Блиц вести

  • Креатор на темата Креатор на темата lav
  • Време на започнување Време на започнување
Не се прецизира како ќе го изведат тоа?
Од кој провајдер ќе биде интернетот?
Ќе делат акаунти за пристап, или?

Повеќе информации, битте.
 
Acid напиша:
Не се прецизира како ќе го изведат тоа?
Од кој провајдер ќе биде интернетот?
Ќе делат акаунти за пристап, или?

Повеќе информации, битте.

Груевски кажа дека ќе било тоа за сите, за цела држава ... ништо поконкретно ... којзнае, може сите провајдери ќе се :icon_lol: :icon_lol: :icon_lol:
 
Здружена опозиција

Поповска и Ѓорчев не се отпишани
Се' уште е можно Земјоделската народна партија на Марјан Ѓорчев и Демократска обнова на Македонија на Лилјана Поповска да се најдат во Здружената опозиција
3D32EEDBC524F64D888BB2550E8D9787.jpg

Се' уште е можно Земјоделската народна партија на Марјан Ѓорчев и Демократска обнова на Македонија на Лилјана Поповска да се најдат во Здружената опозиција. Така тврдат извори во неа, иако ЗНП објави дека не постигнала договор со ВМРО-ДПМНЕ, а партиските органи на ДОМ веќе се изјаснија за самостоен настап.

Според нашите извори, Ѓорчев и неговите најблиски соработници се' уште размислуваат дали да ја прифатат последната понуда од ВМРО-ДПМНЕ со која би добиле три пратенички места и функции во извршната власт ако победат на изборите. Во партијата составуваат самостојни листи, но истовремено прават комбинаторики и за коалициски настап. Се тврди дека првите луѓе на ЗНП се за коалиција, но пониските ешалони се против. Одлагањето на промоцијата на носителите од редовите на ЗНП многумина го толкуваат како доказ дека партијата се' уште не е на чисто како ќе настапи на изборите и дека се' уште има шанси за договор со ВМРО-ДПМНЕ.

Слична била ситуацијата и во ДОМ. Поповска била расположена за заеднички настап со Груевски, но на тоа се противеле членовите, кои сметале дека ДОМ како нова партија која на граѓаните сака да им понуди нешто ново и поинакво треба да оди сама на изборите.

Ѓорчев вчера беше недостапен, а Поповска ни рече дека ситуацијата со ВМРО-ДПМНЕ е статус кво. Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека разговорите со коалициските партнери, меѓу кои и со ЗНП, се при крај.

- Тие разговори деновиве ќе завршат. ВМРО-ДПМНЕ има 17 коалициски партнери во овој момент и уште една-две помали партии што се интересираат да станат дел од коалицијата, така што најверојатно ќе завршиме со голема бројка, сигурно над 15 партии - рече вчера Груевски, без притоа да посочи кои се двете партии што сакаат да се приклучат на Здружената опозиција и дали меѓу нив е и ДОМ.

Разврската на коалициската сага во опозицијата треба да се очекува до крајот на неделата, затоа што рокот за пријавување на изборните листите истекува во вторник на полноќ.
 
МИРЧЕ АДАМЧЕВСКИ

Некои медиуми веќе ја почнаа изборната кампања
Ако внимателно го читате Законот за радиодифузијата, ќе ги видите сите лобисти што го подготвиле, но каков и да е, доследно ќе го спроведуваме
6592AD90FA562A4FABD4370A5CA9902B.jpg

Трансформација на јавните локални радиодифузни претпријатија, средување на хаосот во радиодифузијата и засилен изборен мониторинг на РТВ-програмите се меѓу првите задачи на новиот состав на Советот за радиодифузија, најавува претседателот Мирче Адамчевски.

Застанувате на чело на Советот за радиодифузија во време кога со новиот Закон за радиодифузна дејност се прошируваат неговата надлежност и улогата. Кои ќе бидат првите чекори во спроведувањето на новиот закон?

Новиот Закон му дава повеќе обврски отколку права на Советот. Ако внимателно го читате, ќе ги видите сите лобисти што го подготвиле таков каков што е. Но, да не бараме однапред оправдувања. Прва работа е трансформацијата на јавните локални радиодифузни претпријатија. Не треба да споменувам колку работа не' чека со изборите. Се мобилизиравме за нив и сметам дека радиодифузерите ќе ги имаат на ум и ќе ги почитуваат законите поврзани со изборите и Одлуката за рамноправен пристап во медиумите во предизборната кампања.

* Една од главните задачи на Советот е да подготови национална стратегија за развој на радиодифузната дејност. Кои ќе бидат нејзините столбови и дали со неа ќе се расчисти хаосот во радиодифузијата?

Стратегијата е долгорочен проект во кој треба да бидат вклучени повеќе институции, невладини организации и други. Веројатно на неа ќе се навратиме посериозно наесен. За основните столбови се' уште не можам ништо да кажам. Но, ќе настојуваме да воведеме ред во „хаосот“ без да ја чекаме стратегијата.

* Сметате ли дека треба да се редефинира радиодифузниот спектар на електронски медиуми и дали Советот ќе го искористи правото да не ги продолжи дозволите за работа на дифузерите што не ги исполнуваат основните програмски и технички стандарди?

Со Законот за радиодифузија се дефинираат определени стандарди, и програмски и технички, кои мора да се почитуваат. Впрочем тие ќе бидат и првата „метла“ за расчистувањето на веќе споменатиот хаос. Што се однесува до радиодифузниот спектар, тој е одраз и на состојбите во општеството. Но, сметам дека граѓаните имаат електронски медиуми какви што сакаат. Попрецизно, ако некој медиум не го сакам, не ми се допаѓа неговата програма и слично, едноставно можам да ја променам фреквенцијата и да следам некој друг, поинтересен за мене.

* Како се подготвувате за предизборен мониторинг на РТВ-програмите?

Со одлуката за рамноправен пристап во медиумското претставување ќе се утврдат општите принципи според кои медиумите ќе треба да се однесуваат ако одлучиле да ги покриваат изборите. Укажано е на начините како се врши бесплатно и платено политичко претставување, на нивната одговорност при реализирањето на информативните емисии. Посебно упатство се подготвува за известувањето во времето на изборниот молк. Под нашето „око“ ќе бидат стотина медиуми. И сега набљудуваме одредени медиуми и некои од нив веќе се вклучиле во кампањата. Се вршат директни преноси од промоции на политички партии или се врши прикриено агитирање за нив. За сите што го прекршуваат Законот за радиодифузија, изборниот и другите закони и акти во кои се опфатени медиумите и изборите Советот ќе преземе мерки. Веќе имавме координација со делегацијата на ОБСЕ, со Агенцијата за електронски комуникации, со Антикорупциската комисија, очекуваме средба со Државната изборна комисија. Ќе имаме директни средби со радиодифузерите, каде што ќе им ги објасниме подетално содржините на одлуката и на упатството. Што од сето тоа ќе се добие, не можам да кажам, но сепак очекувам електронските медиуми да ги почитуваат законите
 
АКЦИЈА НА ДОМ

Книги, а не брашно и зејтин
Партијата за демократска обнова на Македонија ќе подарува книги во акција под мотото „Книга - рок на пријателство, неограничено“.

- Поради тешката економска состојба, за многу граѓани книгата стана луксуз и покрај тоа што е основно средство за едукација. Затоа, наместо масло за јадење и брашно, како што практикуваат другите партии, ние ќе даруваме книги - изјави претседателката Лилјана Поповска.

Младинската организација на ДОМ еднаш неделно ќе дели книги на јавни места и во училишните библиотеки. Во партијата велат дека, покрај членовите, и граѓаните почнале да донираат книги.
 
ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА СЛУЧАЈОТ „БАЧИЛО“

Фалсификати да, организиран криминал - не
Пресудите во случајот „Бачило“ се темелат на фалсификувани исправи, но досега не се откриени елементи на организиран криминал, повтори обвинителот Александар Прчевски, по обвинувањата од партиите дека тој го штити криминалот.

- Институциите треба да си ја вршат работата, а не да се користат во превирањата помеѓу власта и опозицијата во нивната борба за власт. Во македонското законодавство и во Конвенцијата од Палермо, чиј потписник е и нашата држава, е дефинирано што е организиран криминал и ние работиме според неа. Ваквите обвинувања се некоректни и неаргументирани. Партиите нека си собираат поени, но не на наша сметка - вели Прчевски
 
ЕКСПРЕСНА РЕАКЦИЈА НА НЕДОСТИГОТ ОД РАБОТНА СИЛА

Македонци се пласираа на Мундијалот
Во Агенцијата за вработување предупредуваат дека работните ангажмани преку фантомски агенции се нелегални и станува збор за работа на црно
A15CEE6B34F3624291F7D3344EB28FC2.jpg

Заработка од 15 евра за еден час на фудбалските терени во Германија на претстојното Светско фудбалско првенство ветуваат фантомски агенции од земјава. Тие веќе објавија огласи во медиумите откако Германија пред неколку дена соопшти дека се' уште има 20.000 слободни работни места за време на Мундијалот, кои не може да ги пополни со домашна работна сила. Интересот кај граѓаните е огромен, а побарувачката од посредувачите ограничена.

Тие бараат момчиња и девојки за работа на стадионите. Момчиња се бараат за косење трева, местење реклами, собирање отпадоци, чистење тоалети и оцртување на белите линии на терените. Девојките ќе се ангажираат за продажба на пиво со рекламна табла на вратот, продажба на грицки и други пијалаци.

- Целата работа оди преку странска фирма. Лицата ќе одат групно и немаат никакви давачки, а таму се е обезбедено. Сега имаме потреба од 60 луѓе за работа за првенството, кои ќе бидат ангажирани три месеци - велат во една агенција.

Оттаму изјавуваат дека условите се ригорозни. Се бараат млади и симпатични девојки и момчиња, кои можат да го издржат напорното темпо на работа. Сите мора да поминат на интервју, на кое детално ќе се објаснат условите за работа и начинот како да се отиде во Германија.

F72BBAB0DBAA6F4B9236D81959C57EBF.jpg

Младите во Скопје се импресионирани од оваа можност. Велат дека ова е многу добар начин за да ја почувствуваат мундијалската треска и солидно да заработат.

- Секако летово немам што да правам, а немам ни пари да одам на одмор. Сон на секој љубител на фудбалот е да присуствува на ваков настан. Парите што се нудат за еден месец работа тука не би можел да ги заработам со години - вели Ч.П., кој е заинтересиран да оди на работа во Германија.

Со минимална работа од шест часа дневно, за еден месец според најавите од агенциите, тој може да заработи 1.000 евра.

Во Агенцијата за вработување предупредуваат дека работните ангажмани преку фантомски агенции се нелегални и станува збор за работа на црно. Во вакви случаи никој не одговара ако нешто им се случи на работниците додека престојуваат и работат во друга држава. До работна виза по легален пат многу тешко се доаѓа.

- Македонија се' уште нема склучено билатерални договори за соработка и заштита на нашите работници во странство. Агенцијата не смее да посредува, ниту да носи невработени на работа во друга држава - вели директорката на Агенцијата, Јасминка Делчева-Диздаревиќ.
 
КОАЛИЦИСКИ ПРЕГОВОРИ ВО ОПОЗИЦИЈАТА

Сега Ѓорчев сака, ВМРО-ДПМНЕ се двоуми
Не можеме да си дозволиме нестабилен коалициски однос, бидејќи нашиот проект за преродба може да го реализира само стабилна влада - велат високи извори во ВМРО-ДПМНЕ
Земјоделската народна партија на Марјан Ѓорчев повторно се премислила и сега сака коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, но овој пат резервирани се во партијата на Никола Груевски, дознава „Дневник“. Причина за тоа биле честите премислувања на Ѓорчев.

- Немаше никакви проблеми со Ѓорчев, се' беше договорено. Потоа, одеднаш во ЗНП се премислија, а ние за тоа дознавме од медиумите. Сега добиваме сигнали дека повторно сакаат коалиција. Ова се симптоми на нестабилен коалициски однос, а ние не смееме да си дозволиме да имаме партнери што не се сосема на чисто дека сакаат да учествуваат во нашиот проект за преродба, кој ќе може да го реализира само стабилна влада - велат високи извори во ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, ниту најголемите незадоволници од ваквиот однос на Ѓорчев не тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од коалиција со ЗНП. Шансите за коалиција се педесет-педесет, а конечната одлука ќе ја донесе лидерот Груевски во консултација со членовите на Извршниот комитет.

Во ВМРО-ДПМНЕ ги сметаат за завршена работа коалициските договори со Павле Трајанов и со Стојан Андов. Велат дека при крај се преговорите и со помалите партии. Во опозицијата тврдат дека Лилјана Поповска ќе го чека евентуалниот неуспех на преговорите помеѓу Груевски и Ѓорчев, па да добие евентуално поповолна понуда. Проблем може да бидат и антагонизмот помеѓу ЛП и ДОМ, кој особено се засили откако дел од членството на либералите премина во новата партија на Поповска.

Во ВМРО-ДПМНЕ ги негираат овие информации:

- Понудата за коалиција до ДОМ е отворена и не зависи од преговорите со другите партии. Само од нив зависи дали ќе ја прифатат или не соработката што им ја понудивме.

Одолжените коалициски преговори, како и силните внатрепартиски лобирања, секојдневно ја одлагаат седницата на ИК на која треба да се утврдат листите што ќе му бидат предложени на Централниот комитет. Во партијата не ја исклучуваат варијантата седницата на ЦК да биде закажана за вторник, па листите да се усвојат буквално во „пет до дванаесет“ бидејќи рокот истекува на полноќ помеѓу вторник и среда.
 
СТРУМИЦА

Опозицијата обвини за 1.500 фантомски гласачи
Околу 1.500 граѓани на избирачките списоци во Општината Струмица се починати, на работа во странство или се фантомски гласачи, обвини ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица.

- По увидот што го направивме во избирачкиот список, утврдивме дека од 47.047 гласачи на 77 избирачки места, 930 се наоѓаат во странство, но не се обележани со ѕвездичка. Починати, а неизбришани од избирачкиот список се 88 лица, меѓу кои има такви што не се живи веќе дваесет години - вели секретарот на разгранокот на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Благој Чурлинов.

Според него 160 лица се регистрирани како гласачи во едно избирачко место, но не живеат во регионот на истото место, а 185 се фантомски гласачи, кои само се запишани во избирачкиот список без адреса на живеење.
 
ЛДП обвинува за отпуштање, ВМРО-НП за превработување

Политичкиот реваншизам и партиските чистки што во „Нискоградба“ - Битола ги врши директорот Никола Јовановски, кадар на ВМРО-НП, скапо ќе го чинат комуналното претпријатие, обвинува разгранокот на ЛДП, од чии редови беше Ѓорѓи Јовановски, претходниот директор. Нивната портпаролка, Илинка Ристевска, рече дека судот донесол одлука на работа да се вратат тројцата нивни членови што директорот Јовановски ги испуштил како технолошки вишок.

- Во „Нискоградба“ се направи политичка чистка. Неколку месеци по отпуштањата Основниот суд сите ги врати на работа и ја задолжи „Никсоградба“ за надоместоци за неисплатени плати и камати да плати околу еден милион денари - тврди Ристевска.

Директорот Јовановски негира дека испуштал по партиска линија.

- Тројцата беа вработени на дупли работни места, отворени без економска оправданост. Беа прогласени за технолошки вишок според сите законски одредби. Со тоа што сега судот ги враќа назад се докажува каква е симбиозата помеѓу политичката олигархија и судот - вели Јовановски.

Тој посочува дека во периодот додека претпријатието го водел неговиот претходник, Горѓи Јовановски, вработил дури 35 членови на ЛДП, кои професионално не биле соодветни за работните места што ги добиле.
 
ПРОЕКТ „АЛТЕРНАТИВА“

Веби Велија ги загрози правата на новинарите
Здружението за заштита на новинарите вчера побара претседателот на компанијата „Ве-ве груп“ Веби Велија да ги исполни обврските кон уредниците и новинарите ангажирани во редакцијата на весникот „Алтернатива“, која беше распуштена на 7 април годинава.

Здружението тврди дека Велија сериозно ги загрозил правата на новинарите што ги ангажирал за издавањето на весникот.

- Веби Велија во март годинава ангажира голем број новинари од други редакции, нудејќи им подобри материјални услови, а некои од нив потпишаа договори. Сите тие станаа жртви на непримерниот однос на Веби Велија - се вели во соопштението на Здружението.

Станува збор за грубо нарушување на односите работодавец - работопримач, особено во случајот на ангажирањето на уредувачкиот кадар, утврди Здружението, кое бара материјална отштета за сите анагажирани во весникот
 
ЗА ИЗБОРНАТА КАМПАЊА

ЗА ИЗБОРНАТА КАМПАЊА
Џејсон Мико советник на Груевски
Американскиот аналитичар Џејсон Мико ќе му биде постојан советник на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за претстојната изборна кампања, дознаваме од извори во партијата. Тој наскоро треба да биде и официјално назначен на новата функција, а ќе го советува Груевски за политички прашања.

Мико му беше надворешен советник на поранешниот претседател Борис Трајковски. Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека планираат да ја продолжат соработката со него и по изборите како лобист за Македонија.

За претстојните избори партијата веќе ангажира неколкумина странски консултанти. Освен од германската ЦДУ, со која ВМРО-ДПМНЕ има традиционално добра соработка, партијата користеше совети за односите со јавноста и од експерти на американската Републиканска партија. Се најавува дека до почетокот на кампањата ќе дојдат и двајца претставници од австралиската Конзервативна партија, кои ќе му помагаат на ВМРО-ДПМНЕ поефикасно да ја претстави изборната програма пред граѓаните
 
ВМРО-ДПМНЕ ПОРАЧУВА

Бучковски да не ги манипулира пензионерите
Ветувањата на премиерот Владо Бучковски за зголемување на пензиите од 10 отсто се нереални и иронични, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ. Тие велат дека фактот што зголемувањето на пензиите Бучковски го врзал со пораст на економијата од 6 отсто самиот за себе зборува дека ветувањето нема да се реализира зашто под негово водство македонската економија имаше пораст од 3 отсто.

- Го повикуваме Бучковски да не манипулира со пензионерите. Треба ли да потсетуваме дека неговата партија не сакаше да им ги врати 10-те отсто што им ги украде на пензионерите, ниту кога за тоа имаше одлука од Уставниот суд. Владата на СДСМ во 2003 година го смени законското решение според кое пензиите растеа сразмерно со порастот на трошоците за живот. Од промената на Законот до денес пензиите пораснаа за 2 отсто, а ако не го направеа тоа, ќе имаше зголемување за 5 отсто. Затоа, во декември лани односот помеѓу просечната пензија и просечната плата беше 56,8 отсто, што е на најниско ниво од осамостојувањето на Македонија - рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славевски.

Тој одговори и на обвинувањата на ЛДП дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е плагијат на нивната.

- Разбравме дека и ЛДП планирала даночно намалување, но само на данокот на добивка. Тоа значи дека тие нема да го оданочуваат капиталот, а ќе го оданочуваат трудот. Нашиот концепт е сосема поинаков. Ние предвидуваме намалување и изедначување на персоналниот данок, заедно со намалувањето на данокот на добивка и тоа е иновативна идеја во македонски рамки. Но, има ли потреба да коментирам даночна стратегија на партија што повеќе се разбира во провизии отколку во даноци - праша Славевски.
 
партиска пресметка

Работниците од „Водостопанство“ со закани кон СДСМ
Поранешни вработени во „Водостопанство“ во Битола вчера се заканија дека ќе го запалат локалниот штаб на СДСМ бидејќи раководството на партијата не се ангажирало доволно за да се реши судбината на нивното претпријатие. Нивниот револт кулминира откако вчера не ги прими на средба секретарот на општинската организација на СДСМ во Битола, Тони Петковски.

- Иако со Петковски бевме договорени да се сретнеме, кога се појавивме таму сите членови се скрија - изјави Ружица Нумановиќ, поранешна работничка во „Водостопанство“.

Пред да се појават во штабот на СДСМ, работниците протестираа пред управната зграда на фирмата, но не успеаја да се сретнат со ликвидаторот Живко Јосифовски, од кого бараат да им ги исплати деветте заостанати плати.

- Додека ние бараме од СДСМ да го тргнат од нашата фирма, него го штити цела политичка гарнитура. Ја има ангажирано агенцијата за обезбедување „Карпатија“, која ја води сестрата на битолскиот пратеник Борче Петковски - обвини Нумановиќ.

Работниците се заканија дека нема да излезат на гласање на претстојните парламентарни избори.

Портпаролот на општинската организација на СДСМ, Игор Петковски, вчера демантира каква било партиска поврзаност со обезбедувањето на ликвидаторот Јосифовски.

- И за нас како партија и за битолчани е важно претпријатието повторно да работи. Можеме преку нашите членови во Владата и во Собранието да се заложиме за заштита на правата на работниците, но не и да бараме смена на ликвидаторот бидејќи тоа е мешање во работата на Владата и на судот - рече тој.

„Водостопанство“ во Битола отиде во стечај во јануари годинава, а на улица останаа околу 180 работници.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom