Блогови

  • Креатор на темата Креатор на темата RICK
  • Време на започнување Време на започнување
Поентата на советот со бројач не е да има бројка на самата страница, туку и ти и посетителите да можат да видат колку посети има, преку кои линкови доаѓаат и слично. Ти имаш веб логови што можеш да ги користиш за истата работа, ама овие со blogger.com сајтови што ќе користат?

Acid напиша:
И не ги послуша а? Уште не стави бројач од „сајт митер“...
Браво!

Немаш појма само колку ме нервира кога ќе видам бројач на некој сајт.

Немој ни да ставаш. :ne_zboram
 
PetarK напиша:
Поентата на советот со бројач не е да има бројка на самата страница, туку и ти и посетителите да можат да видат колку посети има, преку кои линкови доаѓаат и слично. Ти имаш веб логови што можеш да ги користиш за истата работа, ама овие со blogger.com сајтови што ќе користат?
Може да користат бројач, ама немора да биде јавен. Може да се скрие - нормално. Сакав да кажам дека ме нервираат јавни статистики на било какви веб страни. :wink:
 
А дали би те нервирало кога некој би дал пристап до неговите статистики на тие што сакаат да видат, ама да не се гледа тоа на самиот сајт? За тоа беше советот во Време.

Нормално дека секој би сакал да погледне, ама реков дека според мене јавна статистика е глупост. Поготово на блог. :wink:

Сега, знам дека ќе го свртиш муабетот на комерцијалните страни, во стил „мора потенцијалните огласувачи да знаат колку е посетувана страната“... Тоа пак не држи, зошто сериозните (потенцијални) огласувачи може да стапат во контакт со одделот за маркетинг и да ги добијат сите потребни информации, а доколку одлучат да се рекламираат се разбира дека ќе имаат пристап до статистиката.

Така да, која е потребата за јавна статистика на блог? „Курчење“? :wink:
 
Јок, немав намера натаму да го свртам муабетот. ;)

Како блогер, не би сакал луѓе да ставаат линкови до тебе? Не би сакал тебе да викаат по средби како главна блогерска фаца? Ти може не, ама многумина да. Епа, за да увериш некого дека си читан, треба да му дадеш да види статистики.

Многу работи што ги правиш во животот не ги правиш за лично да ти помогнат, туку да им помогнат на други кои можат тебе да ти помогнат.
 
PetarK напиша:
Јок, немав намера натаму да го свртам муабетот. ;)

Како блогер, не би сакал луѓе да ставаат линкови до тебе? Не би сакал тебе да викаат по средби како главна блогерска фаца? Ти може не, ама многумина да. Епа, за да увериш некого дека си читан, треба да му дадеш да види статистики.
Гледаш дека знам да признаам нешто? :wink:
Овој факт го занемарив ненамерно, а целосно си во право!
 
Инаку, кој е главната блогерска фаца, кој е најпосетуваниот?
 
PetarK напиша:
Епа, за да увериш некого дека си читан, треба да му дадеш да види статистики.

И кога ќе види
Page Views 1
Visit Length 0:00
:)

значи повеќето посетители, не читаат, не се задржуваат, не коментираат... туку се само статистичка бројка...
 
Замисли секој ден, два пати на денот читаш некој блог, ама не оставаш коментари. Како мислиш дека ќе се бележат твоите посети? Како две посети од по еден page view со должина од нула секунди.

Или мислиш дека компјутерите имаат мозок и очи и се шпионски расположени, па те гледа колку време буљиш во страницата со блогот, па му шепкаат на sitemeter колку долго си седела на страницата?

dreamgirl напиша:
И кога ќе види
Page Views 1
Visit Length 0:00
:)

значи повеќето посетители, не читаат, не се задржуваат, не коментираат... туку се само статистичка бројка...
 
Од кај http://najdi.org.mk/blog најпосетувани се тие што имаат најмногу постови бидејќи најмногу се мотаат на прво место на страницата, т.е. се најчесто најнови постови. :)

Acid напиша:
Инаку, кој е главната блогерска фаца, кој е најпосетуваниот?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom