Блиц вести

  • Креатор на темата Креатор на темата lav
  • Време на започнување Време на започнување
MANIC напиша:
ZNAES ZOSTO MU RASKINNUVA STOLE ANDOV OTI TOJ NEMA KARIES NA ZABITE A SITE STO IMAAT KE OSTANAT

пак ти? не собра ум? кој го загинал, па ти на го најдиш...

ладење до 5-ти јули сакаш? не какај, ако имаш да пишуваш шо твојата партија нуди, пиши, ако не ќути и скриј се, мајтап си прај со тебе скоро цел форум...
 
Serdarot напиша:
пак ти? не собра ум? кој го загинал, па ти на го најдиш...

ладење до 5-ти јули сакаш? не какај, ако имаш да пишуваш шо твојата партија нуди, пиши, ако не ќути и скриј се, мајтап си прај со тебе скоро цел форум...

Дај му едно ладење и готово, што ке се расправаш со будали.
 
СОРАБОТКА

Македонската православна црква воздржана кон предлогот на Црногорската православна црква
Идејата за соработка што дојде од Црна Гора не треба ниту да се прифаќа ниту да се одбие, оцени владика Петар
D49362C401166F45806B71AE14085DC4.jpg

Македонската православна црква треба да остане воздржана во однос на барањето на Црногорската православна црква да и' се помогне во обновата на нејзината автокефалност, изјави вчера преспанско-пелагонискиот владика Петар.

Според него, во овој момент најдобро е МПЦ да не се изјаснува веднаш за ова барање, туку да остави да се види на кој начин ќе се развиваат настаните во Црна Гора по нејзиното осамостојување.

- Треба да оставиме работите таму да се смират, не е потребно ние да ги прејудицираме. Конкретно, идејата што дојде од Црна Гора не треба ниту да се прифаќа ниту да се одбие - нагласува владиката Петар.

Архиепископот на непризнаената Црногорска православна црква г. Михаил завчера го повика македонскиот архиепископ Стефан да им помогне. Тој предложи МПЦ да испрати свои професори за богословското училиште, а непризнаените цркви да се здружат за полесно да изборат признавање.

Поглаварот на МПЦ вчера не беше достапен за коментар. Владиката Петар смета дека не треба да се влегува во сојуз со непризнаени цркви.

- Наша цел треба да биде да се решат проблемите, а не да се оди во сојузи и поделби - истакнува тој.

МПЦ ја одби поканата за соработка и за заеднички настап од Украинската православна црква, која не е признаена од Руската православна црква. Пред неколку години еден од владиците на МПЦ предложи да се создаде коалиција на православните цркви што бараат да им се признае автокефалноста. Негов аргумент беше дека на тој начин ќе зајакне преговарачката сила на овие во однос на црквите од кои се бара признание. Ваквата идеја беше отфрлена.

Црногорската православна црква од нејзиното обновување во 1993 година до МПЦ испраќала сигнали за соработка. Тоа било изразено во периодот додека на челото на МПЦ се наоѓал архиепископот Михаил. Понудите биле одбивани со образложение дека црквите не се во иста ситуација кога станува збор за барањато да им се врати автокефалноста. Ова најмногу се однесува на начинот на изборот на владиците.

Српскиот црногорско-приморски владика Амфилохие вчера изјави дека црквата во Македонија „не треба да наседнува на провокациите од расчинети свештеници“, а дека дијалогот на СПЦ со МПЦ не е затворен.

Православните цркви го оспоруваат постоењето на црногорската православна црква бидејќи сметаат дека таа е неканонски обновена. Главниот проблем се врзува за изборот на црногорскиот архиепископ Михаил Дедаиќ, поранешен свештеник на Грчката православна црква. Дедаиќ бил ракоположен за епископ на ЦПЦ во 1998 година во Софија од владиката Пимен, предводник на отцепеното крило на Бугарската православна црква. Меѓутоа, таа хиротонија не била прифатена од другите православни цркви. Вселенскиот патријарх Вартоломеј го расчинил архиепископот Михаил.
 
ВМРО-ДПМНЕ обвинува

Прчевски се декларира како заштитник на криминалот
ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини јавниот обвинител Александар Прчевски дека е заштитник на организираниот криминал во државава
B57A0A97DC0DB441A4CC217F1492D6AC.jpg

МРО-ДПМНЕ денеска го обвини јавниот обвинител Александар Прчевски дека е заштитник на организираниот криминал во државава.

- Прчевски изјави дека не гледа организиран криминал во аферата „Бачило“ и со тоа практично се декларира како заштитник на организираниот криминал во земјава. Наспроти заклучоците на Владата и на снтикорупциската комисија дека станува збор за организиран криминал, јавниот обвинител го затвора случајот со обична изјава дека за целиот случај е виновен некој селски писар - рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

ВМРО-ДПМНЕ го праша Прчевски дали размислува да покрене постапка против себе за злоупотреба на службената должност.

- Скандалозното затворање на оваа афера потврдува зошто СДСМ инсистира на бришењето на казнените одредби за службена одговорност од Кривичниот законик - нагласи Милошоски.

Осврнувајќи се на меморандумите за поддршка на Град Скопје што ги потпиша премиерот пред еден месец, Милошоски праша колку милиони евра до денеска Бучковски префрлил на сметката на Град Скопје и од каде му се тие пари.

ВМРО-ДПМНЕ вчера повика Владата да престане и со манипулациите во енергетскиот систем.
Бучковски ги крои цените на енергенсите
ВМРО-ДПМНЕ го обвини Бучковски дека во континуитет ги дефинира цените на енергенсите како што му одговара пред изборите.

- Со донесената одлука што треба да стапи во сила од 1 септември годинава, според која „Силмак“ ќе плаќа 22 евра за еден мегават-час, а „Фени“ 31 евро, грубо се крши регулативата. Во Македонија цените на нафтените деривати ги дефинира Регулаторна комисија, по утврдена методологија, а постои и Закон за енергетика. Донесувањето ваква одлука ќе ја наруши работата на следната влада - предупреди заменик-портпаролот Влатко Чинговски
 
ПРЕГОВОРИ ВО ОПОЗИЦИЈАТА

Ѓорчев не ги прифати условите на Груевски
Земјоделската народна партија (ЗНП) не ги прифати условите што ги понуди ВМРО-ДПМНЕ за коалиција на парламентарните избори
CFDF3ECE73491346B69D5EBFE201590E.jpg

Земјоделската народна партија (ЗНП) не ги прифати условите што ги понуди ВМРО-ДПМНЕ за коалиција на парламентарните избори. Синоќа и Републичкиот одбор на Либералната партија требаше да реши дали ќе прифати коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Според извори во ЗНП, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не попуштил од првичниот предлог партијата на Ѓорчев да добие две добитни пратенички мандати. За Ѓорчев била неприфатлива формулата „три минус еден“ според која, би добиле три пратенички места, но ако еден од пратениците прејде во извршната власт, на негово место да влезе кандидат од ВМРО-ДПМНЕ. Раководство на ЗНМ, завчера, го одбило ваквиот предлог зашто сметаат дека со самостоен настапат може да освојат пет пратеници.

Лидерот на Либералната партија, Стојан Андов, изјави дека денеска ќе знае дефинитивно дали ќе коалираат со ВМРО-ДПМНЕ.

Од другите поголеми партии што се дел од Здружената опозиција, извесно е само дека со ВМРО-ДПМНЕ остануваат социјалистите на Ѕинго. Во Демократскиот сојуз велат дека паралелно со преговорите со ВМРО-ДПМНЕ подготвуваат изборни листи за самостоен настап во случај да пропаднат преговорите
 
Кавадарци

Умрени лица во избирачкиот список
Во избирачкиот список има починати лица, но и граѓани што го промениле своето живеалиште, а се водат се' уште на старата адреса, се вели во реакцијата на правната комисија при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци. Според комисијата, несериозното и неправилно ажурирање на податоците претставува основа за аномалии и за злоупотреба на гласачкото право.
 
НОВИНИ

Тодор Петров ќе промовира партија
Македонска партија е името на новата политичка партија што денеска ќе биде промовирана. Нејзин лидер е Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес.

Партијата, која била регистрирана на 17 мај годинава, ќе ги промовира носителите на кандидатските листи за пратеници и изборната програма. Дознавме дека Петров ќе биде носител во четвртата изборна единица, во која е и Гевгелија, неговиот роден град.
 
ВМРО-НАРОДНА

Петката за Љубчо Георгиевски ВМРО-Народна ги одреди носителите на кандидатските листи за пратеници. Во првата изборна единица носител на кандидатската листа ќе биде пратеникот Ѓорѓи Оровчанец, во „двојката“ партиската претседателка Весна Јаневска. Третата изборна единица, која ги опфаќа Велес, Штип, Кратово, ќе ја предводи Марјан Додовски, поранешен министер за екологија. Ден Дончев е носител на листа во четвртата изборна единица, а неформалниот лидер Љубчо Георгиевски уште пред околу два месеца најави дека ќе ја предводи листата во петтата изборна единица во кои влегуваат Битола, Ресен, Охрид. Во шестата изборна единица носител ќе биде пратеникот Ѓорѓи Трендафилов.

Критериум за определување на носителите на листите бил нивниот рејтинг во базата, кој партијата го сондирала во последните неколку месеци.
 
ПРЕДИЗБОРНИ ТАКТИЗИРАЊА НА БУЧКОВСКИ

Премиерот ги прифати сите барања на просветарите
Просветарите го откажаа денешниот протест, зашто премиерот Владо Бучковски вчера им даде се' што бараа. Просветарите ќе ги добијат сите надоместоци утврдени со колективните договори. Ова се сите барања на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) пред кои на вчерашните неколкучасовни преговори во Владата предизборно попушти Бучковски. Пари за ова ќе се обезбедат со ребаланс на буџетот.

- Сите наши барања се прифатени и затоа нема да протестираме. Надоместоците за класните раководители ќе се исплатат со мајската плата, односно 760 денари за наставниците во основното и 890 денари за тие во средното образование. Нема да допологаат испити наставниците што требаше да предаваат во подготвителната настава за да не се суспендираат измените од Законот за основното образование - изјави претседателот на СОНК Дојчин Цветановски по преговорите.

Кабинетот на премиерот соопшти дека на првата наредна седница Владата ќе донесе заклучоци за наоѓање решение за целосна исплата на утврдените коефициенти за наставниците во одделенската и предметната настава за одделенско раководство. Целосно ќе се испочитуваат утврдените права за стекнатите педагошки звања во основните и средните училишта. Владата ги прифаќа барањата на СОНК кои се и барања на родителите нултата наставна година да се изведува во детските градинки, а под раководство на училиштата.

Во соопштението на Владата пишува дека на утрешната владина седница ќе се разгледа барањето за ревидирање на измените од Законот за основното образование, како и предлогот за продолжување на натамошното функционирање на целодневната настава како досега.
 
СЕЕМО

Протест против затворската казна за новинарот Божиновски
Медиумската организација на Југоисточна Европа (СЕЕМО), филијала на Меѓународниот прес-институт (ИПИ), со седиште во Виена, реагираше поради затворската казна изречена на новинарот Зоран Божиновски.

Организацијата посочува дека Божиновски, кој е косопственик и заменик-уредник на дневниот весник „Тројка“ и новинар на неделникот „Форум плус“, од завчера почна да ја одлежува казната од три месеци затвор за клевета и навреда.

СЕЕМО истакнува оти со неговата Декларација од 6 мај годинава клеветата нема третман на кривично дело, а исто така дека македонското Собрание го усвои амандманот на Кривичниот закон со кој се укинува клеватата како кривично дело.

СЕЕМО го адресира протестното писмо до највисокото државно раководство.
 
ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ОБЕЗБЕДИ БЕСПЛАТЕН ИНТЕРНЕТ ЗА ГРАЃАНИТЕ НА 3 И 4 ЈУНИ

ngizjavaprerodba7zv.jpg

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска изјави дека партијата ќе овозможи бесплатен интернет за граѓаните на 3 и 4 јуни со цел да покаже дека изборната програма што ја презентираше пред неколку недели е остварлива.
-Со оглед на тоа што во изминатите неколку недели откако партијата ја објави својата изборна програма во неколку наврати почувствувавме сомневање дали програмата може да се оствари, ВМРО-ДПМНЕ одлучи на 3 и 4 јуни да овозможи бесплатен интернет за сите граѓани на Македонија. Ова го правиме за да покажеме дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ онаква каква што е, е остварлива, прецизна, точна и оти ќе може да биде остварена во наредните четири години.
 
Гусар како прво ти го избришав потписот дека такви потписи и аватари се забранети.

Второ ... ќе се онесвестев кога ја слушнав оваа вест... као не е подмитување туку онака од добра воља ќе даваат бесплатен интернет? Не ми се верува ...:nesvest: :nesvest: :nesvest:
Него подобро брашно и масло нека нудат ... така барем ќе се нахранат некои гладни.

Срамота и ептен ниско.
 
a so treba da im e fintata ustvari so besplaten internet ?
 
Хрватите во преамбулата

Според Вечерње новости, Бучковски го уважил барањето на Санадер за внесување на Хрватите во преамбулата на нашиот устав. Во коментарот уште се додава дека иницијатива за внесување во преамбулата спремале и Црногорците и Бугарите.

http://www.novosti.co.yu/code/navigate.php?Id=11&status=jedna&vest=89558&datum=2006-05-24
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom