подложиш мускулот на доволна тежина за да може да расте и добро и квалитетно да го раниш секојдневно, проста физиологија.
 
Некој линк од прецизен калкулатор, или да ми пресмета колку калории трошам дневно?Најдов повеќе ама ретко кој се совпаѓа, иначе 170 цм 74 кг 21 год. 5 пати неделно тренинг.
 
Некој линк од прецизен калкулатор, или да ми пресмета колку калории трошам дневно?Најдов повеќе ама ретко кој се совпаѓа, иначе 170 цм 74 кг 21 год. 5 пати неделно тренинг.
Земи средина од два три калкулатора од нет и следи го туторијалов.
 
Дечки знам дека има посебна тема за суплименти но бидејќи не е баш ажурна ко оваа би сакал да ве прашам за мислење посебно оние кој го пробале ГОЛД ВЕЈ НА ВAЈДЕР gold whey weider по состав и сооднос на аминокиселеинете и речеси идентичен со gold standard na ON а е доста поефтин околу 3500 ден за 2 кг. Па што мислите, има ли некој искуство со овој протеин и сл... ?
 
Дечки ми треба совет, сакам да качам на маса 176 70кг сум , планирам да земам гејнер се двоумам меѓу hyper mass 5000 и olimp gain bolic 6000, кој е подобар или нешто што ќе препорачате.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom